Ристовски најави три големи проекти на Министерството за спорт до крајот на годината

November 11, 2025
1 min read

Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски на денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

Ристовски посочи дека тоа се три големи проекти со кои се заокружува годината во која новоформираното Министерството за спорт има забележителни резултати особено во делот на изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава од која во иднина ќе има повеќекратен бенефит за македонскиот спорт.

-Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструција на салата, над 4.000 студенти ќе може да се бават со спорт и да ги реализираат часовите по физичка образование во современ и безбеден спортски објект, рече Ристовски.

До крајот на годината Министерството за спорт ќе ги постави темелите и ќе почне со изградбата и на нова спортска сала во населба Аеродром (кај ФФМ) во Скопје и на нова спортска сала во Крушево со која градот во иднина треба да прерасне во регионален спортски центар за подготовки.

-Направивме истражувања кои покажаа дека националните спортски федерации што ги носат репрезентациите на подготовки трошат над 1 милион евра годишно надвор од нашата држава. Кога ќе направиме идеална спортска сала во Крушево, во близина на спортски хотел, планина, овде блиску во Македонија, поголем дел од тие средства ќе останат во државата, наместо да се трошат за подготовки во странство. Крушево ќе прерасне во еден регионален спортски центар за подготовки не само на македонските репрезентации и екипи, туку и за тимови од државите во регионот, истакна министерот Борко Ристовски.

Во рамките на предвидените проекти на Министерството за спорт, Ристовски соопшти дека во изминатите 15 месеци се изградени и реконструирани над 40 мултифункционални спортски центри низ целата држава со основна заложба за рамномерна регионална распределба и спорт достапен за сите. До крајот на годината успешно ќе биде завршен и проектот за изградба на шест базени кои беа почнати и оставени недовршени од поранешната Агенција за млади и спорт и тие ќе бидат предадени на општините.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преубавата мисица од Чиле низ солзи проговори за големиот скандал (ВИДЕО)

Следно

Американските авиокомпании откажаа 1.200 летови поради продолженото затворање на владата

Latest from Blog

ВЛЕН одржа митинг во Скопје за поддршка на „Самоопределување“ пред косовските избори

Вчера, во просториите на Албанскиот театар во Скопје, коалицијата ВЛЕН организираше масовен митинг во поддршка на движењето „Самоопределување“, во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат на 28 декември во Косово.

Ракометниот дух на Битола слави 70 години постоење

Во рамки на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на ракометот во Битола, се одржа јавна трибина под мотото „Нашиот клуб, нашата гордост – предизвици и можности“. Настанот е дел од годишната програма посветена

Костовски: ДУИ и ВЛЕН во Бутел гласаа против изградбата и развојот на општината

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, остро реагираше по, како што вели, гласањето против развојните проекти од страна на советниците на ДУИ и ВЛЕН во Советот на Општина Бутел. Според Костовски, станува

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од Филипче, никој од нив никогаш не се ставил над партијата – со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва!

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот директор на ТИРЗ и кандидат
Go toTop