Тик-ток на „стаклени нозе“ по повеќечасовното сослушување на извршниот директор во Претставничкиот дом на САД  

March 23, 2023
2 mins read

Шо Зи Че, како што пренесуваат агенциите, не успеа во неколкуте исцрпувачки часови од неговото сослушување пред комисијата за енергетика и трговија на Претставникиот дом на САД,  да ги убеди конгресмените и да ја смири егзистенцијалната закана за Тик-ток, која има ултиматум или кинеската компанија Бајтденс (BiteDance) да се повлече од сопственичката структура или апликацијата да биде забранета во САД 

Извршниот директор на Тик-ток, Шо Зи Че денеска се соочи со жестоко испитување од американските законодавци од двете страни на политичкиот спектар во Конгресот на САД за наводните врска на апликацијата за споделување на видео-содржини со кинеските власти како и со прашања за нејзиното штетно влијание врз тинејџерите.  

Четириесетгодишниот Сингапурец, како што пренесува АФП, се најде пред невообичаено интензивно испрашување и од републиканците и од демократите во американскиот Претставнички дом кои стравуваат дека Пекинг би можел да ја користи апликацијата за шпионирање и собирање податоци во корист на Кина. 

Извршниот директор на Тик-ток, Шо Зи Че, момент од неговото сослушување пред комисијата за енергетика и трговија на Претставничкиот дом на САД/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Шо Зи Че е поранешен банкар, образован на Харвард, кој како што пренесуваат агенциите не успеа во неколкуте исцрпувачки часови од неговото сосослушување пред комисијата за енергетика и трговија на Претставникиот дом на САД,  да ги убеди конгресмените и да ја смири егзистенцијалната закана за Тик-ток, која има ултиматум или кинеската компанија Бајтденс (BiteDance) да се повлече од сопственичката структура или да биде забранета во САД. 

„Бајтденс  не е во сопственост или под контрола на  кинеската влада и е приватна компанија…Ние веруваме дека се потребни јасни транспарентни правила кои се однесуваат на сите технолошки компании – сопственоста не е во срцето на решавањето на овие проблеми“,

им рече извршниот директор на Тик-ток на членовите на комисијата во воведната изјава.  

Извршниот директор во еден момент, како што пренесува АФП, беше принуден да признае дека некои лични податоци на американските корисници подлежат на кинеските закони, но истираше дека тоа наскоро ќе биде променето.  

Членовите на комисијата на Претставничкиот дом на САД го соочија Шо Зи Че и со наводите за негативното влијание на апликацијата врз здравјето и однесувањето на најмладите корисници.  

Кети МекМорис Роџерс, републиканка од Вашингтон, рече дека веднаш по пристапот до апликацијата, видела дека Тик-ток промовира самоповредување, инспирира нарушувања во исхраната и поттикнува, како што рече, опасни предизвици кои можат да ги загрозат животите на децата. 

Демократот од Њу Џерси, Френк Палони, истакна дека содржината на Тик Ток го влошува емоционалниот стрес кај децата. 

Претставниците на САД, исто така, го соочија Че со примери на млади корисници кои промовираат самоубиство или опасни акробации кои се покажале како фатални и предизвикаа гнев кај властите во повеќе земји во светот. 

Во очи соослушувањето на извршниот директор, министерството за трговија на Кина соопшти дека „силно ќе се спротивстави“ на присилната продажба, посочувајќи дека за секој договор или раздвојување на Тик-ток ќе биде потребно одобрение од кинеските власти. 

„Принудата на продажба на Тик-ток сериозно ќе ја поткопа довербата на инвеститорите од различни земји, вклучително и Кина, да инвестираат во САД“,

рече портпаролот на кинеското министерство за трговија Шу Јуетинг. 

Инаку, Тик-ток  е под притисок од неколку закони во САД, вклучувајќи го и оној поддржан од Белата куќа кој веќе го отвора патот за забрана на апликацијата. 

Минатата недела во Сенатот на САД беше објавена нова легислатива која му овозможува на американскиот претседател да го забрани Тик-ток на национално ниво.

Законот за ограничување ќе му овозможи на американското Министерство за трговија да ги прогласи компаниите поврзани со странство за ризични по националната безбедност, пишуваше британскиот национален сервис, Би-би-си.   

САД веќе го забранија Тик-ток на уредите на федералната влада, но ова е прва закана од администрацијата на претседателот Џо Бајден за потенцијална забрана на апликацијата на национално ниво.  

Инаку, освен на уредените на вработените во федералните институции на САД, идентични забрани за администрацијата донесоа и Канада и Европската Унија. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Елмас носи водство за Македонија против Малта

Следно

ВИДЕО: Чурлинов се врати со стил – ѝ даде ефектен гол на Малта

Latest from Blog

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух – идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР.

Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на
Go toTop