Posted on во категоријата Македонија

Претставници на Националното здружение за МС одржаа состанок со министерот Филипче

Претставници на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза денеска одржаа состанок со министерот за здравство Венко Филипче …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Ружичка по средбата со Варвициотис: Го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија

   Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Мигранти и бегалци пронајдени во објекти под опсада, пренесени во прифатен центар на Пелопонез

Мнозинството бегалци и мигранти кои вчера беа пронајдени во два објекта под опсада во центарот на Атина, пренесени се во прифатен центар …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Албанија: Условна затворска казна за екс министер за внатрешни работи

Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, осуден е на условна затворска казна во траење од три години поради злоупотреба на …Продолжи да читаш

свет

бизнис

Posted on во категоријата Економија

За седум месеци реализирани само 24,5 проценти од капиталните инвестиции

За седум месеци од почеток на годинава реализирани само 24,5 проценти од предвидените капитални инвестиции. Владата за оваа година предвиде рекордни 422 …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Поскапува дизелот, Регулаторна го објави новиот ценовник

Со денешната одлука на Регулаторната комисја за енергетика, од ноќеска на полноќ стапува во сила новиот ценовник за горивата. Согласно најновата одлука, цените …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Заев и Брнабиќ го означија почетокот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Македонија и Србија

Премиерот Зоран Заев и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, денеска го одбележаа стартот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Србија и …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Првото расклопување на iPhone 11 Pro Max потврдува 4000mAh батерија

Од Кина пристигнуваат први фотографии од расклопувањето на новиот iPhone 11 Pro Max, кој открива изненадување во вид на батерија од 4000mAh. Попрецизно, батеријата …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Претставени новите Huawei Mate30 и Mate30 Pro, ни збор за Google и Android (ВИДЕО)

Кинеската компанија Huawei ги претстави своите најнови премиум смартфони од серијата Mate30. Настанот во Минхен привлече многу внимание, особено имајќи предвид дека …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Нова технологија на полнење на батеријата: Од 0 до 100 проценти за само половина час!

Иако сите корисници на паметни телефони со нетрпение чекаат некој револуционерен момент во развојот на батериската техногија, кој ќе овозможи повеќедневно траење …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Академскиот уметник Зоран Арсовски успешно ги промовира своите дела во Србија

Академскиот уметник Зоран Арсовски – Бабата, по реализирањето на своите самостојни изложби, првата во престижната „Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан“ во …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Град Скопје 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19 до 22 септември, 28. пат, го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Град Скопје по 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19. до 22. септември, по 28 пат, го организира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Работнички ја доби контролата со Еуроникел, Гостивар подобар од Пелистер

Прволигашите на големо се влезени во последната фаза од подготовките за новата сезона, одигрување на контролни натпревари. Работнички го забележа вториот триумф, …Продолжи да читаш

Рама најави трансформација на Пустец и областа Преспа

во категоријата Македонија

Пустец, 29 септември 2018 (-) – Селото Пустец во областа Мала Преспа, лоцирано покрај брегот на Преспанско Езеро, ќе биде опфатено со проектот на албанската влада „100 села“, соопшти премиерот Еди Рама на средбата со жителите на плоштадот „Гоце Делчев“.
Рама рече дека со проектот Пустец ќе доживее многу значајна трансформација која ќе привлече повеќе туристи и апелира жителите да станат дел од проектот со нудење сместување за гостите.
– За оваа преубава област, со оваа средба, почнува процесот на трансформација. Ова е сигурен сигнал за она што сакаме да го направиме во однос на урбанистичко планирање и инфраструктурни теинвестиции, истакна Рама.
Тој упати апел до печалбарите и иселениците да инвестираат во нивните родни места, не само за економски да ги зајакнат селата, туку и за да остварат профит.
На средбата беше соопштено дека германската банка за развој одобрила 3,5 милиони евра за развој на Преспа. вт/мч/19:09
 
###

Извор:https://www.mia.mk

Ни Штербик, ни Веспрем не најдоа лек: Моќниот Вардар со триумф среде Унгарија!

во категоријата Спорт

Ракометарите на Вардар ја забележаа третата победа во Лигата на шампионите, откако славеа на гостувањето кај унгарскиот вицепрвак Веспрем со 25-27. По двете победи над европскиот шампион Монпелје и шведскиот Кристијанштад, пред налетите на вардарци „оружјето“ го положи и гигантот Веспрем.
Штербик одлично го почна мечот со одбранет пенал на Чупиќ, а Наѓ набрзина погоди за предност од 1-0. Кристопанс израмни по еден долг напад на Вардар, а во следниот период се играше гол за гол, иако Веспрем имаше прилики и за повисоко водство, но Терзиќ и Гајиќ промашуваа.
Со бомбите на Борозан и голот на Дибиров од контра, Вардар стигна до +3, а по добрите интервенции на Милосављев, „црвено-црните“ има и максимални +5, 6-11 со голот на Калараш. Беше и 7-12, по што следуваше црна дупка во играта на вардарци. Штербик одбрани два пати во серија, а неговите соиграчи погодија во нападот и Веспрем се врати на 11-12.
Сепак по тајм-аутот на Пародно, Кристопанс реализираше во мрежата на Штербик и Вардар поведе со 11-13. Домашните направија грешка, нашиот шампион имаше скоро цела минута за последниот напад, но Веспрем со ситни прекршоци ги прекинуваше акциите и на крајот не беше упатен удар, па на пауза се замина со 11-13.
На стартот на вториот дел беше 12-14, но за разлика од првиот дел, сега Веспрем лесно ја пробиваше одбраната на Вардар и со четири гола во серија стигна до 16-14, па Парондо мораше да интервенира со тајм-аут. Борозан намали на 16-15, а во следната акција Калараш промаши празен гол, но Дибиров ја поправи грешката и израмни на 16-16.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков влезе во игра во вториот дел наместо Штрлек и реализираше за 17-16. Потоа се играше гол за гол, а повторно Манасков беше во улога на реализатор и го врати Веспрем на +2, 21-19. Борозан за момент намали на 21-20, а при 22-20 Веспрем остана без Благотиншек и Манасков, но Чупиќ не погоди против Штербик.
Со серија од три голови, Вардар пак го врати водството на своја страна, 22-23 на пет минути до крајот. Беше и 23-24, но Манасков ја анулираше таа предност и израмни. Вардар стигна до +2 преку Мораес, 24-26, а по одбраната на Милосављев, Кристопанс донесе недостижни 24-27. До крајот домашните само намалија на 25-27.
Најдобри стрелци во вардаровиот тим беа Борозан и Дибиров со по пет гола, а голманот Милосављев имаше 11 интервенции. Кај Веспрем се истакна Гајиќ со четири погодоци. Во следното коло Вардар на домашен терен ќе се сретне со Рајн Некар Левен.

Извор: https://www.gol.mk/

Десетина повредени и петмина уапсени во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона

во категоријата Свет

Најмалку 14 лица се повредени и петмина се уапсени откако каталонски сепаратиски денеска се судрија со полицијата во центарот на Барселона.Три лица се хоспитализирани, а на останатите 11 повредени им била укажана помош на лице место.Каталонските сепаратиски денеска неколку пати се судрија со полицијата, откако прво фрлија боја во прав врз полициските кордони, а потоа ги нападнаа. Сепаратистите протестираа против марш на поддржувачи на шпанската национална полиција.Судирите се случуваат два дена пред годишнината од референдумот за независност на Каталонија.Десетина повредени и петмина уапсени во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона was last modified: September 29th, 2018 by Ана

Извор: https://a1on.mk/

Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани

во категоријата Македонија

Заврши гласањето на референдумот на македонските државјани во Србија кои го остварија своето право во Дипломатско-конзуларното преставништво во Белград. Како што јави дописникот на МИА, од запишаните 24 граѓани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија на гласачкото место 5025 до 19.00 часот гласаа 17 лица.– Гласачкото место 5025 беше отворено на време, во седум часот и затворено во 19 часот. Од 24 запишани гласачи, вкупно гласаа 17 македонски државјани. Гласањето течеше непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на изборниот одбор во ДКП Белград, Александар Поповски.Македонските државјани во Србија трет пат го остваруваа гласачкото право, а прв пат на референдумско изјаснување. Во претходните изборни циклуси бројот на пријавени македонски државјани за парламентарните и за претседателските избори во 2014 година изнесуваше 421, односно 392 гласачи.Причините за малиот број пријавени гласачи во Србија се повеќе. Но, според бројот на македонските државјани кои деновиве ја контактираа македонската амбасада во Белград, бројот на неинформираните гласачи е многу поголем.– Имаме примери на граѓани кои дојдоа на гласање на ова гласачко место, но поради испуштениот рок на пријавување не можеа да го остварат своето гласачко право во ДКП Белград и затоа беа упатувани своето гласачко право да го остварат во Македонија, рече Поповски.Според изборните правила, гласачите на прстот беа обележани со невидлив спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа.– Од овој референдум очекувам да го реши повеќегодишниот проблем меѓу Македонија и Грција и да ни биде многу подобро, изјави Славе Груевски од Горни Милановац.Гласањето во ДКП Белград се одвиваше мирно и непречено, а гласачкото место се затвари во 19 часот.Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани was last modified: September 29th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Мурињо го „изгоре“ Марсијал, но пронајде и една светла точка во новата катастрофа на Јунајтед

во категоријата Спорт

joze-malku

Жозе Мурињо не заборави да испрати јасни забелешки до судиите на мечот меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед и ја подели вината меѓу линискиот и главниот судија за првиот и третиот гол на домаќините, но исто така имаше и анализа за играчите од кои е разочаран, односно крајно воодушевен.

Португалкиот стручњак нагласи дека првиот гол на Вест Хем бил постигна од офсајд, додека на третиот претходел прекршок над Рашфорд, но сето тоа го тргна настрана кога реши да собира замерки за играчот на кој денес му даде шанса во тимот.

Голем дел од јавноста и фановите на Јунајтед бараа Ентони Марсијал да добие шанса од Мурињо, а денеска Португалецот иронично им одговори на сите по изданието кое го имаше Французинот.

– Не знам колку месеци наназад, луѓето го бараа Марсијал. Велеа Марсијал, Марсијал, Марсијал. Решив да ги послушам и да му дадам шанса пред Алексис, а на крајот видовте што се случи, – порача Мурињо во свој стил, но од друга страна пак, имаше пофалби само за младиот Скот МекТоминеј кој дефинитивно беше единствена светла точка во денешниот меч на Јунајтед ако се одземе Рашфорд кој доби шанса во завршницата.

– МекТоминеј беше најдобар од наша страна, имаше фантастичен однос и став на теренот. Беше агресивен, паметен и квалитетен со топката во нозе. Ако можам нешто да издвојам, тоа е работата која ја заврши ова дете. Едноставно знае да игра фудбал, – посочи Мурињо.

Извор: https://derbi.mk/

Кралството Шведска со донација од 300.000 евра за делчевската болница

во категоријата Македонија

Делчево, 29 септември 2018 (-) –  На граничниот премин „Делчево“ денеска пристигна донација вредна 300.000 евра, наменета за здравствениот дом „Гоце Делчев“. Донацијата во понеделник ќе биде доставена во делчевската болница.
 
Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски изрази благодарност до Шведската хуманитарна организација „Хенд тил хенд“ на чија иницијатива се реализира активноста.
 
– Со оваа донација техничкиот капацитет на Здравствениот дом во Делчево во голема мера ќе се зголеми. Од друга страна сите инструменти кои се дел од донацијата ќе бидат достапни за нашите граѓани кои овде ќе можат да извршат одредени медицински услуги и со тоа да го одбегнат патувањето во другите центри, во Кочани, Штип или Скопје. Огромна благодарност до донаторите Кралството Шведска како и до самите чинители кои помогнаа оваа донација да стигне во Делчево, тоа се невладината „Хенд тил хенд““ како и стручниот соработник на локалната самоуправа, рече Трајковски.
 
Ова е четиринаесетта донација на Шведската невладина организација на територијата на Република Македонија.
 
– Ние носиме донација со опрема за болницата во Делчево, која се состои во медицинска опрема, рентген и друг вид на апарати, болнички кревети, разни помагала и постелнина. Донацијата е во вредност од 300.000 евра и за да ја донесеме овде имавме голема поддршка од градоначалникот Трајковски и неговите соработници и се надеваме дека и понатаму ќе имаме успешна соработка, рече хуманитарката Марија Русенгрин.
 
Во знак на благодарност и одличната соработка, градоначалникот Трајковски на претставниците на шведската невладина организација им додели плакета. вс/дма/18:13
###

Извор:https://www.mia.mk

ФотогалеријаПобеда и Вардар се измачија во меч со хепи-енд за „црвено-црните“

во категоријата Спорт

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар продолжи да игра одлично во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и по осум кола се уште нема пораз. Пред вардарци во новото коло падна Победа, која во Штип е совладана со 1-0 (0-0). На дуелот на Градскиот стадион во градот под Исарот шансите можеа да се избројат на прсти и двата тима доста се мачеа. Дуелот заврши со хепи-енд за „црвено-црните“, а човек на одлука беше Вилијан Лира кој полека, но сигурно, влегува во форма. Нареден предизвик за Вардар ќе биде домашен дуел со Академија Пандев.

Извор: https://www.gol.mk/

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“, гори викендичка во Љубаништа

во категоријата Македонија

Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица“ во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово.Според информациите од Територијалнаа противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во Националниот парк, така што пожарот е целосно изгаснат.Инаку, две возила на противпожарната служба од Охрид во моментов се испратени на интервенција во селото Љубаништа, каде гасат пожар што избувнал во една од викендичките.Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“, гори викендичка во Љубаништа was last modified: September 29th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Од понеделник се укинува патничкиот воз Белград – Скопје – Солун

во категоријата Бизнис

28 септември 2018 / 14:33Патничката железничка линија Белград – Скопје – Солун од понеделник дефинитивно нема да сообраќа. И по напорите на официјално Скопје да ја предомисли Српската железница да не ја укинува оваа линија, возовите од понеделник, па до 15 јуни следната година нема да возат. Од Македонски железници-транспорт за Алсат М потврдуваат дека после состанокот одржан во Белград, од „Србија воз“ биле категорични дека оваа железничка линија им е неисплатлива да вози во текот на целата година.Македонски железници-Транспорт:Дефинитивно од понеделник нема да сообраќа возот на меѓународната железничката линија Белград-Скопје-Солун. Имаме преговори и разгледуваме други опции за железничко поврзување со двете соседни земји. „Србија воз“ повторно ќе ја воспостави оваа линија од 15 јуни следната година и ќе сообраќа само за време на летната сезона.“„Србија воз“ уште во јануари годинава ги известиле МЖ Транспорт дека во согласност со грчки „Tренос“, донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост. Таквата одлука ја донеле како железнички управи од каде тргнува односно пристигнува возот, а МЖ Транспорт како транзитна железничка управа има право само да вложи приговор. Возот, според известувањето од „Србија воз“, би сообраќал сезонски во летните месеци од 15 јуни до 15 септември.Александра Спасевска

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/

 

оди на почеток