Posted on во категоријата Македонија

Дескоска со ново барање за екстрадиција: Будимпешта да го испорача Груевски

 Дескоска деновиве повторно ќе се обрати до унгарските власти за екстрадиција на бегалецот Груевски откако Интерпол не одговори на барањето за распишувањето …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

ВИДЕО: Драма на летот Приштина-Базел – силни турбуленции, патници со сериозни повреди, столици откачени…

Вистинска драма се случувало за време на вчерашниот лет на авионот Боинг кој летал од Приштина за Базел. На само 20 до …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Претседателот Пендаровски се обрати на воената вежба „Одлучен удар“ на Криволак

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денес се обрати на најголемата воена …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Албанија: Владејачката партија го поднесе барањето за разрешување на претседателот Мета

ТИРАНА (АА) – Социјалистичката партија на Албанија (ПС) до Парламентот на Албанија го поднесе барањето за разрешување на претседателот на државата, Илир …Продолжи да читаш

бизнис

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Во јапонска населба отпадот се сортира во дури 45 различни категории

Пластика, хартија, метал? Ова е најчестата класификација, но во јапонската населба Камикацу која до 2020 сака да стане населба без отпад, сортирањето …Продолжи да читаш

култура

спорт

Posted on во категоријата Спорт

СЕ ГРАНИЧИ СО ЛУДОСТ: Манчестер Ј. ќе го направи Мегваер најскап дефанзивец во историјата?!

Манчестер Јунајтед е подготвен да направи рекордна понуда за англискиот репрезентативен стопер од екипата на Лестер, Хари Мегваер само за да го …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

РФМ ќе ги награди ракометарите со премија од 40.000 евра

Македонската репрезентација завери ново учество на едно големо натпреварување. Нашите ракометари следната година ќе бидат дел од Европското првенство кое ќе се …Продолжи да читаш

Експерти, Прогресивниот данок нема да ги даде очекуваните ефекти

во категоријата Бизнис

6 декември 2018 / 15:46

Воведувањето на прогресивниот данок нема да ги постигне ефектите кои ги очекува владата, вработените во ИТ секторот ќе си заминат, ќе се зголеми сивата економија и ќе се затајува данок. Ова беа главните забелешки на бизнис заедницата на јавната дебата во Собранието во Скопје за најавеното воведување на прогресивниот данок.
„Ние сметаме дека со форсирањето на овој закон ќе се доведе до намалување на странските инвестиции. Македонија не се натпреварува со Германија или САД за добивање на странски иневстиции, туку се натпреварува со околните држави Србија, Албанија и Бугарија кои се со политика за ниски даноци за привлекување на странски инвестиции и ова ќе придонесе до зголемување на даночно затајување и сива економија“, рече Ветон Ќоку, Американска стопанска комора.
„Ако овде се очекува дека ќе се подобри праведност и еднаквоста, мислам дека е преамбициозно очекување. Ова апсолутно нема да се постигне бидејќи со 1% застапеност и со прва стапка прогресивна и е толку ниска и во никој случај неможете да очекувате ефекти од праведност во општеството“, изјави Абдулменаф Беџети, професор.
„Ја поддржувам иницијативата на владата на институциите и на Собранието да се промени персоналниот данок, но мислам дека недоволна промената и дека ако запре тука владата и ако не ги фати и другите аспекти освен персоналниот данок и другите директни даноци дека работата ќе биде половична“, рече Никола Поповски, професор, поранешен министер за финансии.
Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 18% данок за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. На дебатата беа присутни пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.
Александра Спасевска

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/

 

Шекеринска: Не треба да чекаме НАТО да ни ги реши проблемите, тоа е процес на раснење и подобрување

во категоријата Македонија

Политичката и експертската јавност е согласна дека членството во НАТО за Македонија значи зголемена безбедност и предвидливост, но истовремено тоа носи и шанси за поголем економски раст.

На денешната дебата за ефектите од пристапувањето на Македонија во НАТО беше посочено дека државата ќе добие сигурност и безбедност, контрола на воздушниот простор и целосно управување со кризи, а би котирала и повисоко на Глобалниот индекс на мирот каде во моментот се наоѓа меѓу последните држави. Би се зголемил Бруто домашниот производ и странските директни инвестиции и би се отвориле нови работни места.

– На Глобалниот индекс на мирот сега се наоѓаме некаде на 89 место и доста слабо котираме, а сите земји членки на НАТО, од кои 15 се и членки на Европската унија, се меѓу првите 30 држави во светски размери. Немаме друга алтернатива освен НАТО, истакна Тимурленк Чековиќ, истражувач од безбедносниот сектор.

Според вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, не треба да чекаме НАТО членството да ги реши сите наши проблеми, туку самите треба да се посветиме на внатрешните процеси во државата.

– Не треба да чекаме НАТО членството да ги реши сите наши проблеми, туку тоа е процес на раснење, трансформација и подобрување на државата. На крајот се зависи од нашите сили, капацитет и моќ за да им обезбедиме на граѓаните подобри шанси за живот, рече Шекеринска, додавајќи дека неподелен е ставот на 29-те земји-членки на НАТО дека Македонија е подготвена да стане 30 земја членка.

Верува дека Програмата за продолжување реформи што вчера е официјално предадена во Брисел, ќе биде поддржана од земјите членки на НАТО и оти во брза процедура на почетокот на 2019 година со завршувањето на уставните амадмани, Македонија ќе седне на иста маса со земјите-членки на Алијансата.

– Целта на програмата е да обезбеди јасна чекори што ќе се реализираат во периодот на ратификација на НАТО протоколот што треба да биде изготвен на почетокот на 2019 година од страна на Алијансата и во тој протокол ќе бидат вградени и овие реформи, рече Шекеринска, додавајќи дека не очекува проблеми бидејќи се работи за програма која е работена реално со ветувања кои можат да се реализираат. Ние, рече Шекеринска, покажавме пред НАТО Алијансата дека тоа што ќе го најавиме, го реализираме.

Доколку Македонија стане земја членка на НАТО, ќе треба на годишно ниво да одвојува околу два милиони долари за Буџетот на НАТО, а за да ја реализира обврската за одвојување на два проценти од БДП до 2024 година, ќе треба секоја година постепено да прави зголемување за 0,25 проценти од БДП во следните пет години.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

ФОТО: Ѕвезди на Арсенал се дрогирале со „хипи-крек“ на забава со 70 девојки!

во категоријата Спорт

Англискиот премиерлигаш Арсенал игра во одлична форма и уште од месец август не знае за пораз, но тимот го тресе скандал, затоа што ѕвезди на тимот се фатени како се дрогираат на забава од страна на англиските „папараци“.
Англиски „Сан“ објави ексклузива, како во месец август неколку фудбалери на „топџиите“ се на приватна забава и користат т.н „хипи крек“, хемиска супстанца која наведува на смеење, но истовремено е и многу опасна затоа што може да предизвика срцев удар.
EXCLUSIVE: Arsenal stars caught on CCTV passing out during ‘hippy crack’ bingehttps://t.co/r4cXD3GZwa pic.twitter.com/BvPzTinIAG
— The Sun Football (@TheSunFootball) December 6, 2018
Како инхалираат од балонот во кој има од штетната супстанца, фатени се Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг, Александре Лаказет, Матео Гендузи и Сеад Колашинац. Тие биле на забава, на која имало како гости преку 70 девојки, а на истата за пијалоци потрошиле над 30.000 евра.
Од управата на Арсенал истакнаа дека ќе имаат разговор со фудбалерите поради нивното однесување.

Извор: https://www.gol.mk/

Меркел: Ми беше чест да ја водам ЦДУ

во категоријата Свет

Германската канцеларка Ангела Меркел во последното обраќање како лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на партиската Конференција во Хамбург се поздрави со сопартијците со емотивен говор во кој рече дека и било чест што имала можност 18 години да биде на чело на партија.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/svet/

(Видео) Филипче ќе дели маски за аерозагадувањето, ги повтори истите превентивни мерки

во категоријата Македонија

Кога концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 100 микрограми на метар кубен во два последователни дена треба да се ограничи движењето и активностите на отворен простор посебно на децата, хронично болните, на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, на тие преживеале мозочен удар и сите кои професионалниот ангажман го извршуаат на отворен простор. Граѓаните треба да јадат храна која содржи антиоксиданси, зеленчук и овошје, а хронично болните редовно треба да ја земаат препишаната терапија.

Ова се некои мерки и препораки во врска со аерозагадувањето на кои денеска на прес-конференција укажа министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека борбата против аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Квалитетната и здрава животна средина, посочи, е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓаните.

Тој потсети на мерките кои беа препорака од Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со тоа да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да не користи прегорено отпадно масло за затоплување простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво, метал, стиропор, пет амабалажа, парчиња гума или друг синтетски материјал и правилно да се користат печките.

– Свесни сме дека овој проблем се провлекува со години. Во текот на зимските месеци има огромна загаденост на воздухот посебно во некои градови и при тоа се погодени некои ризични групи. Доколку концентрацијата на ПМ честичките во воздухот надмине 200 микрограми на метар кубен ќе излеземе со дополнителни мерки, а во смисла на ослободување од работните обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронични болести, пред се белодробни заболувања, астма, лицата со преживеан миокарден инфаркт или мозочен удар и без оглед на возраста ќе дојде во предвид и реорганизирање на работното време, рече Филипче.

Потенцира дека во овој момент ги прават последните подготовки за почнување на постапката за набавка на заштитни маски кои ќе бидат поделени на хронично болните и на други групи граѓани.

– Треба да се набават околу 50.000 маски. Со секторот за примарна и болничка заштита во Министерството работиме на изнаоѓање на најпрактичниот и најдобриот начинот како да се поделат, рече Филипче и додаде дека веднаш кога ќе ги набават ќе ги поделат.

Доктор Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје рече дека треба да се избегнува физичка активност на отворен простор, а децата, хронично болните и старите лица, треба да го подобрат имунитетот, кој е важен во справувањето со инфекциите кои се накалемуваат поради загадувањето на воздухот. Посочи дека треба да се избегнуваат масовни собири.

– Институтот за јавно здравје воведува посовремени методологии во употребата на статистичките показатели од Заводот за статистика за смртноста и од здравствените институции за заболувањата, додаде Ѓорѓев.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа што е направено за да се намали згадувањето, Филипче рече дека станува збор за проблем кој се провлекува многу години наназад и дека се свесни дека за да има вистински ефект и резултати треба да се почне со работа.

– Оваа Влада токму тоа го прави и како еден од приоритетите ја стави борбата против аерозагадувањето и се предлагаат низа мерки за тоа како да се почне за да се влијае на причините. Како Министерство за здравство имаме обврска да укажеме и од стручен аспект. Свесни сме е тоа проблем долги години наназад. Во овој момент кога директно се соочуваме со овој проблем, ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје навистина не можеме да направиме ништо повеќе освен да излеземе со мерки и совети до граѓаните. Преземаме максимално се што можеме, додаде Филипче.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

DxOMark: iPhone XR нема ривал помеѓу смартфоните со една камера

во категоријата Технологија

На најновиот DxOMark тест се најде камерата на најевтиниот годинашен смартфон на Apple – iPhone XR. Камерата доби оценка од 103 поени за фотографирање и 96 за видео, што донесе вкупна просечна оценка од 101 поен. Овој резултат го рангираше iPhone XR како најдобар паметен телефон помеѓу моделите со една камера на задната страна.
И покрај тоа што има само една камера, iPhone Xr оствари добри резултати во edge детекција во портрет режимот. Сепак, недостатокот на телефото објектив значеше дека нема соодветно зумирање. Камерата на телефонот е пофалена поради одличната експозиција и снимањето во услови на секое осветлување, широкиот динамички распон и перфектниот баланс помеѓу намалувањето на шумот и зачувувањето на деталите. Системот на автофокус, исто така е опишан како водечки во индустријата.

Истакнати се и неколку проблеми, на кои наишол DxOMark, а тие го вклучуваат претераниот блур градиент и шум кај осветлувањето во затворен простор и сцените на слабо осветлување.
Кога е во прашање видеото, телефонот има одличен динамички распон, како и стабилизацијат на сликата и автофокус. Послабите точки се баланс на белата боја и шумот на осветлување.
Целиосниот DxOMark тест на камерата за iPhone XR можете да го погледнете тука.
 

Извор: https://usb.mk/

Иванов: Небулозни се тврдењата дека се планирала воена состојба на 27 април

во категоријата Македонија

Претседателот Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба и ги нарече очаен обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет.

По доделувањето на признанијата „Македонски квалитет“, запрашан од новинарите, рече дека во него се вперува прстот, но кога судот ќе ја донесе одлуката ќе се знае кои се главните актери, кој стои зад 27 април, кој го испланирал и изрежирал, но ќе се знае и мотивот.

Иванов најави дека попладнево и официјално ќе се произнесе околу целиот случај.

-Јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции. Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува. Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер, истакна Иванов.

Во врска со неговите блиски соработници Синиша Алексовски и Борис Јосифовски, Иванов напомена дека тие изјавиле се што имале.

-Беа кај обвинителката и ги дадоа своите искази. Затоа таа кажа и дека нема основ за каква било вмешаност на кабинетот и моја лична. Тие што ги создаваат ваквите лажни вести, а знаете, еден медиум ја почна таа приказна за „Јасен“ и потоа се разви дека ќе имало воена состојба. Треба да го посетат „Јасен“ да видат како функционира и дали е можна таква приказна таму. Нека го прочитаат и Уставот за да видат кога се воведува воена состојба и кој ја воведува, потенцира претседателот Иванов.

Такви небулози, дополни, се случуваат во главите на тие што се обидуваат да создадат страв кај населението за да ги остварат своите цели.

Претседателот Иванов ги повика оние што шират вакви информации да се јават во амбасадите и да прашаат дали имало некакви влијанија врз него и неговиот кабинет околу наводно откажување да прогласи воена состојба

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

РФМ организира силен меѓународен турнир во младински категории

во категоријата Спорт

Во рамките на своите програмски определби за стратешки континуиран развој на младинските категории, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во период од 17 до 21 декември ќе оганизира меѓународен ракометен турнир за родени 2000-та година и помлади.
Меѓународниот турнир ќе се одржи во спортската сала Автокоманда каде своето учество го потврдија и селекциите на Полска, Унгарија, Србија и Црна Гора.
Младите надежи на Македонија ќе настапат со две селекции во категорија за родени 2000-та година и помлади, селектирани од селекторот Данило Брестовац.
Распоредот на натпревари е следен:
18.12.2018
09:30 Mакедонија A – Mакедонија Б11:00 Полска – Црна Гора12:30 Унгарија – Србија
17:00 Mакедонија A – Црна Гора18:30 Унгарија – Македонија Б20:00 Србија – Полска
19.12.2018
09:30 Mакедонија Б – Србија11:00 Mакедонија A – Полска12:30 Црна Гора – Унгарија
17:00 Mакедонија Б – Црна Гора18:30 Mакедонија A – Србија20:00 Полска – Унгарија
20.12.2018
09:30 Србија – Црна Гора11:00 Полска – Македонија Б12:30 Унгарија – Mакедонија A
Меѓународниот турнир е организиран како дел од припремниот период за претстојното Светско првенство до 19 години во машка категорија, кое ќе се одржи во Скопје, во период од 5 до 18 август, 2019 година.
Влезот за претстојните натпревари во спортската сала Автокоманда е слободен.

Извор: https://www.gol.mk/

Меркел поздравена со деветминутни овации на Конференцијата на ЦДУ

во категоријата Свет

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше поздравена со деветминутни овации на почетокот на Конференцијата на нејзината Хриситјанско демократска унија (ЦДУ) во Хамбург, на која треба да биде избран нејзини наследник на функцита партиски лидер.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/svet/

оди на почеток