Емотивна средба на преживеан од земјотресот во Туркије со кучето кое го спаси, и покрај неговата фобија

March 2, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Емотивни моменти се случија кога 46-годишен маж, кој три дена беше заробен под урнатините од земјотресот, повторно се сретна со својот спасувач – кучето кое го забележа под бетонските блокови на урната зграда во јужна Туркије и го спаси човекот кој инаку има фобија од кучиња.

Мехмет Чабук беше заробен под урнатините на станбената зграда во Кахраманмараш во која работел како портир кога двата силни земјотреси ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Кучето спасувач Чакил го забележало Мехмет Чабук за време на операциите на тимовите за пребарување и спасување.

Тој беше извлечен од урнатините откако тимовите на Агенцијата за управување со катастрофи, противпожарните бригади и полицијата работеа 12 часа за негово спасување.

По неговото лекување во болница, Чабук сакаше да се сретне со кучето Чакил.

Тимовите ја исполнија неговата желба, а Чабук и Чакил се сретнаа пред урнатините на зградата каде што беше спасен.

Портирот, кој инаку има фобија од кучиња, заборави на неа и го прегрна Чакил.

„Ти си мојот пријател, ова е кучето што ме спаси. Ти си моето момче.“

Во изјава за Анадолу, Чабук рече дека кога се разбудил за време на земјотресот во неговиот стан на приземјето, прво помислил дека во станот влегол крадец. Подоцна сфатил дека има земјотрес кога видел дека скалите во зградата се уништени.

„Извикав: ‘Има ли некој да ме спаси.’ Првиот ден некој рече ‘Ќе те спасиме’ и си замина. Вториот ден спиев малку, погледнав во саатот, повторно беше утро. Повторно викнав да видам дали има некој да ме спаси, никој не се одзва“, рече тој.

Во раните утрински часови на третиот ден под урнатините, тој повторно побарал помош и прво го слушнал гласот на Чакил.

Подоцна го чул гласот на спасувач:

„Еден човек рече: ‘Ако ме слушаш, удри трипати во бетонот’, имав тесла со мене. Удрив трипати. Потоа го слушнав нивниот глас. ‘Дали сте добро?’, ме прашаа: ‘Да, добро сум’, реков. Кучето сè уште лаеше“, раскажа тој и продолжи:

„Направија мала дупка во 8 часот утрото, а ме спасија во 20:30 часот навечер. Потоа ме однесоа во болница.“

Чабук се вратил на местото по еден ден откако бил спасен за да го види Чакил.

„Кучето веднаш ме препозна. Се прегрнавме. Да не беше кучето, немаше да можат да ме најдат“, рече тој.

Откако е извлечен од урнатините, Чабук рече дека го победил стравот од кучиња.

„Го сакам Чакил. Претходно се плашев од кучиња, никогаш не можев да се доближам (до ниедно куче). Го надминав стравот, фала Богу, повеќе не се плашам од кучиња“, рече тој.

Ергин Јилмаз, тренер на кучиња во Пожарникарската служба во Анкара, рече дека не може да го заборави спасувањето на Чабук и неговата повторна средба со Чакил.

„Кога (го видовме) Чабук како го гушка нашето куче и му се заблагодарува, рековме ‘ова е тоа’. Во тој момент почувствувавме дека го добивме она за што работиме. Не можам да ги опишам емоциите и возбудата во тој момент“, додаде тој.

На 6 февруари, два силни земјотреси – со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени – ја погодија јужна Туркије.

Разорните потреси, со епицентар во турската област Кахраманмараш, потресоа уште 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Во земјотресите во Туркије животот го загубија над 45.000 луѓе, погодени беа околу 13,5 милиони луѓе, а илјадници згради се срушија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДПИ со важно соопштение до јавноста откако беше замрзната цената на лебот

Следно

Германија: Почина тинејџерот кој беше застрелан од неговиот 81-годишен сосед на пат кон училиште

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop