Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот

October 1, 2025
1 min read

Предлог-законот предвидува продолжување на породилното отсуство за жени во јавниот сектор од сегашните 16 на 24 недели. Пренаталниот дел останува 8 недели, а постнаталниот би се зголемил на 16. За повеќеплодни бремености се задржува правото на дополнителни две недели.

Предложено е и зголемување на татковското отсуство од 10 на 15 дена, како и 15 дена неплатено отсуство за татковци во производството. Посебно е предвидено и 15-дневно породилно отсуство за згрижувачки семејства кои се грижат за деца до 3 години.

Во образложението се вели дека Турција веќе влегува во категоријата на „многу старо население“ според критериумите на ОН и дека продолженото породилно отсуство ќе помогне и за поголема наталност и за зајакнување на семејството.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Целосна реконструкција на терените и инфраструктурата во центарот ‘Петар Милошевски’

Следно

Изрекувањето на казната за Диди закажано за в петок

Latest from Blog

Со шипка тргна на американски пилот- една реченица го спаси од можен линч (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалните мрежи покажува група мажи како му се приближуваат на пилотот и викаат, додека еден од нив зграпчува метална шипка. Се слуша како пилотот повторува: „Повлечи се. Стоп!“ додека

Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

Демократско движење,  на предлог на претседателот Изет Меџити, вечерва одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила, се вели во соопштението

Демократското движење со историска одлука: Нов крупен чекор кон официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила!

Вечерва, на предлог на Претседателот Изет Меџити, Демократско движење одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила. Со манифестирање на висока

Нови експлозии одекнуваат во Дубаи, Доха и Абу Даби- одмаздата на Иран продолжува (ВИДЕО)

Сирени се огласија низ поголемите градови во Обединетите Арапски Емирати и Катар откако жителите пријавија дека слушнале гласни истрели. Властите во Дубаи соопштија дека експлозиите што одекнуваа низ целиот град биле предизвикани
Go toTop