Posted on во категоријата Македонија

(ВИДЕО) Интервју со министерот за животна средина, Нсер Нуредини

Министерот за животна средина, Насер Нуредини вели дека интензивно работи на откривање на главните загадувачи на воздухот. Во интервју за Алсат телевизија, …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Подем и пад на СЈО, сите беа за Катица Јанева, што се случи?

„Вие редовно ќе бидете информирани за текот на истрагара и содржината што произлегуваат од незаконскткоследење на коминикациите .преку пратениците вие одлучивте и …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб во Струга, еден пожарникар пренесен во болница

Голем пожар ги пеплоса бараките во кои е сместен Едриличарскиот клуб во Струга, кој што се наоѓа во близина на „Машка плажа“. …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства

Косовската полиција уапси косовски државјанин од српска националност, осомничен за воени злосторства против албанско цивилно население извршени за време на војната во …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ

Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за …Продолжи да читаш

свет

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Турска компанија гради фабрика за пластични производи во Бунарџик

Во Бунарџик ќе се гради фабрика за пластични производи. Компанијата Балканлар Пластик ќе инвестира десет милиони евра и најави вработување на 80 …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Проклетство на фараонот: Го извадиле од гробница, сега се плашат од клетва

До 1930. година починале 22 луѓе кои учествувале во отворањето на гробницата на Тутанкамон. Археолозите и членовите на нивните семејства, починале од …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Израелска компанија создаде алатка за хакирање на Apple, Google и Microsoft

Според „Фајненшал тајмс“”, израелската компанија за сајбер-безбедноста NSO Group разви напреден шпионски софтвер Pegasus. Со тоа можете, наводно, да украдете и податоци …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

На „Охридско лето“ изложба на фотографии „Кина во моите очи“

Дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер понуди уште една изложба. Станува збор за фотографии на тема „Кина во моите очи“ организирана …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Концерт на гудачки инструменти и две изложби вечерва на Охридско лето

Музичката програма на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва со концерт на гудачкиот квартет „Асасело“ од Германија. Ќе настапат виолинистите Ростислав Кожевников и …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

РЕТЕРИРАЊЕ: Хадерсфилд извади нови дресови, оние со „мис-лента“ биле само маркетинг!

Пред само неколку дена, навивачите на Хадерсфилд беа бесни на социјалните медиуми кога клубот гo обелодени дресот zа следната сезона. Класичните сини …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

Анчелоти со прв коментар за Елмас: Тој е еден многу интересен фудбалер

Италијанската фудбалска легенда, Карло Анчелоти, инаку актуелен тренер на Наполи, денеска во интервју за италијанско радио, зборувајќи за новата сезона беше запрашан …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

ЌЕ ИМА УШТЕ ЕДНА ТРАНСФЕР БОМБА: Манчестер Ј. ќе плати 70 милиони фунти за голгетерот на Лил

Раководството на Манчестер Јунајтед планира да направи уште еден голем трансфер ова лето. Британски „Мирор“ денеска објави дека менаџментот на „Црвените ѓаволи” …Продолжи да читаш

Болоња преку пресврт го среди Удинезе за втора победа во Серија А

во категоријата Спорт

По поразот од Јувентус, тимот на Болоња експресно им се врати на победите во новата сезона на Серија А, откако во првиот денешен натпревар од 7. коло на италијанскиот шампионат, на свој терен со 2-1 беше поуспешен од Удинезе. 

Гостите од Удине подобро го отворија денешниот меч и во 32. минута поведоа со голот на Пусето. Сепак, домаќините не оставија ништо на случајност и веднаш возвратија за 1-1 на полувреме, додека во самиот финиш на натпреварот погодија за голема победа и нови три бода на своето конто. Стрелци на головите за Болоња беа Сантандер во 42. и Орсолини во 82. минута. 

Со овој успех Болоња напредуваше за шест места на табелата во Серија А и сега е 13-та, додека Удинезе остана на 11-то место. Во следното коло Удинезе го игра дербито со шампионот Јувентус, а Болоња ќе гостува кај Каљари. 

Извор: https://www.gol.mk/

Меј: Да се обединиме за постигнување добар договор со ЕУ

во категоријата Свет

Британската премиерка Тереза Меј побара од Конзервативната партија да застане зад неа, со цел да и се овозможи на Владата да постигне добар договор со ЕУ за Брегзит.Таа нагласи дека нејзиниот план во врска со тоа е „правилен пат“.– Мојата порака до партијата е да се обединиме и да постигнеме најдобар договор за Британија, истакна Меј.Премиерката на Британија ја упати пораката првиот ден од годишната конференција на Конзервативната партија.Меј: Да се обединиме за постигнување добар договор со ЕУ was last modified: September 30th, 2018 by Ана

Извор: https://a1on.mk/

Просечната цена на струјата во првата половина од годинаа 4,77 денари

во категоријата Економија

Во првата половина од годината просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 4,773 денари за киловатчас и бележи пад од четири отсто во споредба со втората половина од 2017 година, објави Државниот завод за статистика.Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,355 до 7,603 денари по KWh по групи потрошувачи.Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16,269 до 20,616 денари по нормален метар кубен ( nm3) по групи потрошувачи.Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 33,247 денари по nm3.Просечната цена на струјата во првата половина од годинаа 4,77 денари was last modified: September 30th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk

ДИК: До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи

во категоријата Македонија

До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16,00 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Денковски.Ова е резултатот од обработените податоци од 90, 24 отсто од избирачки места во Република Македонија.ДИК: До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи was last modified: September 30th, 2018 by Ана

Извор:https://a1on.mk/

Елон Маск поднесува оставка во Tesla и ќе плати казна од 20 милиони долари

во категоријата Технологија

Основачот на компанијата „Тесла“, Елон Маск, кој се соочува со обвиненија на Американската комисија за хартии од вредност ( СЕЦ) за измама поради наводно ширење  лажни информации за продажба на компанијата на Твитер, во наредните три години нема да биде на чело на управата на „Тесла моторс“. Тој ќе мора да отстапи од местото претседател на управата на три години и да плати казна од 20 милиони долари.
,,Гревот” на Маск е што преку Твитер порача дека размислува за повлекување на акциите на „Тесла“ од берзата и дека тоа е најдобриот пат за развој на компанијата. Тогаш, меѓу другото тој рече дека ја има поддршката од инвеститорите, како и тоа дека на акционерите ќе им бидат понудени по 420 долари од акција.
Американската комисија за хартии од вредност го обвини Маск за лажни твитови и дека никогаш не разговарал за тоа со некого од финансиерите. СЕЦ во тужбата бараше и покрај одземањето на лидерската позиција во компанијата, дополнително да му се забрани да биде директор во која било друга компанија што работи на берзата. Маск ги негираше сите обвиненија, тврдејќи дека вистината му е на прво место, односно дека сè што правел било во интерес на компанијата.

Извор: https://usb.mk/

Сари проговори за шансите за титула на Челси: Ние мора да се подобриме, но…

во категоријата Спорт

sari

Италијанскиот стратег, Маурисио Сари има позитивен старт на својата нова авантура како предводник на Челси каде екипата веќе уште во првите месеци покажува заби и амбиции за највисок пласман.

Вчера „сините“ одиграа 1-1 со Ливерпул пред своите гледачи, а по средбата Сари објасни колку се реални шансите неговиот тим да се бори за трофејот со оглед на тоа што во моментов е на третото место со два бода помалку во однос на Манчестер Сити и „црвените“ од „Енфилд Роуд“.

-Да завршиме на првите две позиции, ќе биде многу тешко. Мислам дека Сити и Ливерпул се чекор пред нас. Тешко е. Ама мислам дека можеме да дојдеме до ЛШ. Тука е многу тешко да бидете во Топ 4. Има шест-седум топ тимови, на врвот во Европа, не само во Европа.Треба да се обидеме да бидеме блиску на табелата со екипите на самиот врв. Мора да се подобриме, -рече Сари притоа говорејќи за разликата со Ливерпул.

-Тие се чекор пред нас, ама мислам дека сме поблиску од тоа што сметав пред една недела, -додаде Италијанецот.

Извор: https://derbi.mk/

Бојан Јовановски гласаше на референдумот: Ова е единствениот пат на Македонија (ФОТО)

во категоријата Македонија

Сопственикот на „БМЈ Медиа Груп“ и „1ТВ“, Бојан Јовановски утрово ја исполни својата граѓанска должност и гласаше на референдумот во средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ во скопската населба Тафталиџе.
Јовановски на гласачкото место се појави во друштво на неговата мајка, а веднаш по гласањето тој даде и изјава за камерата на „1ТВ“.

– Сметам дека секој свесен граѓанин на оваа земја му е должност на најдемократски чин да го изрази своето мислење на овој референдум. Ова е единиствениот пат на Македонија и се надевам дека граѓаните се доволно свесни, мудри, разумни да направат се за овој референдум да биде успешен. Се надевам дека резултатите вечер ќе го покажат своето – изјави Јовановски.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ

Извор: https://1tv.mk/

До 11 часот во Куманово гласале 8,12 отсто, во Липково 11,7 отсто, Старо Нагоричане 3,6 отсто

во категоријата Македонија

До 11 часот во Куманово излезеноста е 8,12 проценти,  информираше претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.
На референдумот право на глас имаат 92.560 гласачи кои гласаат 167 избирачки места. 
– Во Липково излезеноста е 11,74 проценти, информираше Лирим Јашари од ОИК.
Право на глас на референдумот во оваа општина имаат 25.200 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Во општина Старо Нагоричане, излезноста до 11 часот е 3,69 проценти според ДИК. Во оваа општина право на глас за референдумот имаат 3.363 гласачи, а гласаат на 38 избирачки места.

Извор: https://sitel.com.mk

До 13 часот излезeноста во Дебар 13, во Центар Жупа околу 12 отсто

во категоријата Македонија

Дебар, 30 септември 2018 (-) – Во општина Дебар излезeноста на граѓаните на референдумското гласање до 13 часот е 13 отсто додека во соседната општина Центар Жупа околу 12 отсто.
Секретарот на општинската изборна комисија во Дебар, Али Реџа не информираше дека до 13 часот своето граѓанско право го оствариле 2.335 лица од вкупно запишаните 18.318 гласачи.
– Во општина Центар Жупа до 13 часот гласале 801 лице или околу 12 отсто од вкупно запишаните 6.686 граѓани со право на глас, изјави Еран Зубер претседател на Oпштинската изборна комисија. 
Текот на гласањето и во двете општини минува без проблеми, непречено и во мирна атмосфера. вт/нд/13:23
###
 
 
 
 
 

Извор:https://www.mia.mk

оди на почеток