„72% од граѓаните на Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока, затоа потребни се избори за спас од оваа неспособна власт“

February 11, 2023
1 min read

Последните анкети и истражувања потвдуваат дека државата се движи во погрешна насока, а за тоа најодговорна е власта на СДС и ДУИ. Резултатите од последната анкета на Евротинк покажуваат поразителни проценти за насоката во која се движи Македонија. Дури 72 % од испитаниците истакнале дека тие не живеат подобро, и дека имаме уназадување во секое поле во опшеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На скала од 1 до 5, дури 53% од испитаниците дале оценка 1, или целосно погрешна насока и 19% на владата и дале оценка 2. Од оваа анкета на Евротинк, спроведена од Брима само 9% од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, историски најниска доверба во изминатите 10 години.

Криминалот и корупцијата на власта, несправувањето со енергетската, здравствената, но и економската криза, зголемената инфалција, катастрофата во здрвството се само мал дел од причините на оваа најнеспособна власт предводена од СДС и ДУИ за толку малата доверба од 9% од страна на граѓаните.

Исто така голем проблем кој го нотираат граѓаните се и големите отстапки од страна на власта во решавањето на надворешните проблеми, виткањето кичма и попуштањето пред соседите.

Токму резултатите од анкетите и истражувањата се најголемиот страв на власта од соочување со граѓаните на избори.

Исплашени од малата доверба, власта на СДС и ДУИ бегаат од избори, знаејќи дека граѓаните во огромно мнозинство ќе ги казнат нивните погрешни политики, криминалот и корупцијата, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТРАВИЧНИ БРОЈКИ: Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000

Следно

Елиф Елмас вреди 50 милиони евра, објави Наполи

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop