Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во владата ќе ги шутнат

February 27, 2023
1 min read

Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица Македонија по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два примери се еклатантен пример на корупција и криминал.

-Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Грби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса.

Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.

-Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУ, потенцираше тој.

Ова е коалиција за спас на Артан Груби. За да има вистинска борба со криминалот на институциите, потреба е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател се извини поради доцнењето на помошта по земјотресот

Следно

Во Битола отворена „Куќа на Европа“ за младите

Latest from Blog

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против Украина

Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации. „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“

(ВИДЕО) Тоневски: Инвестираме во подобри услови за спорт во Пробиштип

Општина Пробиштип и Центарот за развој на Источниот плански регион потпишаа договор за реконструкција на ракометното игралиште во градот. Според првичните информации, проектот предвидува целосно обновување на постојниот спортски терен, кој треба
Go toTop