Руски претставник во ОН: Подготвени сме за директни преговори со Украина

April 30, 2025
1 min read

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија, „и покрај проблемот со легитимитетот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е подготвена за директни преговори со Украина.

Тој додаде дека привремен прекин на огнот од 8 до 10 мај може да биде првиот чекор кон воспоставување дијалог меѓу двете земји.

– Се надеваме дека украинската страна ќе го следи нашиот пример. Таков потег може да биде вовед во директни мировни преговори меѓу Русија и Украина, без никакви предуслови, за што сме подготвени, и покрај прашањето за легитимноста на шефот на режимот во Киев, изјави Небензја.

.Рубио претходно изјави дека е време за конкретни предлози од Русија и од Украина за прекин на војната и дека доколку нема напредок во оваа насока, САД ќе се повлечат како посредник, јавија американските медиуми повикувајќи се на изјава на портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус.

„Дојде време двете страни да презентираат конкретни предлози за тоа како да се стави крај на овој конфликт. Како ќе продолжиме оттука е одлука што сега му припаѓа на претседателот (на САД, Доналд Трамп). Доколку нема напредок, ние ќе се повлечеме како посредник во овој процес“, рече Брус, цитирајќи ја изјавата на Рубио.

Путин вчера прогласи еднострано тридневно примирје од 8 до 10 мај, што ќе се совпадне со годишната Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва, по повод крајот на Втората светска војна, што се одржува во Русија на 9 мај.  Киев побара наместо тродневно да биде триесетдневно примирје.

Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера го отфрли предлогот на Киев.  – Москва ја виде понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво треба да се разјаснат голем број прашања, рече Песков. 

-Без одговори на тие прашања, тешко е да се склучи долгорочно примирје, рече Песков, додавајќи дека тоа е ставот на Путин.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во работата на Основниот суд во Гостивар

Следно

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја стресе Грција

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop