Белоруските власти го осудија на 10 години затвор добитникот на Нобелова награда за мир

March 3, 2023
1 min read

Власта на Лукашенко го прогонува со оправдување дека шверцувал пари во готовина и потоа со истите финансирал активности на опозицијата, односно антивладини демонстрации

Алеш Бељачки / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Судот во Белорусија го осуди на 10 години затвор Алеш Бељацки, добитникот на Нобелова награда за мир. На Бељацки му се закануваа максимални 12 години затвор, а според Центарот за човекови права „Весна“ белорускиот режим го осудил за шверц и финансирање активности кои грубо го кршеле јавниот ред и мир.

Неговите поддржувачи ја осудија ваквата одлуката на судот велејќи дека авторитарниот режим на белорускиот претседател Александар Лукашенко се обидува на ваков начин да го замолчи.

Пресудата следува по исклучително краток судски процес кој започна на 5 јануари годинава.

Бељацки беше уапсен на антивладини протести во 2021 година, а лани заедно со активисти од Русија и Украина ја добија Нобеловата награда за мир.

Власта на Лукашенко го прогонува со оправдување дека шверцувал пари во готовина и потоа со истите финансирал активности на опозицијата односно антивладини демонстрации.

При доделувањето на Нобеловата награда за мир, од норвешкиот Нобелов комитет порачаа дека белоруските власти постојано се обидуваат да го замолчат Бељацки, но тој и покрај огромните тешкотии не отстапува ни педа во неговата борба за човекови права и демократија во Белорусија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрага против осомничен дилер на марихуана од Скопје

Следно

ФАО: Глобалните цени на прехранбените производи намалени и во февруари, 11-ти месец по ред

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop