Само тројца играчи не се збогувале со Алонсо

January 14, 2026
1 min read

Чаби Алонсо од понеделникот повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Тој беше заменет еден ден откако Реал загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Новиот тренер е Алваро Арбелоа (42). Речиси сите играчи на Реал се збогуваа со Чаби на социјалните мрежи. Во статусите што ги напишаа по повод оваа пригода, тие го нагласуваат своето почитување кон Чаби и неговото знаење и жалат што повеќе нема да соработуваат.

Шпанските медиуми истакнуваат дека е индикативно што само тројца играчи не се збогувале со отпуштениот тренер. Тоа се Винисиус, Трент Александар-Арнолд и Франко Мастантуоно. За Бразилецот ова е очекувано бидејќи пред два месеци тој направи бунт против тренерот. После тоа, тој и Чаби се обидоа да покажат дека ги поправиле односите, но никој не им веруваше.

Александар-Арнолд беше доведен од Ливерпул како ново десно крило, но повредата го принуди да се повлече од тимот токму кога Алонсо почна да му дава можности. Мастантуоно е млад (18) играч од средниот ред кој дојде од Ривер Плата ова лето за 45 милиони евра. Тој одигра 17 натпревари со Чаби, од кои 10 како стартер.

Отпуштањето на Чаби Алонсо ќе биде скап потег за Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата од 8-9 милиони евра по сезона. Шпанскиот весник „Ел Дебета“ пишува дека Реал ќе мора да плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо. Да потсетиме дека минатото лето Реал плати уште 15 милиони евра отштета на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.

Шпанскиот Суперкуп беше означен како еден вид „последен тест“ за Алонсо, а евентуален трофеј би ја смирил ситуацијата на клупата. Откако Реал го нокаутира Атлетико Мадрид во полуфиналето, поразот од Барселона во финалето дополнително ја потресе самодовербата на раководството, па набрзо дојде одлуката за прекин на соработката. Поранешниот шпански играч од средниот ред го водеше тимот во 34 натпревари, оствари 24 победи, четири нерешени и шест порази.

Реал замина на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот го освоија осминафиналето, каде што денес ги чека Албасете. Потоа новиот тренер ќе го има своето деби…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Сакам да победам во Иран, ми се допаѓа да победувам

Следно

МОЗОКОТ СТАРЕЕ ПОРАНО ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ Трите критични животни периоди

Latest from Blog

Сите американски и израелски бази и имот во регионот се легитимни воени цели, му порача Иран на ОН

Ова се деталите од писмото, според ИРИБ: Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана одлучно и без одлагање сè додека агресијата целосно и безусловно не прекине. Воздушните напади извршени

СДСМ дилема – немање интерес или имање страв?!

Една седница за пратенички прашања беше доволна да се расчисти дилемата околу враќањето на Артан Груби во земјава. Враќање кое носи последици по неговите партиски и коалициони партнери од времето кога „жареше

МНР формира кризен штаб за следење на состојбата на Блискиот Исток и помош на македонските државјани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево информира дека во рамките на институцијата е формиран кризен штаб кој, како што се наведува, континуирано ја следи состојбата со случувањата на Блискиот Исток

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади. Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека
Go toTop