Градежни активности во Ѓорче Петров: Се работи на улицата „Христо Батанџиев“

February 28, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека се реконструира улицата „Христо Батанџиев“.

– Во текот на предизборната кампања ги посетив граѓаните во централното подрачје на нашата општина, односно на ул. Христо Батанџиев, кои што со децении наназад имаа голем проблем со пристапната улица којашто се користи за пристап до нивните згради, односно домови. Тогаш ветив дека оваа уличка ќе биде една од приоритетните проекти кои што лично ќе се заложам да ги реализирам, поради тоа што улицата се наоѓа во срцето на Ѓорче Петров и не е во ред граѓаните кои живеат во овие згради се уште да газат во кал, информира Стојкоски.

Во моментов веќе се работи на крак на улицата Христо Батанџиев којашто е долг 70 метри и широк 6 метри, и истиот ќе биде тампониран и нареден со бекатон плочки во најбрз можен рок.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Следно

„Книжевни рефлексии“: Прва дебата денеска во Институтот за македонска литература

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп го добива својот прв меѓународен фолклорен фестивал

Со богата фолклорна програма и учество на ансамбли од повеќе држави, Прилеп го најавува првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, кој има амбиција да стане нова препознатлива туристичка и културна содржина на

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ: „Нашата водилка е Евангелието“

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) реагира на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Реакцијата на Синодот доаѓа

Евакуација во Германија поради сомнителен експлозивен пакет на железничка станица

Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева
Go toTop