ИНСТАТ: Во јануари за 94 отсто зголемен бројот на странските туристи во Албанија

February 24, 2023
1 min read

Во јануари годинава Албанија ја посетиле 377 илјади странски државјани, што е зголемување за 94 отсто споредено со истиот месец минатата година, што се оценува како добар предзнак за успешна година во туристичкиот сектор во земјата.

– Од вкупната бројка околу 95 отсто од странските гости, се од Европа, поточно најголемиот број од нив се од Јужна Европа, која вклучува земји како Италија, Грција, Косово, Шпанија, Португалија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Северна Македонија, потврдуваат податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ.

По нив, по бројност доаѓаат посетителите од Западна Европа, која ги опфаќа „најразвиените земји на континентот, како Франција и Германија, а потоа и Централна Европа, а во рангирањето водат Полјаците”.

– Од Америка дошле 7.000 посетители, додека во јануари двојно поголем е бројот на туристите од земјите од Источна Азија и Пацификот. Причина за посетата на странците е од лична природа или за одмор, помал е процентот на оние кои доаѓаат од деловни и професионални причини, наведува ИНСТАТ.

Според статистиката во јануари за влез во земјата се регистрирани и над 800 илјади албански државјани.

Минатиот месец, за 45,8 отсто, споредено со јануари 2022 година, е зголемен и бројот на албанските граѓани (544 илјади) кои патувале во странство, главно за одмор во зимски центри. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петкова: За каква чесност зборува Ковачевски кога сме на 85 место по корупција? Измените во влада се за да ги спасат тендерите!

Следно

Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја суспендирале обвинителката Кадриу за да спречат прогон на нивни функционери

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство а Венко Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на државата. Венко Филипче како екс министер за здравство, имаше сериозни

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна санација на патот до Новите градски гробишта

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, започна со активности за санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Во рамки на интервенцијата се врши ризлање и тампонирање на

Комерцијална банка доминираше во редовното тргување – неделата ја обележаа блокови со Млекара

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 09.02.2026 – 13.02.2026, на Македонска берза беа реализирани 377 трансакции со вкупен промет (редовно тргување) од

Министерот за здравство на САД призна: Шмркав кокаин од даска на тоалетна школка (ВИДЕО)

Зборувајќи за своето закрепнување во подкастот на комичарот Тео Вон „This Past Weekend“, Кенеди објасни дека се сретнал со водителот на подкастот на утрински состанок за закрепнување пред пандемијата COVID-19 и дека
Go toTop