Костовски најави целосна реконструкција на улица 1 во Визбегово

February 22, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека почнале подготовките за проектната документација, а потоа и тендерска документација за улица 1 во Визбегово.

Улица 1 заедно со нејзините краци во населеното место Визбегово е една од најголемите неасфалтирани улици во должина од над 700 метри.

– Улица 1 е една од улиците која води до ново општинско основно училиште кое е во изградба.Со реконструкцијата ќе се опфати машинско копање, рамнење и поставување на нов тампон и нов асфалт на над 2.100 м3. Со реконструкција на оваа улица ќе биде решен еден од најголемите проблеми со пристапување до новото општинско училиште, информира Костовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Одреден притвор за 160 лица во врска со урнатите згради во земјотресите

Следно

Во Франција најдолга суша од 1959 година

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop