Posted on во категоријата Македонија

Стоилковски: Антикорупциската комисија и обвинителството се потчинети на државната мафија

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска обвини дека Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство се очигледно потчинети на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура

„Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Поранешниот романски претседател „за“ легализација на проституцијата

Поранешниот романски претседател Трајан Басеску изјави дека поддржува легализација на проституцијата, со цел намалување на шверцот со луѓе. Басеску го критикуваше недостигот …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Се распушти косовскиот парламент – Харадинај: Сега народот одлучува кој ќе ја води државата

Денеска се распушти шестиот состав на Собранието на Косово. Во моментот на гласањето во салата беа присутни 106 пратеници, од кои 89 …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Хрватско МНР: „Неприфатлива изјавата на Вучиќ за случувањата на почетокот на 1990-тите“

ЗАГРЕБ (АА) – Министерството за надворешни и европски прашања на Република Хрватска ја отфрли изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, за оправданоста …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

Со многу забавни активности за најмладите и со специјални попусти и подароци за потрошувачите, компанијата „Веропулос“ в понеделник (26 август) ќе го …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Викенд Медиа Фестивал: Како да го задржите најдоброто, кога сите сакаат да заминат?

Медиумите секојдневно известуваат за “црните“ години во кои огромен број на луѓе си заминуваат од Хрватска во потрага по подобра работа. Најголем …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Трговска војна со Косово; ССК: Имаме штети, да се најде решение

Додека Владата дипломатски се обидува да ги тргне трговските бариери со Косово, трговците почнаа да ги чувствуваат загубите. Од Сојузот на стопански …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Погледнете го местото каде што се случила катаклизмата која ја уништила древната Земја (ВИДЕО)

Група американски археолози кон средината на 80-тите години од минатиот век, на сателитски снимки забележала дека полуостровот Јукатан во Мексико е речиси …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Samsung го претстави 240Hz G-Sync компатибилниот заоблен CRG5 Монитор за игри во Европа на Gamescom 2019

Првиот светски монитор за игри со 240Hz RapidCurve™ со NVIDIA G-Sync компатибилност овозможува гејминг искуство во кое целосно ќе се внесете Samsung Electronics …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

НАСА: На Гренланд има доволно мраз за да го зголеми нивото на морињата за 7,5 метри

Американската вселенска агенција НАСА постави на Гренланд база за својата научна програма ОМГ (Oceans Melting Greenland – Oceani tope Grenland). Океанографите на …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци“, која ја доделува „Струшки вечери на поезијата“. Одлуката на жири-комисијата …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Почеток на детската и младинската програма на „Македокс“

Програмата на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ денеска ќе биде одбележена со почетокот на детската и младинската програма. Во 19 часот …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

АНАЛИЗА СЕРИЈА „А“: Дамата ја напаѓаат поранешните „момци“!

А на „скудетото“ се надева и Наполи. Нивниот најголем квалитет е стабилноста. Помина периодот на транзиција и имплементирање на филозофијата на Анчелоти. …Продолжи да читаш

„Штркот“ Вудард е МВП на првата рунда во АБА2 лигата

во категоријата Спорт

James Woodard

Македонскиот вицешампион, МЗТ Скопје имаше одличен старт на сезоната во АБА2 лигата и тоа со победа над Хелиос Санс Домжале од 92-79.

Во овој триумф неколку играчи на „металците“ се истакнаа, а еден од нив дури и успеа да го добие признанието за МВП на првата рунда во ова натпреварување. Станува збор за Американецот, Џејмс Вудард кој постигна 19 поени со 5 скокови, 4 асистенции, 2 украдени топки или севкупно 25 индексни поени со што беше најдобар на стартот во АБА2 лигата.

МЗТ има свои претставници и во другите категории, односно играчи кои се во Топ 3, па така Бојиќ е на третото место по бројот на поени (22), а пак Медфорд е втор асистент на колото.

Извор: https://derbi.mk/

Рама и неговите министри во Корча дочекани со протести

во категоријата Свет

Албанскиот премиерот Еди Рама и членовите на неговиот Кабинет денеска во Корча беа пречекани со протест под мотото „Рама оди си“.
Владата  во Корча престојува во рамки на активноста „Целото внимание за Вас“ каде пред граѓаните презентира активности за подобрување на условите за живот и проекти за зголемување на вработеноста.
Средбата со граѓани се одржува во „Куќата на знамето“ пред која е поставен полициски кордон.
Во еден момент беше и тензично кога кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во објектот, но полицијата ги спречи во тоа.
На протестот на кој присуствуваа и пратеници од опозициската демократска партија, еден од нив, Клевис Балиу, им се обрати на полицајците„за кого работите,за народот или за бандитите “на што следуваше одговор на еден од нив „за семејството“.
Инаку,ова не е првпат Рама да биде дочекан со протести. Во мај и јуни со протести беше пречекан во Валона, Фиер, Лушња, Елбасан, Церик, Балш каде престојуваше во рамки на Националниот саем за вработување,како и во Елбасан во почетокот на овој месец каде беше на средба со просветни работници пред почетокот на учебната година.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

Дуња и Даела ве очекуваат: Скопската Зоолошка градина со нови членови во семејството (ФОТО)

во категоријата Македонија

По цели 26 години Скопската Зоолошка градина во своето семејство ги доби слониците Дуња и Даела, кои пристигнаа од Белгија пред неколку дена.
По повод нивното доаѓање денеска во Зоолошката градина беше организирана и манифестација, на која настапија членовите на „Златно славејче“ и детската атракција пет+бенд.

Дека навистина скопјани се радуваат на доаѓањето на Дуња и Даела говори и фактот што зоолошката градина денеска беше претесна да ги собере сите посетители кои дојдоа да им посакаат добродојде на слониците.

Последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците е изградено е ново живеалиште, со отворен и затворен дел, според најсовремените светски стандарди и според површината која ја зафаќа е едно од најголемите во скопската Зоолошка.
Инаку Дуња е азиска слоница и е најголемата од нејзиниот вид во Европа, а Даела е африканска слоница. Слониците се донација од Европската асоцијација на зоолошки аквариуми.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен филмот „Скаут“ на Алекс Цветков

во категоријата Македонија

Битола, 29 септември 2018 (-) – На последната прес конференција од годинашниот ИФФК „Браќа Манаки“, во Битола беше претставен дел од тимот на краткометражниот игран филм „Скаут“ на режисерот Алек Цветков, син на Рок Цветков познатиот каскадер со македонско потекло.  
На средбата со новинарите во Битола, режисерот Цветков говореше за мотивите и неговата љубов кон филмот, која е резултат на честите присуства на снимање филмови заедно во неговиот татко.
– Со моето запишување на режија мислам дека го остварив сонот на татко ми, кој поради тоа што многу работеше немаше време да се образува. За мене, пак, е особено важно што токму со него го правев првиот филм. Имав трема, бев исплашен, бидејќи имав многу искусен тим и мислев дека нема да ги исполнам нивинте очекувања, но тие навистина ми веруваа и ме поддржаа. Дејан Димески го запознав на снимањето, го внесе целото искуство и одлично го сработивме филмот, рече Алекс Цветков.
Дел од тимот се Рок Цветков, актер и каскадер, кој бил вклучен во многу филмови во Европа и во Холивуд, Вања Сремац од Хрватскиот аудио-визуелен центар, Тјаша Цветков, која е дел од екипата и Дејан Димески, кинематографер, добитник на Бронзена камера 300 минатата година, информираше Гена Теодосиевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“.

Последниот ден на годинашново издание на ИФФК “Браќа Манаки“ поминува во знакот на исчекувањето на имињата на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена камера 300,  која се доделува на најдобрите кинематографери од филмовите во главната програма Камера 300. Освен овие три главни награди ќе биде доделена и Мала камера 300 од конкуренцијата на краткометражни филмови.
Освен краткиот филм „Скаут“, кој се прикажува надвор од официјалната конкуренција, публиката во Центарот за култура во Битола, ќе го види и последниот филм од главната програма „Црниот Кју-Клукс- клановец“, во режија на Спајк Ли. мт/вг/13:58
###

Извор:https://www.mia.mk

Роналдо се јави: Јас имам свој музеј, ви честитам Салах и Модриќ (ВИДЕО)

во категоријата Спорт

Португалскиот ас Кристијано Роналдо одговараше на прашања на следбениците на социјалните мрежи и даде коментар за наградата „Пушкаш“ на ФИФА, како и Златната топка која замина во рацете на Лука Модриќ.
Хрватот по долго време успеа да ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо. Португалецот му честита за тоа и вели дека трофејот е заслужен.
„Добивам многу пораки за наградата „Пушкаш“. Јас веќе имам свој музеј, сепак, се работи за добар гол и Салах го заслужи тоа. Исто така честитки и за Модриќ за освоениот трофеј“, кажа Роналдо.

Cristiano congratulating Salah and Modric pic.twitter.com/K5ITxnAzgi
— Cristiano Ronaldo (@Cr7Fran4ever) September 28, 2018
Модриќ ја освои наградата за најдобар играч во светот и ги комплетираше трите награди во годината, благодарение на кои стана првиот играч во историјата кој е прогалсен за најдобар играч во светот, најдобар на Мундијалот и најдобар играч според изборот на УЕФА.

Извор: https://www.gol.mk/

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

во категоријата Регион

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија was last modified: September 29th, 2018 by Ана

Извор: https://a1on.mk/

Пожарот близу Арачиново изгаснат, штетата незначителна

во категоријата Македонија

Пожарот близу Арачиново што избувна синоќа околу 21 часот на местото викано „Шамак“, бил изгаснат после час откако интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.Како што изјави за МИА в.д. командирот на ТППЗ на Скопје, Звонко Томевски, станува збор за опожарена поголема површина сува трева, трска и пченка. Поради конфигурацијана на теренот и близината до каналот, бил отежнат пристапот на пожарните возила. Настаната штета е незначителна.Пожарот близу Арачиново изгаснат, штетата незначителна was last modified: September 29th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Атракција: Андерсон со магичен погодок го отвори Јунајтед (Видео)

во категоријата Спорт

anderson

Во овие моменти се игра првиот меч од новата рунда во Премиер лигата, а екипата на Вест Хем води против Манчестер Јунајтед со 1-0.

Домаќините на самиот старт го отворија резултатот и тоа по одличната комбинација меѓу јужноамериканците Забалета и Андерсон по што овој вториот со мајсториски потег ја начна мрежата на Давид Де Хеа.

Извор: https://derbi.mk/

Најмалку 17 повредени во силниот тајфун што ги погоди јужните јапонски острови

во категоријата Свет

Најмалку 17 лица се повредени откако силниот тајфун „Трами“ го погоди јапонскиот остров Окинава, јавија светските медиуми.
Јапонските метеоролози предупредуваат дека бурата викендов ќе помине и низ останатиот дел од јапонскиот архипелаг.
На аеродромот во Наха, главниот град на префектура Окинава, откажани се околу 400 летови. Утре таму ќе се одржат избори за гувернер.
Компанијата за електродистрибуција „Окинава илектрик пауер“ соопшти дека околу 195. 000 домаќинства на Окинава и некои од соседните помали острови останале без електрична енергија.
Брзината на ветарот до окото на тајфунот во моментов изнесува 216 километри на час. Се очекува невремето утре да стигне до главните јапонски острови и да предизвика екстремна метеоролошка состојба во цела Јапонија.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

оди на почеток