Posted on во категоријата Македонија

Ја приведуваат Катица Јанева? Полициско комбе пред домот на обвинителката!

Полициски сили упаднаа во куќата каде што живее во Козле и ја приведуваат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициско возило, пренесува …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Дескоска: Проблемот за Законот за ЈО не е Јанева, туку постапките на СЈО

Каменот на сопнување во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство не е Катица Јанева туку барањето за затворање на постапките …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

(ВИДЕО) Урнат ресторанот на насилникот од Албанија што ги нападна шпанските туристи

Насилниот сопственик на ресторан од Албанија, што минатата недела нападна шпански туристи, остана без својот угостителски објект откако изутринава, по наредба на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Грција по предупредувањето од САД: Иранскиот танкер не бара влез во наше пристаниште

Грчките власти одговорија на предупредувањата од САД испратени до властите во Атина со барање поморските служби да не му помагаат на иранскиот …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

(ВИДЕО) Денот се претворa во ноќ! Димот од пожарите во Амазон го прекри небото над Сао Пауло

Бразилската агенција за вселенски истражувања соопшти дека бројот на пожари во Амазон е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Ариф Четин: „Планините целосно се исчистени од терористите“

ВАН (АА) – Генералниот командант на жандармеријата на Турската армија, Ариф Четин, во рамките на операцијата „Киран“, која се води против терористичката …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Трговска војна со Косово; ССК: Имаме штети, да се најде решение

Додека Владата дипломатски се обидува да ги тргне трговските бариери со Косово, трговците почнаа да ги чувствуваат загубите. Од Сојузот на стопански …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

Македонија и Бугарија со меѓусебен меморандум за соработка во инфраструктурата

Северна Македонија и Бугарија во Скопје потпишаа меморандум за соработка за инфраструктурни проекти, трговска размена и искуства за членство на земјата во …Продолжи да читаш

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Научниците предупредуваат на посилни турбуленции како резултат на климатските промени

Потенцијално опасните турбуленции стануваат се почести на трансатлантските летови, како резултат на промените во воздушните струења поврзани со климатските промени, покажува една …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

Со претставата „Одисеј“ на Горан Стефановски се спушта завесата на Охридско лето

Театарската претстава „Одисеј“ на Горан Стефановски вечерва на Античкиот театар со почеток во 21 часот ќе го означи крајот на годинешното 59. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

Зографска-Беличанец: Купивме локација во Охрид за да бидеме поблиску до Охридско лето

Музичката програма на годинешното 59. издание на Охридско лето беше заокружена вчеравечер со авторски концерт на великанот на македонската класична музика, композиторот …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Цуцули е нов играч на двојниот косовски шампион

Само неколку денови откако го напушти албанскиот Кукс, некогашниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули се пресели во Косово потпишувајќи го тамошниот прволигаш и …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

ДОПИНГ ИСТРАГА: Каква таблета голтнал бекот на Ајнтрахт?

Изненадувачка посета на допинг контрола во редовите на Ајтнрахт Франкфурт, а поточно нивна цел бил австрискиот репрезентативец Мартин Хинтерегер, пренесува угледниот германски …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

„Спортмедиа“ интервју – Гањо: Тиквеш е најдобар на истокот; Пижон: Брегалница ќе биде прва!!!

Во сабота стартува новата сезона во Втората лига – Исток. Во битката за првото место се издвојуваат две екипи, според квалитетот, буџетот, …Продолжи да читаш

ВИДЕО: Тотален хаос на прес-конференцијата пред борбата на Фјури и Вајлдер

во категоријата Спорт

Официјалната прес-конференција пред борбата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер во Лос Анџелес прерасна во тотален хаос којо организаторот не го планираше. Двајцата боксери најнапред почнаа со навреди, а дојде и до физички контакт, во кој се вмешаа и нивните екипи и настана тотален хаос. 
Intense face off between @BronzeBomber & @Tyson_Fury #WilderFury pic.twitter.com/jDNcKKurbm
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) November 28, 2018
В недела наутро по средноевропско време, ВБЦ појасот ќе го брани Вајлдер, кој котира како фаворит и меѓу обложувалните.

Извор: https://www.gol.mk/

Гвардиола се „заљуби“ во тинејџер на Лион

во категоријата Спорт

Самиот Пеп Гвардиола призна дека екипата на Лион е една од најдобрите со кои се соочил во својата богата кариера.
Неговиот Манчестер Сити одигра 2-2 на гостувањето кај францускиот претставник во Лигата на шампионите и остана на врвот на табелата во групата Ф. 
Еден од фудбалерите на Лион го привлече вниманието на шпанскиот стратег, а тоа е Хасем Оар, младиот играч за врска. 20-годишникот ја започна кариерата во младинските школи на екипата на Бруно Женесио, а дебито за првиот тим го имаше во 2017 година.
Се чини дека Гвардиола и неговиот помошник Артета беа одушевени од она што го видоа од Оар, па веднаш побараа да се испрати понуда за неговите успуги.

Извор: https://www.gol.mk/

ВИДЕО: Првиот пик на драфтот остана „без зглобови“ по умешната финта на Колисон

во категоријата Спорт

Тимската игра на Индијана беше преголем залак за Феникс, кој запиша уште еден домашен пораз во изминатата НБА вечер.
Овој натпревар изобилуваше со атрактивни потези, а моментот на вечерта се случи уште на стартот. Дарен Колисон, плејмејкерот на гостите, доби директен дуел со првиот пик на драфтот, центарот на Санси, ДеАндре Ејтон и го направи да изгледа како мало дете, а не професионален кошаркар.
Домашната ѕвезда наседна на финтата на противникот и падна на земја, што наиде на сеир во арената, но и на социјалните мрежи, по натпреварот.
Погледнете како Колисон си поигра со Ејтон:
Darren Collison showcases his handles in Phoenix! #Pacers pic.twitter.com/alO0X9eTRZ
— NBA (@NBA) November 28, 2018

Извор: https://www.gol.mk/

Мицкоски: Враќање на рамниот данок, намалување на акцизата за нафта

во категоријата Бизнис

28 ноември 2018 / 15:12

Нов пристап на реиндустријализација на македонската економија со која ќе се згоели учеството на индустријата во Бруто домашниот производ. Нов начин на привлекување на директни странски и домашни инвеститори врз основа на стоките кои ги нудат домашните компании.
Стимулирање на студентите да останат во земјата со отварање на развојни научни центри и нов центар за иновации за подршка на компаниите. Ова се четирите точки на кои ќе се фокусира новата политика на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на економијата.
Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски кој денеска имаше средба со раководството на најголемата Стопанска комора ги претстави приоритетите на партијата преку кои ќе атакува за да се врати на власт. Ќе се врати рамниот данок и ќе се намали акцизата за дизел гориво која беше зголемена на почетокот на годинава.
„Новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ покрај онаа константа, покрај онаа поддршка која ќе ја добиваат македонските компании, македонските бизнисмени ќе се обидеме да донесеме повторно пристап кон странските инвеститори, но со мотивирање на формирање на развојни истражувачки центри во Македонија, односно квалитетни инвестиции кои имаат многу поголема додадена вредност“, рече Мицкоски.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ја искритикува актуелната власт за воведувањето на прогресивниот данок без да го послуша гласот на бизнисот. На опозицијата ù порача прашањата коишто се од економски интерес на државата да се приоритет во нивните политики.
„Ќе настојуваме да форсираме прашања да бидат во заеднички интерес на сите и ќе ги замолиме и партијата на власт и главната опозициска партија, мостовите на соработка и покрај сите проблеми, да бидат поддржани од страна на политичките елити, а и стопанските комори да ја покажете зрелоста за нашата евроатлантска интеграција“, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Во меѓувреме, Азески им порача на актуелните министрите и на градоначалниците да се организираат подобро и да ги испорачаат ветувањата за поголеми капитални инвестиции.
Александра Спасевска

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/

 

На коло пред крајот: Кои тимови се веќе во нокаут-фазата на ЛШ?

во категоријата Спорт

По комплетирањето на петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, познати се дванесет од осумнаесет тима кои ќе играат во осминафиналната фаза, прва од нокаут-рундата во фудбалската елита.
Во осминафиналето сега сигурни се Реал Мадрид, Рома, Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Порто и Шалке 04. Единствено, кај некои од екипите не е утврден конечниот пласман, односно дали ќе бидат први или втори во групите.
Сигурен патник, барем засега, нема во групата „Ц“, каде играат Наполи, ПСЖ и Ливерпул. Трите тима се изедначени – Наполи е прв со девет бода, „светците“ се втори со осум, додека трет е Ливерпул со шест. Четврта е Црвена Звезда, со четири бода и нема шанси за осминафинале.
Интересно ќе биде и во групата „Б“, каде Тотенхем и Интер ќе решаваат во последното коло околу второпласираниот тим во групата, зад Барселона. „Нераѕурите“ играат дома со ПСВ, додека Тотенхем гостува кај Барселона.
Во меѓусебен дуел ќе одлучуваат и Шахтјор Доњецк и Лион, во рамки на групата „Ф“ – Украинците би играле осминафинале само со победа, додека на Лион му одговара и реми.

Извор: https://www.gol.mk/

Два поранешни европски прваци одиграа спектакуларен меч со ДЕСЕТ гола!

во категоријата Спорт

Очите на љубителите на фудбалот беа вперени кон Лигата на шампионите, но на „Вила Парк“ имаше спектакуларен меч, меѓу два европски прваци, кој понуди десет погодока во мрежите.
Екипите на Астон Вила и Нотингем Форест одиграа вистински спектакл во рамки на 19. коло од англиската Чемпионшип лига, кој заврши без победник, со резултат 5-5 (3-3).
Долго ќе се памети овој дуел, затоа што на Островот во поквалитетните лиги не се забележани олку голови на една средба. Во првиот дел паднаа дури шест, а во вториот дел, четири погодока. 
Четири гола за Астон Вила даде напаѓачот Тами Абрахам, а еднаш стрелаше Ел Гази, додека за гостинот од Нотингем, Грабан беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Карваљо, Кеш и Лоли.
Астон Вила и Нотингем Форест се некогашни премиерлигаши и европски шампиони, а оваа сезона се во борба за едно од местата кои водат во анлгиската елита преку плеј-оф.

Извор: https://www.gol.mk/

1ТВ дебата со градоначалникот на Центар, Богдановиќ: Скопјани да спијат мирно – мораториум за висококатници на паркингот спроти ГТЦ

во категоријата Македонија

Општина Центар е една од општините кои изминативе десетина години е центарот на кршењето на копјата помеѓу кичот и урбаниот изглед. Урбана мафија, криминал, пералница на пари, политика навлезена во урбаниот вкус се дел од темите кои центарци и скопјани секојдневно ги коментираат.

Што се наследи актуелниот од претходниот градоначалник на општината и може ли актуелната општинска администрација да ги спречи штетните проети кои со години ги носеше бившата гарнитура. Ги влече ли конците Централната на места кои што се под надлежност на локалната власт? Висококатници кај „Холидеј Ин“, мораториумот за градби, енергетски ефикасни градби, носењето на нов ДУП, аерозагадувањето и проектот „Скопје 2014“ кој меѓудругото го загради и струењето на воздухот од реката Вардар. МПЦ како активен бизнис партнер во градежните зделки, постапките коишто се водат за Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се прават ли нови планови за уредување на општината Центар и дали граѓаните се консултираат за идејните решенија?

На овие и слични прашања одговори даде гостинот во Отворено Студио 1, градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

Стефановски ќе биде кремиран и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро, по негова желба

во категоријата Македонија

По негова желба, телото на Горан Стефановски ќе биде кремирано и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро. Ова вечерва го соопшти член од семејството на починатиот маг на македонската драма. Стефановски ќе биде кремиран на 5 декември во 9:20 часот во крематориумот Бархам во Кентербери, градот во Англија во којшто тој живееше последните две децении. Пепелта, по негова желба, во пригодна прилика, како што соопштуваат од неговото семејство,  ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро.

Познатиот македонски писател и драматург по кратко боледување почина вчера на 66 години, во Кентербери, Англија – мало гратче во близина на Лондон, каде што живееше и работеше последните дваесетина години.

Роден е во Битола на 27 април 1952 година. Завршил англиски јазик и книжевност на катедрата на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Во седумдесетите години работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1978 година бил асистент, а од 1986-та и професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1999 година драматургија предавал и на Универзитетот во Кент.

Стефановски беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, како и член е на Македонскиот ПЕН центар. Беше и дописен член на МАНУ. Важеше за исклучителен познавач на англиската книжевност, особено на делата на Вилијам Шекспир.

Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“, „Демонот од Дебар маало“ и други. Веднаш по неговата смрт синоќа, граѓаните на Фесјбук почнаа да бараат „Огнени јазици“ веднаш да се врати на репертоарот на Драмски театар – едно од последните ремек-дела на кои што работеше тројката Стефановски, режисерот Слободан Унковски и Златко Ориѓански како автор на музиката.

Стефановски е автор на телевизиските драми  „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, но и легендарната „Бушавата азбука“ со која растеа многу генерации. Во негова чест, до духот на серијата, од синоќа на социјалните мрежи се споделува буквата Г. Тој го напиша и сценариото за филмот „До балчак“.

Се чини дека се подзаборава фактот дека токму Горан беше автор на текстовите на некои од текстовите на култната рок група „Леб и сол“.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериини награди“, награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Театарската критичарка Лилјана Мазова во една своја рецензија потсетува дека „Диво месо” во Драмски праизведбата ја имала на крајот на 1979-та, а следната година ги собра речиси сите можни награди во некогашниот ју театарски простор. Таа изведба, во режија на Слободан Унковски, беше прогласена за најдобра претстава во театарот во Македонија во 20 век. Повторно беше поствена во Драмски во 2000 година во режија на Александар Поповски и повторно гостуваше низ цела театарска Европа.

 

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/

ВИДЕО: Каков мајстор – Меси насамари ШЕСТ играчи на ПСВ!

во категоријата Спорт

Лионел Меси постигна погодок за Барселона во Лигата на шампионите и на гостувањето кај ПСВ го отвори резултатот (0-1).
Аргентинскиот виртуоз уште еднаш покажа зошто е мајстор и зошто се смета за еден од најдобрите во историјата на фудбалот. На Барселона не ѝ одеше, но Меси ја зеде работата во свои раце.
Lionel Messi.GOAT.pic.twitter.com/0sw1KtBcLu
— Football Index (@FootballIndexUK) November 28, 2018
Тргна сам од четириесетина метри, па по комбинација со соиграч, дојде во шанса, ја насамари цела одбрана на ПСВ и погоди.

За Меси ова е шести гол во новата сезона на ЛШ во третиот меч, што го прави најдобар голгетер во елитата оваа сезона.

Извор: https://www.gol.mk/

оди на почеток