Анчелоти: Бевме добри, но ни недостасуваше ефикасност

March 3, 2023
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, оцени дека Барселона незаслужено го совлада неговиот тим на вчерашниот прв полуфинален натпревар во рамки на шпанскиот куп, во кој гостите од Каталонија триумфираа (1-0) со автоголот на Милитао.

Анчелоти рече дека Реал одиграл добар натпревар, но неговите играчи потфрлиле во ефикасноста.

„Ранети сме, но сигурен сум дека со ваква игра ќе се пласираме понатаму. Мислам дека тие (Барселона) не ја заслужија победата. Беше изненадување да се гледа Барселова во вакво дефанзивно издание, но тие научија добро да се бранат, и во тој аспект беа навистина добри“, изјави Анчелоти.

Реваншот во Барселона е на 5 април, а ден претходно се игра реваншот и на вториот полуфинален натпревар меѓу Атлетик – Билбао и Осасуна. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државен пазарен инспекторат: За два дена проверени над 460 економски субјекти, цената на белиот леб е од 25 до 33 денари

Следно

Над 2 милиони жени во Велика Британија се платени под задолжителната минимална саатница

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop