СИТЕ ДЕЛА ШТО ПЕТАР ЛУБАРДА ГИ ПОДАРИЛ ПО СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПРЕД 60 ГОДИНИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ОД 1 МАРТ ВО МСУ

February 24, 2023
1 min read

Сликарскиот опус на Петар Лубарда, најзначајниот уметник и еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20. век ќе биде претставен на изложбата во текот на цел март в Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје.

Изложбата се организира во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес и е заедничка соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Македонија, амбасадата на Црна Гора и МСУ под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Во октомври 1963, Лубарда ги подарил сите 26 дела од неговата изложба во Ниш, подоцна изложени и во Скопје, со што тој станал, не само еден од првите, туку и меѓу најголемите дарители на МСУ – Скопје. Музејот во својата колекција има вкупно 52 дела, меѓу кои 40 слики во техника масло на платно и лесонит, два акварели и десет цртежи кои опфаќаат две и пол децении од кариерата на уметникот (1942-1966).

Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

„Изградена како заеднички потфат на авторот и Музејот, оваа колекција на репрезентативен начин го претставува развојот на уметничкиот израз на Лубарда, а според квалитетот и обемот претставува една од најзначајните и најобемните збирки на дела. Приврзаноста на Лубарда за специфичниот црногорски пејсаж и љубовта кон старата култура, кон судбоносните и историските теми, може да се проследат преку неговите дела од колекцијата на МСУ. Она што е особено значајно во неговиот уметнички израз е неговото драматично чувство за светот како целина во корелација со географските, социјалните, политичките и културните слоеви на местото на потекло, како и неговата епска ширина, неговата глобална визија и уметноста на спојување на националното и универзалното. Неговиот фигуративно-асоцијативен експресионизам е исполнет со медитерански импулси преточен во подеднакво рудиментирани, интензивно обоени апстракции. Лубарда на впечатлив начин ги вклучува локалните теми и мотиви и ги трансформира низ формалната игра со визуелните елементи, вградувајќи ги во стремежот за универзалното“, велат кураторите Јанчевски и Варошанец.

Лубарда (1907–1974) во меѓувоениот период студирал сликарство во Белград и Париз, а од 1932 до неговата смрт во 1974 живеел во Белград. Неговиот особено експресивен фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција, му донесе широко меѓународно признание, вклучително и една од трите меѓународни откупни награди за сликарство на Биеналето во Сао Пауло во 1953 .

„После подолго време пошироката јавност ќе има прилика да ги види сите дела на Лубарда од Колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на неговите изложби и донациите. Во време на кризи, катастрофи и воени судири, кои го обременуваат современиот свет, важно е потсетувањето на концептот за солидарност на кој се темели МСУ-Скопје и меѓународната соработка, кои се основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици“, велат од МСУ.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осминафинална жрепка во Лига Европа и Лигата на конференции

Следно

Северна Кореја тестира 4 стратешки крстосувачки ракети

Latest from Blog

Судбина на популарните пејачи: МЕ ГРИЗАТ, МЕ ЛИЖАТ, БУТААТ ПАРИ ВО ГАЌИТЕ… а има и рекет

Пејачот Филип Митровиќ, за време на разговор со медиум, се осврна, меѓу другото, на рекетирањето на сцената, тврдејќи дека „тоа е нешто што го почувствувал на своја кожа“, како и дека „најголемиот

Франција наплатува казна од 200 евра, доколку се зборува на мобилен преку звучник

Во Франција, сè поголемо внимание се посветува на контролата на бучавата во јавниот превоз, а неодамнешната ситуација во Нант покажува колку сериозно властите го сфаќаат почитувањето на мирот на патниците. Еден човек

ЛШ: Елмас одличен ама Наполи испушти победа, Реал “распука“, Арсенал со “седум од седум“, пораз на ПСЖ

ФОТО: SSC Napoli/FB Вечерва се одиграа уште седум мечеви од 7.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно беше на “Паркен“ во Копенхаген каде гостуваше Наполи со нашиот Елиф Елмас.

Метро излета од шините во Хамбург

Неколку вагони од метрото во германскиот град Хамбург излетаа од шините вечерва. За среќа, немало патници, а на лице место се протипожарните и полициските екипи, јавува Билд. Несреќата се случила на станицата

Градоначалникот Коњановски на работна средба во ЈП „Нискоградба“

Градоначалникот на Битола денеска беше и во работна посета на ЈП „Нискоградба“ каде оствари средба со директорот Зоран Талевски. На работната средба се разговараше за тековното работење на претпријатието, особено подготвеноста на
Go toTop