Нема плата и здравствено за вработените во зоолошката како честитка за 1 Мај

May 1, 2025
1 min read

На Меѓународниот ден на трудот, вработените во градските јавни установи се соочуваат со понижувачка реалност: немаат ниту плата, ниту здравствено осигурување.

„Утре е Први мај – Денот на трудот, а ние вработените во Зоолошката градина немаме земено плата за март, а од утре остануваме и без здравствено осигурување,“ напиша на социјалните мрежи Тина Мицковска, вработена во скопската Зоолошка градина.

Невидениот административен ќор-сокак во кој се најдоа локалните установи е последица на судир меѓу насоките од Министерството за култура и ставот на Град Скопје. Имено, Министерството побарало нови пресметки за плати што не се во согласност со важечките колективни договори. Националните установи ги прифатиле овие насоки и веќе исплатиле плати, но локалните – кои се под ингеренција на Градот – се заглавени во процедура.

Според извори упатени во процесот, Градот не ги прифаќа решенијата од Министерството од страв дека евентуалните тужби од вработените би ја чинеле градската администрација директно. „Никој не сака да си го стави потписот на нешто што може утре да заврши на суд,“ вели извор кој сакаше да остане анонимен.

Додека институциите си ја префрлаат одговорноста, вработените остануваат без елементарна економска и здравствена сигурност. Според проценки на административци, дури и доколку веднаш се најде решение, исплатата на мартовската плата нема да стигне пред 5 мај.

Фактот што оваа состојба кулминира токму на 1 мај – симбол на работничката борба – претставува дополнителна иронија за оние што секојдневно ја држат во функција инфраструктурата на градот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести

Следно

Со претставата „8%?“ во Тирана заврши „Неделата на македонската култура“

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop