Втора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!

February 27, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/wolves/

Вулверхемптон ја победи Астон Вила на домашен терен со резултат од 2:0 во натпреварот од 28-то коло од англиската Премиер лига.
Старата поговорка „нема фаворити во дербито“ можеби е излитена, но вечерва во случајот со дербито на Западен Мидлендс, се покажа како вистинита бидејќи веќе прежалениот Вулверхемптон го победи тимот кој активно се бори за врвот на табелата.
Првото полувреме помина без многу возбудувања, само обидот на Даглас Луис го принуди Жозе Са да ги загрее ракавиците.
Следеше многу солидна игра на Молињу, само за Жоао Гомеш да ги разгали домашните навивачи во 61-та минута кога ја круниса исклучително убава акција со гол по додавање од Армстронг.
Вила се обиде да оди на „сè или ништо“, но освен неплодна теренска иницијатива, практично ништо не се виде од екипата на Унаи Емери сè до последните моменти кога ударот на Абрахам од гол-линијата го одбрани Москер.
Родриго Гомеш додаде сол на раната на Вила со практично последниот напад на натпреварот за конечни 2:0.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Следно

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Latest from Blog

Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји. За време

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Вработен во казино одзел и присвоил 332.330 денари. Тој бил вработен во подружницата на казино во Кочани. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи
Go toTop