Руски извидувачки авион оштетен во саботажа на опозицијата во Белорусија

February 27, 2023
1 min read

Горда сум на сите Белоруси што продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина, напиша лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска

Руски воен авион за набљудување А-50 бил оштетен во напад со дрон на аеродромот „Мачулиши“ во близина на белоруската престолнина Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска рече дека е горда на нив, пренесува „Киев индипендент“.

„Горда сум на сите Белоруси што продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина“,

напиша Тихановска.

Шефот на белоруската антивладина организација БИПОЛ, Александар Азаров, на Телеграм и на полскиот канал за вести „Белсат“ напиша дека станувало збор за беспилотни летала и оти учесниците во операцијата биле Белоруси.

„Тоа беа беспилотни летала. Учесниците во операцијата се Белоруси. Тие се сега безбедни, надвор од земјата“,

изјави Азаров.

Советникот на белорускиот опозициски лидер Свјетлана Тихановска во објава на Твитер рече дека ова е најуспешниот чин на саботажа од почетокот на 2022 година.

Предните и централните делови на авионот, како и радарската антена, се оштетени како резултат на две експлозии во нападот на воздухопловната база во близина на Минск. Рускиот авион „бериев А-50“ е наменет за воздушно рано предупредување и има можност за следење до 60 цели истовремено.

Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, имаше неколку саботажи во Белорусија и во руските региони кои граничат со Украина, особено на железничкиот систем.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не учествуваше директно во руската војна против Украина, но им дозволи на руските сили да ја користат територијата на почетокот на инвазијата пред една година. Во Белорусија се распоредени одреден број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени казни за 194 возачи во општина Ѓорче Петров и Сарај

Следно

Републиканците во САД бараат лојалност од членовите кои учествуваат во изборните дебати

Latest from Blog

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите

Изрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко

На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел

Смит, пратеник од Вашингтон и врвен демократ во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, откри дека гласал за намалување на американската воена помош за Израел. Како причина, тој ги наведе насилството

Скопје доби биста на Махатма Ганди: Кој бил човекот што ја предизвика империјата без оружје?

Скопје доби биста на Махатма Ганди, подарок од Индија и нов симбол на пријателството меѓу двете земји. Спомен-бистата беше откриена во Музејот на Град Скопје од претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму,
Go toTop