Награда за „Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за „Северен пол” на фестивал во Индија

January 9, 2023
1 min read

Во низата од 100 фестивалски учества ширум светот на кои филмот „Северен пол“ освои 15 награди, се додава и најновата односно наградата за “Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за “Северен пол” на 9-то издание на Smita Patil Documentary and Short Film Festival кој се одржа од 17 до 18 декември во Пуна,Индија. Претходно филмот кој е во режија на битолчанката Марија Апчевска, ги доби наградите : за најдобра актерка за Антонија Белазелкоска на фестивалот во Приштина, тука е и наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот во Црна Гора и други.

Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16 годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска. Сниман е на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ.

Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стоилковски: Показател за тоа каква е борбата против корупцијата е 6 месечното молчење од страна на ДКСК за залудно потрошени над 2 милиони денари во Општина Гази Баба

Следно

Маричиќ: Не знам за формален обид на Заев за уривање на Ковачевски

Latest from Blog

[Видео] Талевски: Тошковски сака да формира партиска милиција под своја команда

Со скандалозниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски се обидуваат брутално да ја партизираат полицијата и да формираат партиска милиција под

Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата

Во периодот од 14 до 28 јули Грција беше соочена со топлотен бран во две фази, што според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, беше ден од најдолгите топлотни

М-НАВ: Тасевски изнесува неточни информации, безбедноста на воздушниот сообраќај во ниту еден момент не е доведена во прашање

Компанијата за контрола на летање М-НАВ АД Скопје остро ги демантира тврдењата изнесени од Александар Тасевски, претседател на ССКЛ – еден од синдикатите во рамки на компанијата – за време на неговото

Моќта на фотографијата да ја разбуди свеста и да создаде емоции,истакната од победниците на „İstanbul Photo Awards 2025“

ИСТАНБУЛ (АА) – Фотографијата има единствена моќ да поттикне свесност и да предизвика емоции, велат добитниците во категориите „Природа и животна средина“ и „Спорт“ на „İstanbul Photo Awards 2025“, јавува Анадолу. „İstanbul
Go toTop