По земјотресот во областа Нигде: „Службите се на теренот, нема пријави за тешки последици“

February 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на Република Туркије, Фуат Октај, соопшти дека надлежните служби се на теренот и дека досега нема пријави за потешки последици од денешниот земјотрес кој ја потресе турската област Нигде, известува Анадолу.

„Нашите екипи се на терен, продолжува работата за проценка на штетата. Во моментов нема негативни ситуации. Господ нека ја чува нашата земја и нашиот народ од сите несреќи“, наведе Октај во објавите на социјалните мрежи.

Нов земјотрес со интензитет од 5,3 степени денес ја потресе турската област Нигде, која се наоѓа северно од регионите зафатени од разорните земјотреси предизвикани од потресите на 6 февруари.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 13:27 часот по локално време, со епицентар во местото Бор, на длабочина од 7 километри.

АФАД соопшти дека денешниот земјотрес во областа Нигде го третираат како одделен потрес кој не е поврзан со земјотресите во Кахраманмараш и Хатај.

АФАД синоќа соопшти дека од 6 февруари досега, во Туркије се регистрирани вкупно 9.136 земјотреси.

Бројката на загинати од последиците предизвикани од разорните земјотреси на 6 февруари во јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш се зголеми на 44.218.

Потресите беа почувстувани и во соседните земји, вклучувајќи ги Сирија, Либан и Египет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот во сенка Игор Милев ја напушти Царината

Следно

Заврши акцијата за чистење на централното градско подрачје

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop