Со печат до илјадници евра – афера што го тресе Центарот за социјални работи во Тетово

January 15, 2026
1 min read

Додека Центарот за социјални работи Тетово е потресен од сериозен скандал со незаконско доделување социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост, досега во касата на институцијата се вратени 120 илјади евра кои биле исплатени на лица што не ги исполнувале законските услови. Дел од тие исплати биле реализирани преку фалсификувани документи и злоупотреба на службени шифри и печати, откриваат информации од Обвинителството и од истрагите што се водат.

Во 2025 година Основното јавно обвинителство Тетово поднело кривична пријава против шестмина вработени во Центарот. Двајца од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а судската постапка против нив сѐ уште е во тек. За четворица други, обвинителството утврдило дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, но откако признале вина и ја надоместиле штетата, против нив не било поведено класично кривично гонење. Тие, преку спогодби со обвинителството, платиле парични казни од по 18 илјади денари во корист на буџетот.

Иако пријавите се поднесени минатата година, случаите се однесуваат на периодот од 2022 година. Според наодите, раководител во Центарот ја давал својата службена шифра на други вработени, социјален работник исто така ја „позајмувал“ својата, а трет вработен дозволувал користење на службениот печат, иако тој единствено бил одговорен за него. Токму печатот ја разоткрил незаконитоста, откако бил ставен на фалсификуван документ со кој едно лице добило право на социјална пензија што му била исплатена ретроактивно, во еден наврат, во износ од неколку илјади евра.

 

Бидејќи корисникот ги вратил средствата, а обвинителството оценило дека делото е сторено од небрежност, за овој случај не било побарано кривично гонење. Сепак, според извори на „Слободен печат“, се проверуваат и други предмети во кои документи од Клиничката болница Тетово, издадени со негативно мислење, биле преправани во позитивни за да се овозможи користење социјални права во Центарот. Болницата и претходно беше поврзувана со слични скандали со лажни медицински извештаи.

Директорката на ЦСР Тетово, Магдалена Веселиноска, вели дека по нејзиното доаѓање започнала расчистување на злоупотребите, но и дека поради тоа е изложена на притисоци и хајка. Таа потврдува дека уште пред нејзиното именување Министерството за труд и социјална политика поднело пријава до Финансиската полиција за злоупотреби со социјалните пензии, а таа дополнително открила незаконитости кај ретроактивните исплати, туѓата нега и надоместоците за попреченост.

Според неа, злоупотребени се буџетски средства и токму поради тоа се поведени кривичните постапки што моментално ги водат надлежните институции. Истражните органи, како што вели, и натаму работат на утврдување на целосниот обем на злоупотребите во Центарот за социјални работи Тетово.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен Печат

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Следно

Сакаше да се откаже од фудбалот на 23 години, па на 32 го урна Реал (М)

Latest from Blog

Омерагиќ и Спахиќ разговараа за унапредување на фудбалот во регионот

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во „Куќа на фудбалот“ оствари средба со директорот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ, при што беа разменети искуства и идеи за унапредување на фудбалот.

Комуналец Прилеп: Засилени активности за уредување на градот

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информира дека во изминатиот период е извршено комплетно и темелно чистење на улицата „Тризла“, во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена. Со подобрувањето

ОАЕ: Напад со дронови од Иран предизвика пожар во француска поморска база во Абу Даби(видео)

„Специјализирани тимови денеска реагираа на инцидент што произлезе од напад на два ирански дрона врз магацин во поморската база Ал Салам во Абу Даби. Нападот предизвикал пожар во два контејнери со општи

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е Ајатолахот, а ти неговиот прв проповедник?

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите
Go toTop