Бојчевски во Аргумент плус: Потребно е медицинскиот персонал да се вработува на неопределено време

February 7, 2025
1 min read

Координаторот за здравство во КСОМ, Боби Бојчевски во Аргумент плус рече дека потребно е медицинскиот персонал да се вработува на неопределено време со цел да се спречи нивно селење во странство.

Според него, жално е медицинските лица секојдневно да се под стрес за тоа дали ќе останат на работа. Бојчевски објасни и дека според последната статистика направена минатата година вкупно 2400 медицински лица биле вработени со договор на дело.

„Голем дел од колегите се вработени и за време на ковид пандемијата. Сите кои беа отпуштени од работа се врвни професионалци и потребно е да бидат вратени на своите места. Има место и за млади и нови вработувања но приоритет се искусните. Јас разговарам со млади луѓе од 20 до 23 години кои работат за минимална плата и имаат надеж дека ќе се среди нивниот статус, но 90% од нив доколку останат без работа ќе се преселат во странство“, изјави Бојчевски и рече дека очекува на сите кои останаа без работа да им бидат продолжени договорите.

Тој објасни дека на територијата на цела држава фалат 1500 медицински лица кои е тешко да се пронајдат и за кратко време како што вели Бојчевски, ќе нема кој да го лечи народот.

„Лани кога излеговме на терен на територија на цел држава имаше вкупно 2400 вработени со договор на дело, сега бројката е помала бидејќи многу персонал заминува во странство, и во оваа држава ќе нема кој да не лечи. За брзо време ќе имаме дефицит на кадар. Според наша статистика над 1500 медицински кадар фали, 990 доктори околу 400 администартивци и 395 технички пероснал“, рече Бојчевски.

Тој потенцираше дека со воведувањето на договор на дело од 2017 година, сите вработени останале без здравствено и пензиско осигурување.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Депај оди во затвор, еве колкава казна му е изречена

Следно

Трамповите санкции за Меѓународниот Кривичен суд „голем залак“’ за голтање од остатокот од светот

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop