Во Ел Салвадор убиен 1 полицаец

May 25, 2023
1 min read

Убиството се случува во северниот град Нуева Консепсион, на некои си 67 километри од престолнината, а составот на безбедносните сили испратени да го опколат градот е 5.000 војници и 500 полицајци.

Владините сили во градот нема да го гонат само убиецот туку и „целата структура на бандата и соработниците“ за кои се уште се знае дека таму се кријат.

Во октомври, во слична операција владата испрати 2.000 полицајци и војници да опколат друг град на југот од земјата, при што беа уапсени 50 лица. Додека во декември едно од предградијата на Сан Салвадор беше опколено и запечатено од 10.000 војници и полицајци кои ја прочешлаа цела област.

Ел Салвадор, инаку познат како дом на некои од најозлогласените банди на американскиот континент, од минатата година води сеопфатна битка за нивно уништување, што има силна поддршка од јавноста.

Најголемиот (невооружен) отпор владата го има од дежурни душегрижници кои алармираат дека во нејзината борба против наркокартелите и бандите некој човекови права се прекршуваат.

Владата во март 2022 прогласи „состојба на изземање“ по бран убиства за кои беа обвинети тамошните банди. Од тогаш, важењето на оваа состојба е продолжено 14 пати.

За сметка на случаи на исчезнување и неосновано апсење луѓе, тамошни заедници кои некогаш биле доминирани од банди сега се далеку побезбедни за нивните граѓани. Најголемиот дел од поддршката за владината операција доаѓа токму од жителите на овие населби.

Како дел од операцијата до сега се уапсени околу 68.000 осомничени.

На почетокот од декември 2022, претседателот Најиб Букеле го одржа овој говор пред безбедносните сили на земјата:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сретствата од продажбата на билетите за концертот на Камерниот оркестар „Ајда“ ќе се донираат за лекувањето на малата Теодосија Лазаровска

Следно

Желјазков: Вметнувањето на Бугарите во Уставот на С Македонија не е билатерално прашање, туку услов на ЕУ

Latest from Blog

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Бројот на уапсени деца помлади од 18 години не е прецизиран, ниту пак е познато колку од нив ќе останат во притвор, јави „Њујорк тајмс“. Независните групи за човекови права проценуваат дека

Кочани ќе добие спомен-обележје: „Патека на бесконечноста“ за загинатите во „Пулс“

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот

Пратеничката Лозановска најави реконструкција на Ресурсниот центар и Студентскиот дом во Битола

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска објави дека Владата преку заем од КФБ банката обезбеди средства за реконструкција на Ресурсниот центар во Битола и Студентскиот дом во Битола.       

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет, МБИ10 со раст од 0,18% во неделата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 445 трансакции со вкупен
Go toTop