„Жолтата подморница“ преку Мајорка до четврта победа во низа

November 22, 2025
1 min read
ФОТО: Villarreal CF/FB

Виљареал ја победи Мајорка на свој терен со 2:1 во 13-то коло од шпанската Ла Лига. Ова беше четвртиот лигашки триумф по ред за „жолтата подморница“, која сега е трета на табелата со 29 бода и е -2 зад Реал и Барселона, а +4 пред Атлетико. Секако, Мадрид има натпревар помалку. Мајорка го претрпе седмиот пораз во првенството и е 16-та со 12 бода на своето конто.
Виљареал славеше вечерва, но потешко од очекувањата, а поведе во шестата минута преку Херардо Морено.
Само 120 секунди подоцна, израмни Саму Коста, а потоа следуваше „рововска“ борба до самиот финиш, кога Канаѓанецот Бјукенен „тесно“ ја избегна офсајд стапицата во 83-та минута и го проигра својот сонародник Олувасеи, кој ги постави конечните 2:1.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: „Мировниот план за Украина не е конечен“

Следно

Се жалел на страшни болки во стомакот- докторите занемеле кога виделе што има внатре

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Состојбата во Македонија е стабилна и безбедна (ВИДЕО)

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за  национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и

Меџити: Засилена меѓуопштинска соработка со Турција

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со градоначалникот на општината Каѓитане од Истанбул, Мевлут Озтекин, придружуван од негови соработници и советници. Како што информира Меџити, Каѓитане важи за една
Go toTop