Ѓорѓиевски во 24 анализа: Мојата амбиција е да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, но одлуката ќе биде според анкетите

February 10, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во 24 анализа рече дека неговите амбиции се да се кандидира за градоначалник на Град Скопје но како што кажа, одлуката ќе биде според анкетите и поддршката на граѓаните.

Тој зборуваше и за вториот повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти во Општините. Според него ваквиот модел е добар и сите проекти кои ќе бидат одобрени и ќе бидат потпишани договори со ресорните министерства ќе бидат спроведени.

Мојата амбиција е јасно изразена месеци нанзад, рано е до избори, нашата политичка партија почнува со анкетирање и на граѓаните и на членството. Процесот по кој ќе се бира е демократски и секако има и други имиња и соработници кои ги почитувам. На крај кој и да биде избран ќе биде најдобра одлука за Град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Тој појасни дека моделот и начинот на кој се аплицира на вториот повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти во Општините е добар и потребни се мали промени.

„Имаше во минатото една теза дали парите ќе стигнат и дали ќе се одобрат проектите па еве стигнаа парите и проектите се одобруваат, конкиретно кај мене можам да набројам дека од 3 проекти два се веќе во реализација и јас не велам дека некаде нема да се случи проблоем и да се пролонгира постапката но штом имаме потпишан договор проектите мора да се реализираат, дали ќе биде за три месеци или година сепак мора да се реализираат“, објасни Ѓорѓиевски.

Според него ваквиот модел на поддршка за Општините бил прифатен и од страна на граѓаните за време на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ настапија како коалиција со ова ветување и сите го поддржаа, никој никого со сила не го тера да проект кој смета дека е неодржлив да го реализира, не значи дека сите пари до крај треба да се искористат. Моделот не е совршен и треба да се размисли за надоградување и измени, но суштински мислам дека е добар“, додаде Ѓорѓиевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: За пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци – секој втор возач сторил прекршок

Следно

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

Latest from Blog

Нападната Марија Шерифовиќ: Ме зграпчи за врат

Имено, Марија одговараше на прашања од нејзините обожаватели и откри како девојката физички ја нападнала поради слика и зошто Марија подоцна носеше јака, објави Телеграф. – Едно лице ми пријде додека бев

Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекцијата Битола–Елбасан

АД МЕПСО соопшти дека успешно завршила постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од висок стратешки интерес – изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола
Go toTop