Posted on во категоријата Македонија

Агапи Дика и Азманов повикани за исказ во ЈО

Бизнисменот Зоран Азманов и претседатеката на Собранието на организацијата Меѓународен сојуз, Агапи Дика, денеска во Основното јавно обвинителство треба да дадат исказ …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Амбасадорката на САД се вклучи во проектот на Пивара Скопје за доедукација на младите за нивно полесно вработување

Во рамки на својата прва посета на Пивара Скопје, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз се запозна со процесот и долгата традиција …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Турција: Европарламентот ја осуди хајката против избраните градоначалници

Европратениците усвоија резолуција со која се бара турските власти да престанат да ги попречуваат и заплашуваат градоначалниците избрани на последните локални избори. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Нова демократија предлага прелиминарна истрага за поранешниот алтернативен министер за правда за интервенција во случајот Новартис

Пратеничката група на Нова демократија ќе предложи формирање специјална парламентарна комисија за спроведување прелиминарна истрага за поранешниот алтернативен министер за правда на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Палмер: Новата влада во Приштина мора да биде подготвена да ги укине таксите

  Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека следната косовска влада во Приштина мора да биде …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Почна глобалниот протест против климатските промени- илјадници во Австралија , милион се очекуваат во Њујорк (ВИДЕО)

Младите ги повикуваат светските лидери на Генералното собрание на ОН да донесат итни мерки и да ја спречат еколошката катастрофа. Со транспаренти …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

За седум месеци реализирани само 24,5 проценти од капиталните инвестиции

За седум месеци од почеток на годинава реализирани само 24,5 проценти од предвидените капитални инвестиции. Владата за оваа година предвиде рекордни 422 …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Поскапува дизелот, Регулаторна го објави новиот ценовник

Со денешната одлука на Регулаторната комисја за енергетика, од ноќеска на полноќ стапува во сила новиот ценовник за горивата. Согласно најновата одлука, цените …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Заев и Брнабиќ го означија почетокот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Македонија и Србија

Премиерот Зоран Заев и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, денеска го одбележаа стартот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Србија и …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Претставени новите Huawei Mate30 и Mate30 Pro, ни збор за Google и Android (ВИДЕО)

Кинеската компанија Huawei ги претстави своите најнови премиум смартфони од серијата Mate30. Настанот во Минхен привлече многу внимание, особено имајќи предвид дека …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Нова технологија на полнење на батеријата: Од 0 до 100 проценти за само половина час!

Иако сите корисници на паметни телефони со нетрпение чекаат некој револуционерен момент во развојот на батериската техногија, кој ќе овозможи повеќедневно траење …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Град Скопје 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19 до 22 септември, 28. пат, го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Град Скопје по 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19. до 22. септември, по 28 пат, го организира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

„Несоодветно за на работа“ и настап на „Тајгер лилис“ на петочната програма на МОТ

Програмата на 44. издание на Млад отворен театар (МОТ) за петок (20 септември) продолжува на сцената на Драмски театар со претставата „Несоодветно …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Јоргос Арванитис, лауреатот на „Браќа Манаки“, одржа мастер-клас

Јоргос Арванитис, лауреатот на „Браќа Манаки“, кој вчера пристигна во Битола, одржа мастер-клас. „Кога си млад и ентузијаст, ги преземаш ризиците“, порача …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

„Осакатена“ дефанзива: Мрме ќе мора без Велковски, Ристовски и Бејтулаи да „удри“ на Словенија!

На 10 октомври нашата најдобра репрезентација против Словенија, во Скопје, ќе го одигра еден од најважните мечеви во квалификациите. Во случај на …Продолжи да читаш

Мицкоски: Ќе ве поразиме на избори и ќе завршите на буниште

во категоријата Македонија

,Ќе ве поразиме жестоко на следните избори и ќе ви покажеме каде заслужувате да бидете – на буниште”, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот антивладин протест пред зградата на Владата на „Илинденска“ бр 2.

,,Едно големо ,,Уаа” за Зоран Заев. Припадниците на МВР ја чуваат Македонија од тој натрапник внатре кој некаде се крие. Денеска почнуваме и одиме ширум Македонија за викенд. Секоја среда ќе сме пред Владата да го изразиме нашиот револт. Тој ќе биде изразен поинаку, со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме. Ветија ќе ја тргнат оградата, а не ја тргнаа. Што е се плашите од народот?”, рече Мицкоски.

,,Еве не излеговме и за националното понижување, но излеговме и за сите економски порази затоа што сме понесреќни, затоа што Македонија ни е посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа неспособна и криминална власт. Зошто ни е на нас времето?

Тоа ни е важно за да можеме поорганизирани и послотени да протестираме пред Владата. Да се собереме, што повеќе да дојдат сите слободно и да можат демократски да го изразат својот револт за овие национални понижувања кои ни се случуваат во изминатава година. Се сеќавате за програмата дека ќе дојде живот  – но пекол донесоа и темнина кај секој еден граѓанин”, рече Мицкоски.

,,Чувствувам, вели Мицкоски,  дека на овој наш пат кој нема да биде лесен и едноставен ќе го изодиме заедно се до крајната цел предвремени или редовни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува победа”.

Тој очекува граѓаните да им се придружат на протестите ширум земјава.

,,Ќе дојдат  избори, еве претседателските доаѓаат, ајде тука жестоко да победи нашиот кандидат. Тоа  е првиот чекор за да ја ослободиме татковината од стегите и прангите”, рече Мицкоски и додаде:

,,Во мојот живот најважен е образот и честа. Секогаш кога ќе ги полните штабовите, кога ќе доаѓате до граѓаните и соборците, да им ја кажувате вистината. Нема да ветуваме тоа што не можеме да оствариме. Нема да донесеме чист воздух како што ветуваше некој политичар што сега се наоѓа во Владата. Но, ќе ветиме 30 отсто намалување на загадувањето во сите градови, да го оттргнеме црнилото врз сите градови и села”, истакна Мицкоски повикувајќи ги насобраните да ја испеат песната ,,Едно име имаме”…

,,Чувствувам емоција, љубов, мотив за да го издиме патот и да стигнеме до нашата цел е победа на редовни или предвремени избори кога и да се случат. Ќе дојде денот кога ќе одговарате сите до еден. Каде е министерот за МВР да излезе да каже за убиствата? Полесно му беше да го апси пратениците, да пушта полиција околу штабот, да претресува возилата кои излегуваат од штабот. Ќе дојдат избори, а како секогаш сакам да бидам искрен. За да има избори мора да се избориме. Ќе дојдат избори, еве доаѓаат претседателските. Ајде да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот чекор кога ќе ја оствариме нашата победа. До тогаш ќе бидеме на улиците, оти така ќе дојдеме до триумф. Ветувам дека ќе работам три пати повеќе од нив за да ги победиме, а ќе работиме пет пати повеќе за да ја исправиме Македонија на нозе, да не е клекната”, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

До оние кои не се присутни, а ја поддржуваат партијата, Мицкоски со порака:

,, Ве повикувам сите да ни се приклучите, од сите нации и вери, да се обединиме и да ги поразиме овие кои се спроти нас. Ова не е битка за ден или за два. Ќе трае подолго. Ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме. Ќе ги победиме и новите поддржувачи кои останаа рамо до рамо со нив. Затоа ќе биде таа победа поголема. Зората ќе дојде”.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

Османи: Бевме безидејни против организираната одбрана на Академија Пандев

во категоријата Спорт

Екипата на Шкендија го запиша вториот сезонски пораз во ПМФЛ против Академија Пандев.
Избраниците на Ќатип Османи вторпат потфрлија пред своите гледачи и немаа одговор на органзираната одбрана на „пандевци“.
„Не одговоривме како што знаеме на играта на Академија Пандев. Немавме доволно комбинаторика во последните 20 метри од голот на нашиот противник и немавме идеја како да ја пробиеме нивната цврста одбрана. Направивме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме, а тоа ни го донесе поразот. Се обидувавме во средината, но тоа не ни успеваше. Им реков на моите играчи да се обидат по крилните позиции. На крај моравме да го прифатиме резултатот. Сепак, останавме на три бода пред второпласираната екипа и сега се фокусираме на победа на следниот меч“ , рече стратегот на тетовчани.

Во последното коло од есенската полусезона, Шкендија ќе го игра градското дерби против Ренова.

Извор: https://www.gol.mk/

Отворено Студио 1 – Антивладин протест, реакции за бегството на Груевски

во категоријата Македонија

За време на првиот антивладин протест на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, центарот на Скопје е под изменет сообраќаен режим, а од пред Владата и Белата палата на партијата, во отвореното Студио 1 линковски се јави новинарот Антонио Крстевски.

Тој известува дека протестот против владеењето на актуелната политичка гарнитура почнува таму и ќе заврши пред Владата, а поддршка дало и движењето „Македонија блокира“, кое подолго време протестира против договорот од Преспа.

Во овој сегмент од Студио 1, беше презентиран и ставот на Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, која меѓу другото посочи и клучни институции како одговорни за бегството на Груевски.

 

Сите разговори и линковски јавувања погледнете ги во видеото.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

Карлсен го зададе првиот удар и поведе во големото финале по грешката на Каруана

во категоријата Спорт

Норвежанецот Магнус Карлсен ја запиша првата победа во големото финале во Лондон против Фабио Каруана од САД.
Бранителот на титулата го доби првиот од четири предвидени тај-брејка и поведе со 1-0 по 55 одиграни потези.
The first resignation of #CarlsenCaruana! Advantage @MagnusCarlsen 1-0 #ChessBase pic.twitter.com/WttdBbSwo9
— ChessBase (@ChessBase) November 28, 2018
Американскиот шахист направи грешка при потегот број 37, кога го одзеде пионот на Карлсен, наместо да го стави противничкиот крал под шах.
Следната партија е закажана за два дена, а Каруана ќе ја има предноста на бели фигури.

Извор: https://www.gol.mk/

Се помируваат власта и опозицијата, проработи Телото за 27 април

во категоријата Македонија

„Ова се условени процеси  како одговор на повикот на премиерот Зоран Заев со крајна цел помирување за собраниските инциденти од 27 април“, рече пратеничката Емилија Александрова од независната ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прв состанок на Телото за помирување.

Александрова верува во опстојувањето на ветувањата, бидејќи како што рече интеграцијата, реформите и помирувањето – се врзани а не се исклучиви процеси.

„Апелирам – го дадовме нашиот влог на 19 октомври и процесите да отпочне. Ова се условени процеси не се бланко процеси, ги повикувам сите учесници, власта, да се придонесе кон забрзување на овој процес. Не очекуваат процеси кои нема да бидат лесни за сите ние како независни пратеници треба да застанема на оваа страна на нашата државСамо искрен пристап на сите учесници“, рече Александрова.

За предлог законот за амнестија со кој независната ВМРО-ДПМНЕ неофицијално најави дека ќе бара целосна амнестија за индиректните  и преиначување на делото за директните учесници сега, велат дека се уште во фаза на идеи.

„Сите приведувања во последниот прериод не одат во насока на процесот на  помирување и повикав на инклузивност на целото општество во овие тешки процеси во нашата држава бидејќи верувајте дека само ние поратенците и политичарите учествуваме во не ја гледам целисходноста на целиот процес тоа треба да се рефлектира врз сите чинители на ова општество“, рече Александрова.

„Собранието, како највисок орган законодавна власт во државата ги носи законите кои ги тангираат и владата и судството и правосудството и ние не можеме да излеземе надвор од процесот што на проценка што е најдобро за државата бидеќи одлуките за дрѓжавата се ностат тука, правдата и праведноста во постпаките требада биде гарантирана од судството, но можеме да сугерираме да има внимателен пристап во делот на фер судење правично судење, на обезбедување на докази и мерење на вината на учесниците во настаните од 27“, рече Фросина Ременски.

Вториот состанок на Телото за помирување  ќе биде во петок. Од телото најавија дека на средбата ќе го повикаат и премирот Зоран Заев за да го образложи своите идеи за процесот за помирување.

Весна Велкова – Тодоровска

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

Дебата на тема „Културата на распродажба“: Проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ во Отвореното Студио 1

во категоријата Култура

Гостин во Отвореното Студио 1 беше проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература, кој денес и утре има  Меѓународен научен собир со дебата на тема „Културата на распродажба“.

Целта на провокативниот наслов е за конзумеризам и комерцијализација на културните продукти, односно процес кој се случува во глобални рамки. Дали културата останува во нејзината физиономија или под влијание на некои фактори се изменува, односно „соголува“ од своето своето основно симболичко значење под влијание на новите технологии, медиуми и брзото темпо на живеење?

Целиот разговор со Јакимовска Тошиќ,  погледнете го во видеото.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/kultura/

Нидермилер: ЕП ќе се обиде да ја примора ЕК да реагира за азилот на Груевски

во категоријата Македонија

Унгарскиот европратеник од Социјадемократската група, Питер Нидермилер објаснува кои чекори ги преземаат европратениците за да ја примораат Европската Комисија да реагира на случајот со Груевски.

Во наредните недели, најверојатно пред божиќните празници, европратениците ќе побараат темата да се стави на дневен ред на ЛИБЕ комисијата, односно парламентарната комисија која се занимава со човекови права и слободи.

-Прво ќе испратиме меѓупартиско барање за дискусија во ЛИБЕ комисијата затоа што мора прво да се дискутира на ниво на комисија, а потоа комисијата може да даде предлог до конференцијата на претседатели да се стави на дневен ред на пленарна седница. Се надевам дека ќе имаме доволно пратеници кои ќе го поддржат предлогот, вели европратеникот за МИА.

Доколку биде прифатено, темата тогаш би се отворила како дебата на пленарна седница на Европскиот Парламент, најрано во јануари. За тоа е потребна доволна поддршка од главните политички групи во ЕП. Европратеникот е уверен дека ќе добијат таква поддршка од повеќето колеги во ЕПП, како и кај Либералдемократите, Зелените и се разбира Социјалдемократите

-Ќе биде дебата за владеењето на правото, улогата на Унгарија во целиот процес и како да се справиме со оваа ситуација, човек кој е осуден во својата земја на демократски начин за корупција и потоа земја членка на ЕУ го поддржува политички, ова не можеме да го прифатиме, ова е европско прашање, вели Нидермилер.

Сепак, за сега шансите ова да се преточи во резолуција на Европскиот Парламент не се извесни, бидејќи за тоа е потребно “повеќе од доволна поддршка, туку широка поддршка“ објаснува европратеникот.

Преку резолуција, притисокот врз другите европски институции и врз земјите членки би бил поголем.

.-Ако имаме дебата, ќе видиме дали има реална можност за резолуција. Ако имаме дебата ќе биде голем успех, не сум сигурен дека ќе стигнеме до резолуција, но можеби работите ќе сменат во следните недели, но не сум сигурен дека ќе има резолуција, вели Нидермилер.

Но, додава тој, “по дебатата во ЛИБЕ комисијата, Европската Комисија ќе биде приморана барем да испрати писмо или мислење, целава работа е далеку од завршена.“

За дискретноста на реакциите на другите европски институции, Питер Нидемилер објаснува дека “господинот Хан испрати писмо до унагрската влада со барања за објаснување, така што сигурен сум дека ќе има и други начини да се зборува со унгарската влада.“

Европратеникот не очекува Унгарија да го смени ставот во однос на почетокот на преговорите со Македонија и покрај тоа што му одобри азил на Никола Груевски цитирајќи го недостатокот на независност на македонското судство.

-Не знам кои се намерите на унгарската влада, тие пробаа да објаснат дека случајот со Груевски е изолиран од проширувањето и дека ќе продолжат да ја поддржуваат во Македонија. Знаете, во Европскиот Парламент толку многу пратеници и политички партии ја поддржуваат Македонија, што не менува многу што мисли Унгарија, вели тој.

За Нидермилер е “незамисливо“ Унгарија да го блокира процесот на проширување на ЕУ кон Западниот Балкан.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

ВИДЕО: Дончиќ стана мега ѕвезда во САД, доби и своја песна наречена „Халелука“

во категоријата Спорт

Младата сензација од Словенија, Лука Дончиќ, ги освои срцата во САД по само два месеци во НБА лигата.
Третиот пик на драфтот одлично ја започна кариерата преку Атлантикот и веќе стана миленик на фановите. Во 18 одиграни натпревари, 19-годишниот тинејџер го покажа својот талент и запиша бројки на рамниште на најуспешните новајлии во историјата на лигата.
Американците не би биле тоа што се доколку не ја однесат работата до крајност. Пред неколку дена компонираа песна во чест на Дончиќ наречена „Халелука“.
Истата е направена според светски познатиот хит на Леонард Коен, „Халелуја“.

Извор: https://www.gol.mk/

Славчо Попоски – Вистинска зима на Балканот, целиот регион под снежна покривка

во категоријата Свет

Денешното утро во поголемиот дел од регионот осамна под снежна идила, како на повисоките, така и на пониските места.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/svet/

оди на почеток