Posted on во категоријата Македонија

Ја приведуваат Катица Јанева? Полициско комбе пред домот на обвинителката!

Полициски сили упаднаа во куќата каде што живее во Козле и ја приведуваат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициско возило, пренесува …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Дескоска: Проблемот за Законот за ЈО не е Јанева, туку постапките на СЈО

Каменот на сопнување во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство не е Катица Јанева туку барањето за затворање на постапките …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Местото на најмалите патници во возилото, секогаш е одзади

Местото на најмалите патници во возилото, секогаш е во соодветно седиште, одзади. Во случај на сообраќајна несреќа, воздушните перничиња се отвораат за …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

(ВИДЕО) Урнат ресторанот на насилникот од Албанија што ги нападна шпанските туристи

Насилниот сопственик на ресторан од Албанија, што минатата недела нападна шпански туристи, остана без својот угостителски објект откако изутринава, по наредба на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Грција по предупредувањето од САД: Иранскиот танкер не бара влез во наше пристаниште

Грчките власти одговорија на предупредувањата од САД испратени до властите во Атина со барање поморските служби да не му помагаат на иранскиот …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

(ВИДЕО) Денот се претворa во ноќ! Димот од пожарите во Амазон го прекри небото над Сао Пауло

Бразилската агенција за вселенски истражувања соопшти дека бројот на пожари во Амазон е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Ариф Четин: „Планините целосно се исчистени од терористите“

ВАН (АА) – Генералниот командант на жандармеријата на Турската армија, Ариф Четин, во рамките на операцијата „Киран“, која се води против терористичката …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Трговска војна со Косово; ССК: Имаме штети, да се најде решение

Додека Владата дипломатски се обидува да ги тргне трговските бариери со Косово, трговците почнаа да ги чувствуваат загубите. Од Сојузот на стопански …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Македонија и Бугарија со меѓусебен меморандум за соработка во инфраструктурата

Северна Македонија и Бугарија во Скопје потпишаа меморандум за соработка за инфраструктурни проекти, трговска размена и искуства за членство на земјата во …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Научниците предупредуваат на посилни турбуленции како резултат на климатските промени

Потенцијално опасните турбуленции стануваат се почести на трансатлантските летови, како резултат на промените во воздушните струења поврзани со климатските промени, покажува една …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Со претставата „Одисеј“ на Горан Стефановски се спушта завесата на Охридско лето

Театарската претстава „Одисеј“ на Горан Стефановски вечерва на Античкиот театар со почеток во 21 часот ќе го означи крајот на годинешното 59. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Зографска-Беличанец: Купивме локација во Охрид за да бидеме поблиску до Охридско лето

Музичката програма на годинешното 59. издание на Охридско лето беше заокружена вчеравечер со авторски концерт на великанот на македонската класична музика, композиторот …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

ДОПИНГ ИСТРАГА: Каква таблета голтнал бекот на Ајнтрахт?

Изненадувачка посета на допинг контрола во редовите на Ајтнрахт Франкфурт, а поточно нивна цел бил австрискиот репрезентативец Мартин Хинтерегер, пренесува угледниот германски …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

„Спортмедиа“ интервју – Гањо: Тиквеш е најдобар на истокот; Пижон: Брегалница ќе биде прва!!!

Во сабота стартува новата сезона во Втората лига – Исток. Во битката за првото место се издвојуваат две екипи, според квалитетот, буџетот, …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

Судијата што го судеше мечот Германија-Бразил 7:1 на СП стана тренер на шпански клуб

Мексиканскиот арбитар Марко Антонио Родригез утринава е назначен за нов тренер на шпанскиот второлигаш Саламанка. Она што беше јавна тајна, сега е …Продолжи да читаш

Роналдо: Би можел да се пензионирам следната сезона

во категоријата Спорт

Иако има 34 години, Кристијано Роналдо на теренот делува како да е 10 години помлад. Никој не знае кога ќе се пензионира, неговиот договор со Јувентус истекува во 2020 година.

Во првата сезона имаше одличен настап за 48 одиграни мечеви во сите натпреварувања постигна 28 голови.

„Не размислувам за тоа. Можеби кариерата ќе ја завршам следната сезона, а може ќе играм до 40 или 41 година. Не знам. Она што можам да кажам е дека уживам играјќи фудбал“.

Докажувањето и рекордите, секоја година го прават да биде подобар. Роналдо имаше коментар и за ова.

„Постојат ли фудбалери кои имаат повеќе рекорди од мене. Не сум сигурен“, рече ѕвездата на Јувентус.

Извор: https://sportmedia.mk/

Барселона се обидела да го купи Нејмар за 10 милиони евра

во категоријата Спорт

Медиумите ширум светот секојдневно пишуваат најразлични информации за Нејмар и неговото заминување од ПСЖ. Бразилската ѕвезда се поврзува со Барселона, Реал и Јувентус, но во преден план е каталонскиот гигант.

Во изминатиот период челниците на Барса дојдоа во Париз на преговори, но не дојде до договор.

Сепак неофицијално до 2. септември кога завршува преодниот рок во Ла Лига треба да испратат сериозна понуда.

Кога сме кај преговорите, шпанските медиуми објавија дека францускиот првак вчера одбил интересна понуда. Барселона му понудила 10 милиони за Нејмар. Бразилецот да дојде на едногодишна позајмица со можност за отокуп на неговиот договор за дополнителни 170 или 180 милиони евра.

Но, секако оваа понуда е одбиена, од ПСЖ веќе неколку пати порачаа дека Нејмар нема да го продадар за помалку од 222 милиони евра, сумата која ја дадоа во 2017 година токму на Барселона.

Извор: https://sportmedia.mk/

Манчестер Јунајтед на Санчез му исплатил нестварна сума

во категоријата Спорт

Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед дојде во јануари 2018 година од Арсенал. Требаше да биде големо засислување, но не ги исполни очекувањата.

Искусниот напаѓач одигра вкупно 45 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, постигнат пет голови, кои добро ги наплати. За повеќе од година и пол на „Олд Трафорд“ тој заработи 41 милиони фунти, односно 8,2 милиони фунти за секој постигнат гол. Оваа цифра сигурно е доволна за да ги преброди оние критики на фановите на овој клуб.

Алексис во следните денови треба и официјално да стави потпис со Интер.

Извор: https://sportmedia.mk/

Битола ќе гледа СЕХА-лига, Еурофарм Работник доби рок

во категоријата Спорт

Во салата „Боро Чурлевски“ и натаму на големи се работи на дотерување за исполнување на сите услови кои ги бара СЕХА-лига и секако ЕХФ. Најголем проблем засега е осветлувањето, поставување на втор семафор, минатата недела тоа беше главна цел на челниците на клубот, како и на градот.

Не само што се реновираат соблекувалните, трибините и внатрешниот простор…се работи и на надворешниот изглед на салата. Битолчани мора да имаат соодветно место за паркинг, како и фасада.

Според неофицијални извори, Еурофарм Работник ќе може да ги игра мечевите од СЕХА-лига пред битолската публика, челниците на регионалното натпреварување му дале рок на македонскиот вицепрвак, се верува дека ќе ги исполни сите барања.

Стартот на новата сезона во регионалната лига е закажан за 3. и 4. септември, битолчани се домаќини на Спартак Москва.

Извор: https://sportmedia.mk/

Во спортот нема политика: АЕК го испочитува Вардар (ФОТО)

во категоријата Спорт

АЕК својата турнеја во Македонија ја заврши со меч против европскиот и македонски првак Вардар. Победник од овој дуел беа „црвено-црните“ славеа со убедливи 31-24 (14-11).

Грчкиот тим кој претходно беше нерешлива енигма за Бутел Скопје, Охрид и на сметка на Еурофарм Работник го освои струшкиот турнир, му се заблагодари на Вардар. Желбата со соработка секако е обострана, македонскиот тим одговори шампионски.

 

Извор: https://sportmedia.mk/

СВЕТСКИ РЕКОРД – со велосипед „леташе“ со 280 километри на час!

во категоријата Спорт

Британецот Бил Кембел на аеродромската писта Елвингтон во северен Јоркшир во Обединетото Кралство постави нов светски рекорд во брзина на возење на велосипед. Тој постигна максимална брзина од 280,557 километри на час!!!

Кампебл за 14 километри на час го собори претходниот рекорд кој 24 години го држеше Холанѓанец от Фред Ромпелберг поставен во Солт Лејк Сити во Соединетите Американски Држави.

Кемпел бил повлечен од автомобил „порше кајен“, а потоа со сопствена сила на делницата од 200 метри постигна рекордна брзина.

После соборување на рекордот, тој најаваи дека планира со велосипед да достигне брзина поголема од 350 километри на час.

Извор: https://sportmedia.mk/

Местото на најмалите патници во возилото, секогаш е одзади

во категоријата Македонија

Местото на најмалите патници во возилото, секогаш е во соодветно седиште, одзади.

Во случај на сообраќајна несреќа, воздушните перничиња се отвораат за 1/20 од секунда со брзина од над 300 километри.
Во зависност од возраста на детето, ова може да предизвика сериозни повреди.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/

Сојлу: „Американците пред 14 дена во Сирија разговараа со терористите на МЛКП”

во категоријата Свет
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу: Американците пред 14 дена во Сирија разговараа со терористите на МЛКП, оние кои ги елиминиравме од нашите села. Знаеме и за што разговараа”, јавува Anadolu Agency (AA).


. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/

Еурофарм Работник имаше шанса за победа, на крајот се спасуваше од пораз

во категоријата Спорт

Ракометарите на Еурофарм Работник со реми го отвори 51. издание на интернационалниот турнир во Добој, откако одирано без победник против Луцерн (24-24). Битолчани имаа шанса за победа, во последните четири минути влегоа со позитива од два гола која брзо ја загубија, на крајот се спасија од пораз, последниот удар на противникот заврши во рацете на Митревски, кој средбата ја заврши со 12 одбрани.

Првото полувреме му припадна на швајцарскиот тим (13-14), откако македонскиот вицепрвак пред крајот „прокоцка“ позитива од три гола 12-9. Во овој период падна концентрација, реализацијата беше под нивото.

Во второто полувреме во воведните 14. минути видовме малку голови, вкупно четири, сите во креација на ракометарите на Еурофарм Работник, кои поведоа со 17-14. Никола Митревски имаше две клучни одбрани.

Луцерн се врати во игра, но битолчани одржуваа предноста од два гол, беше 21-19 во 52. минута. Токму по последните плус два (22-20), Швајцарците израмнија на 22-22 на четири минути до крајот и најавија неизвесна завршница, дури имаа шанса да победат, но последниот удар заврши во рацете на Митревски.

Алушовски и неговите момци утре силите ќе ги одмерат со Слога, дуелот е закажан во 19:15 часот.

Извор: https://sportmedia.mk/

оди на почеток