Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

January 4, 2023
1 min read

Погребната церемонија, како што соопшти Ватикан, „ќе биде свечена, но трезвена“. Таа ќе се одржи в четврток во 9:30 часот изутрина на плоштадот Свети Петар

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) најави дека нејзина делегација ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти кој ќе се одржи утре на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во изјава за МИА, од МПЦ-ОА велат дека делегацијата што ќе присуствува на погребот е во состав на митрополитот тетовско-гостиварски, епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Погребната церемонија, како што соопшти Ватикан, „ќе биде свечена, но трезвена“. Таа ќе се одржи в четврток во 9:30 часот изутрина на плоштадот Свети Петар.

Иако претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, Асошиејтед прес (АП) претходно деновиве објави дека бројот на делегации и верници присутни на погребот нема да биде ни приближен до оној од 8 април 2005 година, кога беше погребан папата Јован Павле Втори.

Погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти, сепак, ќе остане запишан во историјата на црквата, но и на светот, како досега уникатен настан бидејќи еден папа (папата Франциск) ќе ги води мисата и погребот на друг папа, односно неговиот претходник.

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина на последниот ден од 2022 година на 95-годишна возраст.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вести од маргините на 2022

Следно

Постапката за рекламација кај поштенски оператор не ја знаат 77 проценти од корисниците

Latest from Blog

Проданоски најавува: Прилеп повторно во центарот на европските карневали

Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања, најави градоначалникот Дејан Проданоски. Од 20 до 23 февруари, градот ќе го одбележи јубилејот од 25 години организиран прилепски карневал и 100

Коњановски: Испратена техничка и човечка помош за справување со поплавите во Кичево

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални

Навални, еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почина на 16 февруари 2024 година во казнена колонија во Арктичка Русија. Неговиот тим, кој работи во егзил, соопшти дека се планирани

Вечерва нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек

ВЛЕН бара ДУИ да иницира екстрадиција на Артaн Груби за да докаже дека вистински се бори против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН реагира на најавата на ДУИ за формирање на, како што го нарекуваат, „локален СПАК“ во Чаир, оценувајќи дека станува збор за политички маркетинг наместо за вистинска борба против корупцијата. Од
Go toTop