Истрага против дилер на дрога во Скопје

February 9, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРСМ, откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и  марихуана, осомничениот заради продажба ги  држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата “Васил Ѓоргов” во Скопје.

-На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници, стои во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грант Фишер постигна нов светскиот рекорд на 3.000 метри во сала

Следно

Во автобуска несреќа во Мексико загинаа над 40 луѓе

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop