Како човек на Фајзер го притискал Твитер да сузбива непријатни вести

January 10, 2023
1 min read

На 27 август 2021 година, доктор Скот Готлиб – директор на Фајзер со над 550.000 следбеници на Твитер – здогледува твит што не му се бендисува, твит што може да ја наруши продажбата на МРНК вакцините на Фајзер.

Твитот точно објаснува дека природниот имунитет по инфекцијата со ковид е супериорен во однос на заштитата од вакцини, ги повикува властите да ја следат науката и да ги ослободи луѓето со природен имунитет од претстојните задолжителности за вакцинирање.

Твитот не доаѓа од некој анти-ваксер туку од доктор Bрет Жироа, лекар кој накратко го наследува Готлиб како прв човек на Агенцијата за храна и лекови. Самиот твит и ги охрабрува луѓето кои немаат природен имунитет да се вакцинираат. 

Не менува тоа ништо. Продажбата на вакцини е во прашање.

Не само што е екс директор на Агенцијата и редовен експерт на НБЦ, Готлиб е висок член на одборот на Фајзер, компании на која над половина од профитот од 81 милијарда долари во 2021 ѝ дојде од вакцините. Истата година, за ангажман во одборот, Фајзер го плаќа Готлиб 365.000 долари.

Тој веднаш по меил го контактира Тод О Бојл од Твитер, човек кој бил „офицер за врска“ со Белата куќа. Му пишува дека твитот е „корозивен“ и дека „може да заврши вирално и да предизвика лавина од медиумски стории“.

А тоа не е добро за продажбата на вакцините на Фајзер.

Иако надлежниот сектор на Твитер не нашол прекршување на правилата за дезинформации, твитот на Жироа сепак бил обележан како “misleading”, односно заведувачки.

И така тоа сознание не стана вирално, не предизвика лавина од медиумски стории и не се слушна широко дека на оние со природен имунитет не им е потребна вакцина па таа остана задолжителна за сите.

А тоа веќе е добро за продажбата на вакцините.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По близу 15 години од отворањето на лекторатот во Риека, се отвораат нови лекторати по македонски јазик во Анкара и Пекинг

Следно

Скопјанец со остар предмет избодел 18-годишник

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop