СДС да каже каде завршиле 800.000 евра, скроиле 2 нови тендери за 20.000 тони јачмен и пченица како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви

December 2, 2025
1 min read

СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра, велат во поартиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица.

Криминалната влада на СДС за краток период смислила начин за тоа како да го камуфлира и прикрие недостатокот за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата. Нови тендери за „камуфлажа“ каде владата на СДС потпишала 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.

Преку овие два тендера Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе го прикријат недостатокот во стоковите резерви кој завршил на црниот пазар во соседните држави?

Каде завршиле 800.000 евра пари на граѓаните? Кој се профитирал од препродажбата на пченицата и јачменот по двојна или тројна цена на црните пазари во ек на криза?

СДС да каже каде завршиле 800.000 евра откако преку 2 тендери за 20.000 тони јачмен и пченица сакале да им послужат како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви?

Време е СДС да се огради од криминалците во своите редови. Време е СДС да расчисти со пипците од криминалниот октопод во своите редови и партиски функционери. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гурманска хистерија во Сиднеј: Луѓе со часови чекаат во редици само поради едно јадење (ВИДЕО)

Следно

Припадниците на овие хороскопски знаци се најголемите манипулатори

Latest from Blog

Тоневски: Продолжуваме со инфраструктурен развој во Пробиштип

Во Општина Пробиштип започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец до село Кундино, проект кој има за цел да ја подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во руралните средини. Проектот

Срамнета е со земја зградата во која се избирал новиот лидер на Иран (ВИДЕО)

Висок израелски функционер потврди за Фокс њуз дека зградата била погодена додека претставниците се собирале за да изберат нов врховен лидер. „Израел нападна додека броеја гласови за да го назначат врховниот лидер“,

Откриени низа проблеми во функционирањето на Онкологија, сведочеше поранешната директорка

Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на

Берзански извештај: Промет од 39,12 милиони денари, притисок врз банкарскиот сектор, ОМБ без промена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 3 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,79% и заврши на 10.032,47
Go toTop