Posted on во категоријата Македонија

Милошоски: Само во Белизе Премиерот е и министер за финансии, и тој е најспоменуван за криминал; Заев: Гледам вие најдобро знаете за Белизе

Жестока дебата се водеше денеска во Парламентот по повод гласањето за реконструкцијата на Владата. Премиерот Зоран Заев се повлече од идејата да …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Јован Митревски наместо Артан Груби ќе ги филтрира вработувањата во новата УБК

Претеникот Јован Митревски е именуван за член на комисијата за избор на вработените во новоформираната Агенција за национална безбедност. Тој доаѓа наместо …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Лути на Заев, НДП и Весел Мемеди се повлекуваат од власта

Националната демократска преродба и нејзиниот претседател, Весел Мемеди, ја напуштаат и Владата и Собранието. Причина за тоа е одлуката на премиерот Заев …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

За изборите во Албанија в недела ќе бидат ангажирани над 12.000 полициски службеници

Повеќе од 12.000 припадници на албанското Министерството за внатрешни работи ќе бидат ангажирани на денот на локалните избори,30 јуни, од нив околу …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

„На состаноците со Трамп и Путин ќе го изнесам прашањето за Сирија”

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека на претстојните состанои со американскиот претседател Доналд Трамп и со …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Почна гласањето за нов Генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа од изутринава гласаат за избор на нов Генерален секретар на најстарата паневропска организација, …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Доделени сертификатите на припадниците на Армијата за познавање на турскиот јазик

СКОПЈЕ (АА) – Денеска во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, на 12 припадници на Армијата им беа доделени сертификати за …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

„Владата се фали со економијата, а го менува Тевдовски“

Владата и Основното јавно обвинителство се без конкретен одговор по обвинувањата на екс-советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ за местење на …Продолжи да читаш

технологија

култура

Posted on во категоријата Култура

Министерството за култура отвотено за барањата на синдикатот на културни работници

Од министерството за култура велат дека во неодамнешниот процес на нивелација на платите во сферата на културата, учество земале сите релевантни фактори …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Истанбулското биенале годинава на три локации, ќе бидат изложени 38 дела

Шеснаесеттото по ред Истанбулско биенале годинава ќе се одржува од 14 септември до 10 ноември на три спектакуларни локации во турската метропола …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Што се случува со Митов-Нилсон? Во две години само еден настап, и натаму ја „грее“ клупата

Кога Норчепинг ја освои титулата во Шведска во 2015 година, Давид Митов-Нилсон беше неизоставен дел од голот на овој тим. Беше пред …Продолжи да читаш

Лути на Заев, НДП и Весел Мемеди се повлекуваат од власта

во категоријата Македонија

Националната демократска преродба и нејзиниот претседател, Весел Мемеди, ја напуштаат и Владата и Собранието. Причина за тоа е одлуката на премиерот Заев со реконструкцијата на владиниот кабинет да биде зафатено и Министерството за локална самоуправа кое ù е одземено на НДП. На одржаната прес-конференција Мемеди изнесе сомнежи за можен договор меѓу СДСМ и ДУИ да му се одземе министерството по, како што тој ги нарече, кампањите од подземјето и обидите да се намали вредноста на досегашниот министер Сухејл Фазлиу. Тој побара од премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот, а од ДУИ побара да не гласаат за предлогот.

Весел Мемеди, претседател на НДП

„За да сведочиме за ова голема вредност, денеска поднесуваме неотповикливи оставки од сите директорски и управни одбори, а врв на оваа голема вредност е повлекувањето од позицијата потпретседател на Собрание и враќање на пратеничкиот мандат.“

Мемеди додаде дека неговата партија не ја интересираат позиции и оти нема мандат за да се пазари, како што, според него, барал премиерот. Тој потоа продолжи со тон на фрлање клетви.

Весел Мемеди, претседател на НДП

„Во нашата политика политичките партии се претворија во перални, влегуваш црн, излегуваш бел, бидејќи партиската пропаганда криминалецот го претставува како чесен, а чесниот за криминалец. Одговорноста е пред Бога и народот. Ниеден политички и верски лидер да не прави политички пазар со честа и образот на чесните, бидејќи кога и да е тоа се враќа врз нивните деца со многу поголема цена.“

На местото на Сухејл Фазлиу, премиерот Заев за министер за локална самоуправа го предложи лидерот на ЛДП, Горан Милевски, кој досега беше пратеник од редовите на мнозинството. После Мемеди на листата кандидат за пратеник од предизборната коалиција меѓу НДП и Алијансата за Албанците е Арта Точи од партијата на Зијадин Села.

Fatlume Dervishi 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/

„Романтичарите“ тргнаа: Минатата сезона во заборав, во новата кон Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

во категоријата Спорт

Работнички со новиот шеф на стручен штаб Александар Влахо, подмладен, и со тројца нови играчи, денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона. Амбициите се излез во Европа, но најпрво треба да се заборави минатата сезона во која „романтичарите“ буквално во последните секунди испуштија можност да играат во Европа.

Сега со нови амбиции, драстично подмладен, овој тим ќе се обиде да го изборува настапот во Европа. А, знаејќи ја ситуацијата во Вардар, зошто да не чепне и вицешампионска позиција. Барем Работнички секогаш бил „фаворит“, но од сенка.

Еве како изгледаше денешниот прв тренинг на „романтичарите“ низ фотогалерија.

Извор: https://sportmedia.mk/

Буфон се враќа дома – во Јувентус

во категоријата Спорт

Ниту Лидс, ниту Порто… Џанлуиџи Буфон се враќа дома, во Јувентус.

Тој идната сезона би требало да биде резерва за првиот голман на Јувентус, и полека да се подготвува за некоја раководна функција во клубот во кој мина 17 години (од 2001 до 2018).

Минатата година ја мина во дресот на ПСЖ со надеж да ја освои Лигата на шампионите, но во тоа не успеа.

Иако се шкеулираше негов „кам-бек“ во Парма, сепак, се чини ќе се врати во Јуве.

Инаку Јувентус ќе го дава Матиа Перин кој не сака да биде резерва на моментално првиот голман, Војчех Шчесни. Инаку од Јуве доаѓа информацијата дека меѓу диреците сака да го види Кепа од Челзи.

Извор: https://sportmedia.mk/

Се преврте товарен воз во Словенија, истекле 10 тони керозин

во категоријата Регион

Товарен воз излета од шините и се преврти во југозападниот дел од Словенија, во местото Храстовље. Притоа од вагон-цистерните истекле околу 10 тони керозин.

Пожарникари повеќе часови се обидуваат да го спречат истекување на керозинот. Се стравува дека горивото би можело да продре до изворите за вода, кои ги има многу во областа, и да ја загрози животната средина.

Возот со шест вагон сообраќал од Копер до Љубљана, од каде требало да продолжи за Минхен. Причината за несреќата се непознати.

Извор: https://tv21.tv/mk

Леванте нема да го продава Барди, но…

во категоријата Спорт

Голема е веројатноста македонскиот репрезентативец Енис Барди да остане и идната сезона во Леванте. Тимот од Валенсија нема намера да се откаже од услугите на играчот.

Меѓутоа со оглед дека за него има интерес од неколку клубови, сепак, Леванте би го продал, само доколку за него стигне некоја екстра понуда. Во спротивно, останува дел од „сино-црвените“.

Пред две години Леванте го купи од Ујпешт за 1,5 милиони, а сега цената која ја одреди шпанскиот тим изнесува 10 пати повеќе, односно 15 милиони. Доколку стигне некоја таква понуда, можно е Барди да има нов клуб летово.

Извор: https://sportmedia.mk/

Роботите ќе заменат 20 милиони работни места до 2030. година?

во категоријата Технологија

Роботите би можеле да заменат 20 милиони работни места во индустријата во светот до 2030. година, со што би ги влошиле социјалните и географски нееднаквости, но тоа позитивно би влијаело на економскиот раст.

Најмногу ќе бидат погодени работните места со најмали квалификации и тоа на нееднаков начин по земји или во рамките на своите земји, надведува Oxford Economics.

Роботите веќе заземаа неколку милиони работни места од луѓето во индустријата, а тој тренд напредува во другите области, благодарение на модерната технологија и вештачката интелигенција, наведува британското аналитичко биро во извештајот во кој се разгледува и економскиот аспект на употреба на роботи.

Многу аналитичари, меѓутоа, сметаат дека автоматизацијата во воопштена смисла повеќе допринела за создавање отколку укинување на работните места, но е создаден поголем јаз помеѓу работните места со повисоки и пониски квалификации, така што бројните работници останале без работа.

Роботизацијата ќе влијае на зголемување на продуктивноста и на земјоделскиот раст, сметаат експертите, проценувајќи дека светската економија би можела да има профит до 5000 милијарди долари до 2030. година.

Експертите, исто така, укажуваат дека најмногу ќе бидат погодени работните места со повторувачки дејства, како и работните места во центрите за логистика.

Работните места кои бараат “сочувство, креативност и рационална интелигенција” ќе останат во рацете на луѓето со децении, се наведува во извештајот и додава дека роботите сепак ќе бидат поприсутни во трговијата, здравството, угостителството, сообраќајот и земјоделието.

 

ИЗВОР: https://usb.mk

Чешки ривал за вардарци на стартот од Челинџ купот

во категоријата Спорт

Чешкиот клуб Карловарско е противникот на македонскиот претставник Вардар во премиерата во европскиот Челинџ куп. „Црвено-црните“ настапот во третото по квалитет европско клупско натпреварување ќе го стартуваат во второто квалификациско коло (според ранкингот).

Станува збор за ривал, кој во последните четири сезони редовно е дел од европските клупски купови, а ланската сезона ја завршил на петтата позиција во чешкото првенство.

Првиот натпревар се игра на гостински терен, 12-14 ноември, додека една седмица подоцна, односно 26-28 ноември вардарци ќе го пречекаат својот ривал во Скопје.

Доколку ја минат квалификациската фаза, одбојкарите на Вардар ќе се најдат во 1/16 финалето, каде за противник ќе го имаат белорускиот тим Стоител Минск.

Вардар е екипата која ќе се обиде по пауза од една деценија да ја врати на европската мапа, македонската машка клупска одбојка.

Извор: https://sportmedia.mk/

Се превртен товарен воз во Словенија, истекле 10 тони керозин

во категоријата Регион

Товарен воз излета од шините и се преврти во југозападниот дел од Словенија, во местото Храстовље. Притоа од вагон-цистерните истекле околу 10 тони керозин.

Пожарникари повеќе часови се обидуваат да го спречат истекување на керозинот. Се стравува дека горивото би можело да продре до изворите за вода, кои ги има многу во областа, и да ја загрози животната средина.

Возот со шест вагон сообраќал од Копер до Љубљана, од каде требало да продолжи за Минхен. Причината за несреќата се непознати.

Извор: https://tv21.tv/mk

Македонски државјанин летал од Скопје до Дортмунд, од аеродром завршил во затвор

во категоријата Македонија

Македонски државјанин е уапсен во вторникот наутро на аеродромот во Дортмунд, и веднаш приведен во истражен затвор поради истржување на казна од 2 години и 8 месеци, за две поединечни случаи во 2013 и 2014 година.

Не е познато зошто 39-годишното лице не заминало да ја исдржи казната, поради возење под дејство на алкохол во 2013 година. Подоцна во 2014 година имаш уште еден обвинителен акт поради кражба, и за овие две казни требало да мине во затвор.

„Веднаш беше приведен и однесен во затвор на одлежување на казната“, изјавија од Федералната полиција.

 

Извор: https://tv21.tv/

оди на почеток