Вучиќ: Србија од ЕУ доби неповратни 600 милиони евра за изградба на брзата пруга Белград-Ниш

February 28, 2023
2 mins read

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека Србија добила подарок од 600 милиони евра за изградба на дел од брзата пруга Белград-Ниш и додаде дека по таа пруга ќе се стасува за само 100 минути.

Како што пренесува РТС, станува збор за договор за првата транша од инвестицискиот грант за изградба на брзата пруга Белград – Ниш, за вкупно 598 милиони евра, а во рамки на финансискиот пакет за железничкиот Коридор 10, кој денеска симболично беше потпишан на возот меѓу Прокоп и Ресник, на делницата на идната брза пруга.

Договорот го потпишаа шефот на регионалното претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Западен Балкан, Алесандро Брагонзи и српскиот министер за градежништво, Горан Весиќ, во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Вучиќ се заблагодари на Европската Унија и посочи дека 600 милиони евра е најголемиот бесповратен износ што го добила Србија. Договорот се однесува на изградба на делницата Сталаќ – Ѓунис, долга 17,7 километри, на третата етапа од идната брза пруга, која ќе биде прва што ќе се гради, бидејќи идејното решение за таа делница е веќе завршено и одобрено, пренесува Бета.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји се заблагодари за гостопримството. – Мило ми е што повторно сум во Србија. Се чини дека Европа испорачува резултати. Патувавме со воз заедно со претседателот и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. Сакавме да го одбележиме развојот на проектот Белград-Ниш, кој ќе биде финансиран заедно со ЕИБ во износ од четири милијарди евра, а ЕУ дава 600 милиони евра бесповратна помош, рече Вархеји.

Според него ова е проект што може да ја промени реалноста за граѓаните на Србија и за граѓаните на целиот регион. – Овој воз треба да донесе нови работни места, инвестиции на југот на Србија. Овој воз не само што треба да создаде многу поширока трговска рута, туку и да обезбеди можност граѓаните на Србија многу побрзо да стигнат до главниот град. Тоа значи и дека ние придонесуваме за економско забрзување на малите производители. Последен пат кога бев овде потпишавме договор за енергија. Денеска овде имаме сообраќај кој почнува да се развива со полна брзина, истакна Вархеји.

Претседателот на Србија потенцираше дека ова е еден од најголемите проекти досега, и тоа не само инфраструктурни.

Тој посочи дека Ниш со оваа брза пруга ќе биде поврзан со Белград, но и со Истанбул, Солун и Атина. – Ниш ќе биде на час и 40 минути од Белград, а сега со автомобил се потребни два и пол часа, а со воз шест часа, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија има голем пријател во Оливер Вархеји и му се заблагодари за се што направил за Србија.

Брзата пруга Белград-Ниш ќе биде долга 230 километри, а работите се очекува да завршат во 2029 година. Ќе се гради во три етапи, Белград – Велика Плана, Велика Плана – Параќин и Параќин – Ниш.

ЕУ ќе обезбеди финансиски пакет од 2,2 милијарди евра. ЕИБ ќе осигура 1,1 милијарда евра, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 550 милиони евра, донацијата од ЕУ е 598 милиони евра, (сега одобрени 265 милиони).

На брзата пруга Белград – Ниш се очекуваат 2,3 милиони патници годишно. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Неизбраниот премиер во експозето најави поинаква дебата, а тука седи незаинтересирано, чита книга и слуша музика како во некој тропски бар

Следно

Ескобар: Американските санкции не се замена за домашните обвинителства

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека
Go toTop