Студено време викендов, најавени врнежи

November 29, 2025
1 min read

Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот.

Од УХМР велат, дека врнежи ќе бидат слаби и дека во најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето.

Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот крај, но без голем потенцијал за значајна количина на воден талог. Приквечер врнежи може да се очекуваат и во североисточниот крај.

Заради влијанието на јужното струење, снег ќе врне само на височина над 1700 метри. Во сабота навечер и во првата половина од недела очекуваме умерен југозападен ветер во западните делови од земјава.

Наутро ќе имаме претежно негативни вредности на температурата, но не пониски од -5°С. Во сабота температурата низ поголем дел од котлините и повисоките неселени места ќе има вредности во границите помеѓу 6°С и 8°С. Потопло ќе биде на југоисток каде максималната температура ќе достигне до околу 12°С.

Недела ќе биде за околу 2°С потопла во однос на сабота.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНОГУ Е УБАВО Е ДА СИ АЛБАНСКИ ЗЕТ, А НЕ ГЛАВА ВО ФАМИЛИЈА – Вереникот на Дуа Липа е главен кандидат за улогата на Џејмс Бонд

Следно

Ривалите на Португалија може да ја тужат ФИФА поради благата казна на Роналдо!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Состојбата во Македонија е стабилна и безбедна (ВИДЕО)

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за  национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и

Меџити: Засилена меѓуопштинска соработка со Турција

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со градоначалникот на општината Каѓитане од Истанбул, Мевлут Озтекин, придружуван од негови соработници и советници. Како што информира Меџити, Каѓитане важи за една
Go toTop