Рјабков: САД можеби сакаат да ја измамат Русија

April 12, 2023
1 min read

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“.

Тој додаде дека Москва во оваа фаза, „немаме мислење за тоа“.

Со оглед на тоа што САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат хибридна војна против нас, можни се такви методи со цел да се измами непријателот, што значи Руската Федерација, истакна Рјабков.

Во текот на викендот на интернет се појавија тајни американски документи, кои Пентагон ги претстави како „многу висок ризик“ за националната безбедност на САД. Меѓу другите информации, овие документи ги откриваат сомнежите на САД за успехот на претстојната украинската контраофанзива.

Според „Гардијан“ документите откриваат дека американското разузнавање, наводно, во февруари ја предупреди Украина дека можеби нема да може да собере доволно војници и оружје за нејзината планирана пролетна контраофанзива и дека може „многу помалку“ од наведените цели на Киев за враќање на територијата заземена од Русија.

Во документот, означен како „строго доверливо“, цитиран од „Вашингтон пост“, се наведува дека Киев се соочува со значителни „недостиг на генерирање сила и одржување“ и затоа најверојатно ќе оствари само „скромни територијални придобивки“. Документот е снимка од ситуацијата на почетокот на февруари, а не е јасно колку Украина со поддршка на земјите-членки на НАТО успеала да ги надомести недостатоците оттогаш.

„Гардијан“ повикувајќи се на друг документ од 23 февруари, истакнува дека требало да се формираат за 12 „борбено веродостојни“ нови бригади, кои би ја предводеле контраофанзивата, опремени со 253 тенкови и околу 1.500 други оклопни возила од различни типови. Три бригади требаше да бидат формирани од Украинците, а останатите девет да се формираат со помош на САД, сојузниците и партнерите. Планираните бригади беа далеку од подготвени во времето кога беа креирани документите, а пет допрва требаше да започнат со обука. Шест бригади имаа половина или помалку од потребната опрема. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изготвена проектна документација за изградба на фекална канализација на дел од Илинден

Следно

Арсовска на увид во реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“

Latest from Blog

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки

Две лица измамени од лажен доктор во Штип

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно

ЛАЈЧАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕПИСКАТА СО ЕПШТАЈН: Шок во Словачка!

Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак објави дека се повлекува од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо, откако неговата преписка со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн стана јавна, објавија
Go toTop