Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

March 16, 2025
1 min read

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 карти биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.

Министерот Тошковски попладнево изјави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени.

Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија денес плаче, но правдата ќе биде задоволена. Ќе има одговорност за секој кој е вмешан во оваа трагедија“, порача Тошковски.

Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хотелите во Скопје обезбедија бесплатно сместување за семејствата на загинатите и повредените

Следно

Претседателот Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop