И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

February 8, 2025
1 min read

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција.

Според објавата на Министерството за надворешни работи на Холандија, потписниците на заедничката изјава го нагласуваат значењето на Судот во борбата против неказнивоста за најтешките меѓународни злосторства.

„Судот служи како витален столб на меѓународниот правосуден систем со тоа што обезбедува одговорност за најтешките меѓународни злосторства и правда за жртвите“, се вели во документот.

Од земјите во регионот, поддршка за изјавата дале сите соседи на Македонија, со исклучок на Србија. Меѓу земјите членки на ЕУ кои не се потписници се Унгарија, Чешка и Италија.

Во заедничката изјава, потписниците предупредуваат дека санкциите на Трамп го зголемуваат ризикот од неказнивост за сериозните злосторства и го поткопуваат меѓународното владеење на правото. Исто така, се нагласува дека тие може да ја загрозат доверливоста на чувствителните информации и безбедноста на инволвираните страни, вклучително жртви, сведоци и судски службеници.

„Како силни поддржувачи на МКС, жалиме за сите обиди да се поткопа независноста, интегритетот и непристрасноста на Судот. Ние сме посветени на обезбедување на континуитетот на неговата работа за да може ефикасно и независно да ги извршува своите функции“, стои во документот.

Извршната наредба на Трамп предвидува финансиски и визни санкции против поединци кои му помагаат на МКС во истрагите против американски државјани или сојузници на САД. Овој потег доаѓа откако демократите во Сенатот ја блокираа иницијативата на републиканците за санкционирање на Судот, предложена како одговор на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради воената кампања во Појасот Газа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Следно

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Latest from Blog

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Жозе Мурињо е на чекор да стане нов тренер на Реал Мадрид. Иако веста не е официјално потврдена, сите извори наведуваат дека португалскиот стручњак постигнал договор со претседателот Флорентино Перез за

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

 Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран. Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на

МБИ10 во минус од 0,03 отсто, Комерцијална банка најтргувана на берзата денес

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 18.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.877,62 поени, со дневен пад од 0,03%, односно 3,40 поени, додека ОМБ

Официјално: Ханси Флик во Барселона до 2028!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Барселона и Ханс Флик постигнаа договор за продолжување на договорот на Германецот, кој ќе го врзе со каталонскиот клуб до 30 јуни 2028 година, со опција за дополнителна сезона. Германецот го

Димитриеска-Кочоска: Фокус на стабилен и развоен ребаланс на Буџетот

Продолжуваат работните состаноци со ресорните министерства во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Денеска, како што посочи таа, се одржуваат средби со
Go toTop