Ричард Докинс: Зошто се залагам за наука

March 4, 2023
1 min read

Владата на Џасинда Ардерн ја имплементираше блесавата образовна реформа на министерот за образование Крис Хипкинс пред тој да стане премиер на Нов Зеланд. По неа, маорските „начини на знаење“ (Mātauranga Māori) добиваат ист статус со „западната“ наука. 

Ова адолесцентско покажување доблесност запрепасти некои од зрелите научици; седуммина од нив напишаа отворено протестно писмо. Еден од нив и со маорско потекло, но сите вчудоневидени од тоа што науката се сведува на „западна европска инвенција“ која речиси била наметната со колонизацијата.

„Можеби најнепријатниот аспект на оваа жална афера е климата на страв. Ние кои немаме кариера за губење треба да зборуваме во одбрана на оние кои имаат. Величествените седуммина (оние што го потпишаа писмото – н.з.) се означени како еретици од една настрана нова религија, во еден лов на вештерки што потсетува на лажните обвинувања против Ј.К. Роулинг и Кетлин Сток“, пишува Ричард Докинс.

Професорот Кендал Клементс бил отстранет од предавање еволуција на Универзитетот во Окленд, откако факултетскиот комитет го напишал следново мислење: „Ние сметаме дека Клементс не треба да им биде предавач на студентите… Ова не е безбедно за нив…“

„Не е безбедно? Кои се овие згрчени мали кукавици чија „безбедност“ бара заштита од слободата на говорот? За што побогу мислат дека постои универзитетот?“, се чуди Докинс.

Вели дека треба доста труд за да се разберат владините насоки бидејќи секој трет збор од релевантните документи е напишан на маорски, јазик кој го зборуваат 2% од општата популација на Нов Зеланд и само 5% од самите Маори. Но и самото тоа, покажува една желба за демонстрирање едно праведничко срамење од новиот модерен пра-грев, гревот да се биде бел.

Инаку, „Mātauranga Māori“ содржат знаења за тоа кои печурки можат да се јадат или како да се нагивира со помош на ѕвездите. Така што учениците кои ќе учат за чудата на ДНК, истовремено ќе бидат збунувани со старите домородни „знаења“ дека сиот живот пулсира со витална сила дадена од Мајката Земја и Таткото Небо. 

„Самата фраза „западна“ наука подразбира дека еволуцијата и космологијата се само митови на „белиот човек“ и наративи чија доминантност се темели исклучиво на поседување поголема политичка моќ. Ова е погубна глупост. Науката му припаѓа на целото човештво. Таа е најдобрата шанса на човештвото за откривање на вистините за реалниот свет“, пишува прочуениот еволуционист.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција

Следно

Освен за лебот, директорот на пазарниот инспекторат најавува замрзнување на цени и на други производи

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop