регион

Posted on во категоријата Регион

Протестот на албанската опозиција мина мирно и со порака дека политичкото решение е заминување на Рама

Синоќешниот шести по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција заврши со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша кој рече …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Скопје: ТИКА го реализираше последниот модул од семинарите по дефектологија

СКОПЈЕ (АА) – Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Северна Македонија го организираше четвртиот и последен дел од серијата „Едукативни …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Сојлу: „По турските операции, 329.000 Сиријци се вратија во своите домови“

ИСТАНБУЛ (АА) – Речиси 330.000 Сиријци од Турција се вратија во своите домови откако Турција успешно ги заврши антитерористичките операции во северниот …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Во голем број држави од ЕУ се одржуваат избори за ЕП, резултатите околу полноќ

Во поголемиот дел од Европската унија, денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент. За пратеници во Европскиот парламент денеска гласаат во Хрватска, …Продолжи да читаш

Placeholder
Posted on во категоријата Свет

Сојлу: „Во Турција оваа година по илегален пат влегле 41.192 авганистански мигранти“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека годинава во Турција по илегален пат влегле 41.192 авганистански мигранти, …Продолжи да читаш

бизнис

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Девет од десет лица страдаат од синдромот на фантомска вибрација (ВИДЕО)

Девет од десет лица страдаат од синдромот на фантомска вибрација (ring-xiety пореметување), покажа неодамнешно истражување. Се работи за моменти во кои ви се …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Во Рим откриена сочувана глава од античко божевство

Археолозите во близина на римскиот Колосеум пронашле невообичаено сочувана глава од античко римски кип, објави римскиот градски совет. Во соопштението стои дека …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во понеделник (27 Мај), во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Грешка на ЕХФ или на Пасквал: Во Барселона прават тактика за Штербик – голманот на Вардар

Вардар, Барселона, Веспрем и Келце, но и целата ракометна европска јавност одбројува до стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. Мотивот …Продолжи да читаш

Бомби во случајот „Титаник 2“ – Груевски: Договоривме со ДПА да го за***ме Заев; Тодоров: Пала је Струмица, ги пое**вме во последен момент

во категоријата Македонија

На денешното рочиште во случајот „Титаник 2“, се слушаа бомби, односно разговори меѓу обвинетите во овој предмет Драган Павловиќ – Латас и поранешниот премиер Никола Груевски, како и меѓу Латас и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Првиот разговор меѓу Латас и Груевски на 28 март во 2013 година нешто пред полноќ. Разговараат за поднесени приговори во Кичево и Струмица, а Груевски го известува Латас дека Бранко Црвенковски е во Виена на концерт на Џастин Бибер.

Во следниот разговор Груевски му открива на Латас: „Договораме со ДПА да не поддржат, па да го зае…ме Заев“, на што Латас му одговора дека договорот со ДПА може скапо да ги чини.

Потоа Латас разговара со Никола Тодоров, на темата како Заев ја загубил Струмица.

„Друже Лаки… Пала је Струмица?“, му вели Тодоров на Латас, и потоа разговорот продолжува: „Ги пое…вме во последен момент. Ова е туш. Ние гласавме за нас, а и ДПА 4:3. Настана штама кога видоа што се случува“.

Случајот „Титаник 2“ за незаконско прегласување на избирачките места на локалните избори во Струмица. Обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, потоа Сашо Мијалков, екс членовите на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановски, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

За повеќе инфо на овој линк:

https://tv21.tv/mk/1/makedonija/

Утре истекува рокот за барање амнестија, Досега неколкумина пријавени

во категоријата Македонија

Рокот од пет дена за поднесување барање за амнестија за настаните поврзани со 27 април, истекува утре.

Досега, познато е само дека барање за амнестија поднеле четворица учесници во настаните во Собранието, меѓу кои Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски и пратеникот Крсто Мукоски. Според најавите, денеска барање за амнестија треба да поднесат пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски – Нинџа.

Игор Југ и Јане Ченто се изјаснија дека нема да бараат амнестија, туку правда.

Законот за амнестија беше објавен на 20. декември во Службен весник и потпишан од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk

И второто лице на посета Груевски во Будимпешта исто така било цариник

во категоријата Македонија

Извори од опозицијата тврдат дека освен Александар Трајковски, и второто лице снимено како седи до Груевски во ресторан во Будимпешта, исто така било вработено во Царинската Управа на Македонија.

Истиот ден кога Трајковски авионски заминал за Будимпешта, според неофицијални информации, кон истата дестинација со возило од Скопје тргнале уште две лица, јавува Дојче Веле. Според извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за нив е познат идентитетот на едниот кој во полупрофил е снимен на 12-ти декември од унгарската „24“, кој разговара и седи непосредно до Груевски во ресторан во Будимпешта.

Велат дека на снимката е лице од Скопје, исто така вработено во Царинската Управа на Македонија. Според соговорниците на Дојче Веле, тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но, не бил познат за пошироката јавност. Според нив, условно речено, „попознат“ бил неговиот брат, чие име испливало на површина по објавување на некои од опозициските „бомби“, во кои низ разговор Јанкулоска го открива нејзино незадоволство од „учество на вагабонти од МВР во изборно ‘средување’ на состојбите во Охрид“.

Логистичка шема?

Според информациите на Дојче Веле, за сега не се знае кое е лицето што го придружувало овој цариник, но сметаат дека „некој во партијата сигурно знае“, алудирајќи дека посетата сигурно не е случајна, а веројатно ни изборот на лица кои заминуваат на средби со Груевски во Будимпешта.

Разработена ли е шема за логистичка поддршка на Груевски, со лица кои не се на функции и се помалку познати за пошироката јавност, со цел помалку забележливо да ги остваруваат посетите на Груевски, да разнесуваат пораки и други нешта?

Поради деновите од викендот, надлежните во МВР и во Царинската Управа не беа достапни за потврда или демант на ваквите наводи, поради што, ДВ нема да го објави идентитетот на цариникот кој го посочија негови сопратијци.

Истиот ден (12.12) кога беше објавена снимката од Груевски и неговото друштво во ресторанот во Будимпешта, од Јавното обвинителство најавија дека во наредните две недели ќе излезат со информации за резултатите од предистражната постапка за начинот на кој Груевски ја напуштил земјата. До денес такви информации се уште не се објавени.

На преглед за синусите

Царинската управа на Република Македонија веќе отвори истрага за отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта во друштво со Груевски. Од Царината соопштија дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството. Тој доставил Извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.

„Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективниот договор. За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, медиумите ќе бидат навремено информирани“, беше наведено во соопштението минатата недела.

Александар Трајковски, кој е советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, на минатонеделното рочиште за предметот „Насилство во Центар“, во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта, за што приложил и медицинска документација.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

ВИДЕО: 60.000 фанови на „Монументал“ ја прославија титулата на Ривер Плата

во категоријата Спорт

Повеќе од 60.000 гледачи се собраа на „Монументал“ во Буенос Аирес за да ја прослават титулата на Ривер Плата во Копа Либертадорес, откако по две одложувања, во финалето во Мадрид по продолженија ја совладаа Бока Јуниорс со 3-1.

Прославата на титулата беше одложена поради настапот на Ривер на Светското клупско првенство, каде на големо разочарување беше елиминирана во полуфиналето од Ал-Аин и неговите фанови останаа без очекуваното финале против Реал Мадрид. На крајот тимот од Аргентина мораше да се задоволи со третото место по победата од 3-1 против Кашима Антлерс.

Погледнете како играчите и фановите ја прославија најважната титула во историјата на клубот, освоена против најлутиот ривал:

Извор: https://www.gol.mk/

(Видео) Палестинци облечени како Дедо Мразовци го посакаа Ерусалим за Божик

во категоријата Свет

Во родното место на Исус, Витлеем, палестински демонстранти облечени како Дедо Мразовци се судрија со израелски војници, кои возвратија со шок гранати. Демонстрантите ѕвонеа со ѕвонци за мир за време на празниците и носеа транспаренти „Сѐ што сакаме за Божик е Ерусалим и правда“ и „Еј, Доналд! Правдата е посилна од твоето насилништво“.

Демонстрантите протестираа кај северниот влез на бариерата на Западниот Брег на периферијата на градот кога наишле на израелската гранична полиција, која се обидела да ги отстрани туркајќи ги, по што избиле судири меѓу двете страни, а војниците ја растерале толпата со солзавец.

Претходно неделава во Витлеем дојде до насилни судири меѓу Палестинците и израелската полиција, по петочната молитва. Демонстрантите протестираа против одлуката на Вашингтон официјално да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/svet/

Одложено судењето за „Тврдина 2“

во категоријата Македонија

Судењето за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство денеска не се одржа бидејќи предметот треба да биде распределен на друг судија, откако судијката Гордана Спиревска минатата недела беше избрана за член на Судскиот совет.

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 ноември 2016 година, а Кривичниот суд во ноември 2017 година ја објави пресудата, но во мај годинава скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство на Горан Грујевски.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

МВР пронајде 52.000 парчиња петарди, ракети и распрскувачки материи во Скопје и Битола

во категоријата Македонија

По преземени мерки и активности на подрачјето на СВР Скопје и  СВР Битола во изминатите неколку дена со цел спречување на нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства кај две лица пронајдени се над 55,000 парчиња пиротехнички средства.

Кај Р.Е.(29) од Скопје и А.М.(36) од Битола пронајдени се над 52,000 парчиња петарди, над 400 парчиња ракети, околу 3,000 распрскувачки материи, динамит и друго.

По целосно документирање на настаните против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ.

Министерството за внатрешни работи продолжува со мерки и активности со цел санкционирање на ваквите кривични дела.

За повеќе инфо на овој линк:

https://tv21.tv/mk/1/makedonija/

Одложени рочиштата за „27 април“

во категоријата Македонија

Денешните и утрешните рочишта за настаните од 27 април се одложени откако Судот побара декласификација на доказите од МВР по барање на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, обвинет за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

Се очекува судењето да продолжи во среда.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk

„Бомба“ од Островот: Алекс Фергусон ќе биде прв советник на Солскјер!

во категоријата Спорт

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја одиграл клучната улога околу ангажманот на Оле Гунар Солскјер како замена за Жозе Мурињо.

Сега на Островот се шпекулира дека и Фергусон повторно ќе биде дел од оперативниот тим на „црвените ѓаволи“ и ќе биде прв советник на Норвежанецот. Според „Сан“, Ферги целосно ќе му биде на располагање на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, како за совети за трансфер-пазарот, така и за подготовките на средбите.

Дебито на Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед беше совршено, бидејќи неговиот тим славеше победа од 1-5 против тимот на Кардиф, а колку е перфектна неговата победа, говори и податокот дека Јунајтед првпат постигна пет гола по ерата на Сер Алекс Фергусон.

Извор: https://www.gol.mk/

оди на почеток