35-годишен маж спасен од урнатините 149 часа по земјотресите во Туркије

February 12, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Од урнатините по разорните земјотреси во турската област Хатај, дури 149 часа по првиот земјотрес, спасен е 35-годишниот маж Мустафа Сариѓул, известува Анадолу.

Сариѓул е спасен од урнатините на зграда во градот Антакија, во областа Хатај, по петчасовна акција за спасување, што започна откако спасувачите воспоставиле контакт со него.

Спасувачките екипи во трка со времето продолжуваат со претрагата и спасувачките акции во регионите погодени од земјотресите.

Потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, синоќа информираше дека во земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије, бројот на загинати се зголемил на 24.617.

Од подрачјето погодено од земјотресите во други делови на земјата се евакуирани повеќе од 86.000 лица.

– Разорните земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катастрофалните земјотреси на југот од Туркије досега одзедоа 24.617 животи

Следно

Облачно време со снежни врнежи

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на

Тоти минал низ вистински пекол по пензионирањето: „Се чувствував како да сум сам сред океан“

Легендата на Рома, Франческо Тоти, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше за тешкиот период по завршувањето на кариерата, загубата на татко му и можноста повторно да добие функција во римскиот клуб.

Македонската берза со неделен промет од 28,69 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 13.10.2026–16.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 28.692.314,25 денари: 28.651.436 денари со акции и 40.878,25 денари со обврзници на
Go toTop