ФФМ в петок ќе донесе одлука за „случајот Христовски“

February 22, 2023
1 min read

Комисијата за натпреварувања на ФФМ за в петок ја закажа седницата на која ќе донесе одлука дали фудбалерот Гордијан Христовски имал право да настапи за Гостивар во воведното коло од пролетниот дел од сезоната во Втората лига на кој актуелниот лидер триумфираше над Пехчево со 1-0.

Настапот на Христовски го обжалија Вардар и Локомотива, наведувајќи дека Христовски оваа сезона веќе бил регистриран во три клубови (Тетекс, Силекс и Скопје), и немал право да настапи за Гостивар, бидејќи пропозициите на ФФМ дозволуваат до најмногу три регистрации на играч во една сезона.

– Комисијата за натпреварувања на ФФМ ќе одлучува по случајот „спорна регистрација на фудбалер на ФК Гостивар“, откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација, согласно прописите од Правилникот за натпреварување. Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана за в петок, соопшти поплднево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Гостивар е лидер на табелата во второлигашката конкуренција со 40 бодови, три повеќе од Вардар на второто и Воска на третото место, а евентуално поништување на регистрацијата на Христовски, според правилникот, ќе значи службен пораз на гостиварскиот второлигаш и одземање од три до девет бодови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Улични кучиња каснаа две лица во Гази Баба и малолетник на Бит Пазар

Следно

Вархеји за земјотресите во Туркије: „Мојата генерација нема доживеано ваква катастрофа“

Latest from Blog

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за
Go toTop