регион

Регион

Унгарските новинари го послушаа Орбан и ги контактираа локалните правници за Груевски; Еве што им рекоа

16 ноември 2018 / 13:48 Новинарите на унгарската „телевизија 24“ го послушаа упатството од нинвниот премиер Орбан, па одговорот на прашањето околу … Продолжи да читаш

свет

бизнис

Бизнис

Ристевска за „Економски магазин“: Реформите во пензискиот систем ќе спречат креирање дефицит во пензискиот столб

14 ноември 2018 / 22:22 Реформите во пензискиот систем не го загрозуваат првиот пензиски столб, вели Ирена Ристевска од министерството за труд … Продолжи да читаш

технологија

култура

спорт

Социјалните мрежи ,,горат”: По поразот од Дерби, Мурињо со нова професија!?

во категоријата Спорт од

Murinjo-toopka

Второлигашот Дерби влезе како апсолутен аутсајдер во Карабао дуелот со Манчестер Јунајтед, но на крајот успеа да направи сензација без разлика на тоа што Фелаини израмни на 2:2 во 95-та минута. Момците на Лампард ја задржаа смиреноста и покажаа поголеми нерви во пенал рулетот кој го добија со 8:7, а тоа дефинитивно

На крајот, Жозе Мурињо мораше да се соочи со уште еден тежок удар, кој нема како да го оправда пред своите фанови.

Но, со последното видео кое излезе во јавноста, португалскиот стручњак по поразот од Дерби, дефинитивно може да смени професија-водоносач.

Извор: https://derbi.mk/

Најмалку две лица загинаа при бомбашкиот напад во турскиот округ Шарнак

во категоријата Свет од

Двајца припадници на локалните безбедносни сили загинаа, а двајца се повредени при експлозијата на рачно изработена бомба во југоисточниот турски округ Шарнак, јави турската телевизија НТВ.
Според локалните безбедносни сили бомбата била поставена на пат во реонот на градот Чалашкан од страна на Курдска работничка партија (ПКК).
Локалните безбедносни служби или селските чувари се вооружени од турските власти за борба против ПКК.
По инцидентот турските безбедносни сили презедоа голема антитерористичка операција во округот Шарнак, каде се активни се борците на забранетата ПКК.
ПКК води вооружена борба против турската власт од 1984 година.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ

Извор: https://1tv.mk/

Тупурковски: Треба да го прифатиме договорот за името, на 30 септември борбата не е партиска туку за нашето единство

во категоријата Македонија од

Договорот за името треба да го прифатиме како единствено реално решение. На референдумот на 30 септември нема да водиме партиски борби, туку ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, изјави за МИА професорот по меѓународно право, основач и претседател на поранешната партија Демократска алтернатив и актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски.
– Пред 27 години имавме сосема прифатлив предлог за решавање на проблемите во македонско – грчките односи. Шансата не ја искористивме. Сега Македонија и Грција создадоа заемно прифатливо решение. Да бидеме реални, ова решение е полошо, но после 27 години е единствено реално и евентуално подоброто нема да биде пронајдено после нови децении на трагање заедно со нови жртвувани генерации. Значи треба да го прифатиме договорот помеѓу двете земји, посочува Тупурковски.
Изнесувајќи го својот став за референдумот и Договорот од Преспа укажува и на важноста од почитување на поддршката што меѓународната заедница ја дава за Договорот во контекст на неговото значење за двете засегнати земји и за геострашките интереси.
– Во овој договор е вклучена и меѓународната заедница за чии вредности е определено големото мнозинство на македонскиот народ и останатите граѓани на Република Македонија. Решението што го поддржува меѓународната заедница покрај за македонско – грчките интереси, води сметка како за геополитичките регионални интереси, така и за геостратешките. Сите фактори во Македонија треба ова да го почитуваат и да го прифатат како сосема реално со што ќе дадеме и свој придонес кон стабилноста и мирот, посочува Тупурковски.
За жал, според него, подолго време постојат политички фактори кои трагично го делат нашиот народ, но, вели, најголемата придобивка од референдумот треба да биде постигнувањето единство.
– Иако и во овој момент на референдумско одлучување не се дозволува да се приближиме, не можеме како општество, семејства и граѓани да не се зближуваме. Патриоти се само оние кои го подобруваат нашиот живот. А предавници не се оние што мислат поинаку. На 30 септември нема да водиме партиски борби. Всушност, ќе се бориме за нашето единство. Тоа е најголемата придобивка од овој референдум доколку како народ и граѓани тоа сакаме да го разбереме, вели Васил Тупурковски.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

Денес е Препразненство на Крстовден

во категоријата Македонија од

Денеска е Св.свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден).
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар.
Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј.
Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост.
Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.

Извор: https://sitel.com.mk

„Флора VS Фауна“ – изложба на современ накит

во категоријата Култура од

Скопје, 26 септември 2018 (-) – Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј од денеска до 30 септември, од 9 до 16 часот.
Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.
– Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“. хс/са/07:36
###
###
 

Извор: https://www.mia.mk/

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира мини саем на книгата

во категоријата Македонија од

Куманово, 26 септември 2018 (-) – Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ со издавачката куќа „Матица Македонска“ организира мини саем на книгата пред влезот на јавната општинска установа, информираа денеска надлежните од библиотеката.
Граѓаните ќе можат да се снабдат со најнови изданија и најбарани наслови со специјални намалувања и саемски попуст од оваа издавачка куќа и издавачките куќи „Лагуна“ и „Вулкан“.
– Оваа е убава можност за љубителите на книгата да се снабдат со книги, да ја збогатат домашната библиотека по промотивни саемски цени, изјави директорот на кумановската библиотека, Мајран Петковски.
Саемот завршува во сабота.
Кумановската библиотека изминатиот период организираше мини саеми на книга со повеќе издавачки куќи, а според најавите на одговорните, ќе продолжи да организира и во наредниот период. Мини саемите се во насока на популаризација на читањето, особено во овој период пред традиционалното одбележување на Месецот на книгата, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели. ам/цр/10:26
###
 

Извор:https://www.mia.mk

Завршен турнир на СП: Шест репрезентации ќе се борат за златото, САД и Бразил фаворити

во категоријата Спорт од

Натпреварувањето го започнаа 18 репрезентации, а на завршниот турнир на Светското првенство, кое се одржува во Италија и Бугарија, има место само за шест од нив. 
Ждрепката за двете групи се одржа на 24 септември и ги донесе следните резултати:
ГРУПА 1: Бразил, САД, Русија
ГРУПА 2: Италија, Полска, Србија
СРБИЈА – Српската одбојката селекција е најлошо рангирана од сите учесници на турнирот, но тоа не значи дека победата над нив ќе биде лесна задача. Тие обезбедија пласман во следната фаза со трилер победата во пет сета над Франција и убедливото издание на дуелот со Аргентинците. Иако загубија од Полска на последниот меч, Србите обезбедија пласман на „фајнал-сикс“ со подобар скор од Белгија и Канада. Најдобри поединци во срспкиот национален тим се Александар Атанасијевиќ и Урош Ковачевиќ, кои досега учествувале во 174 поени.
РУСИЈА – Русите се надеваат на висок пласман, особено по освојувањето на Лигата на Нации на почетокот на годината. Избраниците на Сергеј Шлиапников се разиграа во вистински момент и остварија скор од 6-2 во групната фаза. Најголемо оружје очекувано ќе биде Максим Михаилов, а тука ќе бидат уште и Дмитри Волков и Егор Клиука, кои досега запишаа по 60 поени зад своето име. Бразилците и Американците ќе имаат тешка задача на дуелите со секогаш незгодната руска репрезентација.
БРАЗИЛ – Се работи за најдобро рангираната селекција на турнирот, која сака да го потврди тоа со освојување на светската титула. Бразилските одбојкари се во серија од пет последователни победи и тоа над Словенија, Белгија, Канада, Австралија и Кина. Но конкуренцијата ќе биде уште поголема како што одминува натпреварувањето. Валас Де Соуза со 102 и Даглас Соуза со 94 поени се лидери кај јужноамериканската репрезентација и основа на потенцијалниот успех.
САД – Селекцијата на САД е единствената без пораз на шампионатот во Италија и Бугарија. Искуството им помага да ги намалат грешките, а со тоа да не играат ниту еден меч во пет сета. Сите осум меча кои досега ги одиграа, Американците ги решија во своја полза, најмногу благодарение на Метју Андерсон и Арон Расел. Разновидноста во нападот и стабилниот блок во одбрана ја прави репрезентацијата на САД една од фаворитите за златниот медал.
ИТАЛИЈА – Домашниот терен им овозможи на Италијанците да запишат скор од седум победи и само еден пораз, во пресрет на последната фаза од првенството. Единствениот неуспех го запишаа против Русија, а за тоа надополнија во следниот меч, кога убедливо ја совладаа Холандија. Според сите очекувања, Иван Зајцев е најефикасен по првите две фази си 95 поени, а Симоне Анзани е лидер кога се во прашање блоковите со 17. 
ПОЛСКА – Полска ќе се обиде да стане само четвртата нација која успеала да освои две последователни титули на Светските првенства. Сепак, нивните порази од Аргентина во пет, односно против Франција во четири сета, најавуваат поинаков исход оваа година. Перфектната победа над Србија им овозможи пласман во третата фаза. Нивниот блок во одбрана е она што ги одржува на врвот, а тие се единствениот тим со најмалку пет играчи со двоцифрен број на блокади во досегашниот турнир. Залпук е лидер во освоените поени со 83.
Натпреварите од третата и последна фаза од Светското првенство започнуваат денес, а конечниот победник ќе се дознае в недела, во големото финале со почеток од 20:30 часот.

Извор: https://www.gol.mk/

Абе подготвен да се сретне со Ким

во категоријата Свет од

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека е подготвен за „нов почеток“ во односите со Пјонгјанг и за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.На седницата на Генералното собрание на Обединети нации, Абе истакна дека на средбата би се разговарало за случаите на киднапирани јапонски цивили во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.– За да се реши проблемот со киднапираните, подготвен сум да ставам точка на меѓусебната недоверба, подготвен сум за нов почеток и состанок очи во очи со претседатлот Ким Џонг-ун.Абе подготвен да се сретне со Ким was last modified: September 26th, 2018 by Ана

Извор: https://a1on.mk/

Град Скопје ќе го субвенционира чистењето на оџаците во Скопје

во категоријата Македонија од

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање домаќинства и други субјекти на подрачјето на главниот град за чистење оџаци за 2018 година.Со овој повик, Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците во износ од 1.000 денари.На јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Јавниот повик трае 60 календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22 ноември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави неколку документи. Барање за надомест, што може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk. Како доказ за жителство во Град Скопје потребно е да се достави фотокопија од лична карта или пасош. За правните субјекти се следи тековна состојба не постара од шест месеци.Потребна е потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). Фискалната сметка треба да биде издадена во периодот од почетокот на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка.Барањето за искористување на правото за надомест на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул. „Илинден“ бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 8:30 до 15 часот.Повеќе информации за јавниот повик граѓаните можат да добијат на www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Јавен повик – оџаци-.doc 24.09.18.pdfЈавниот повик за субвенционирање домаќинства и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година е објавен вчера во весниците „Слободен печат“ и „Коха“.Град Скопје ќе го субвенционира чистењето на оџаците во Скопје was last modified: September 26th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

оди на почеток