Русија тврди дека нападот во регионот Бријанск бил извршен со оружје на НАТО

March 4, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за надворешни работи тврди дека украинските саботери кои го нападнале регионот Бријанск на 2 март, користеле оружје на НАТО, пренесува Анадолу.

„Украинските власти континуирано признаваа дека сите нивни дејствија се извршени со одобрение и поддршка на САД и другите земји членки на НАТО“, соопшти Министерствоот. „Убиствата во регионот Бријанск се извршени со оружје на НАТО. Во овој поглед се поставува природно прашањето за квалификацијата на овие држави како соучесници во такви злосторства и спонзори на тероризмот.“

Во соопштението се додава дека од инцидентот се извлечени релевантни заклучоци, дека покрената е истрага и дека „злосторството нема да остане неказнето“.

Украинските трупи во четвртокот извршија напад во руската област Бријанск. Еден жител загина, а 10-годишно дете е повредено.

Рускиот претседател Владимир Путин нападот го нарече „терористички“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Следно

Приведени две лица во Центар поради дрога

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop