Posted on во категоријата Македонија

Заев: Jа примив пораката од граѓаните, по изборите ќе има чистки во локалната и централната власт (видео)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во Карпош за поддршка на Стево Пендаровски рече дека ја примил пораката која ја …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Мирни и добро организирани избори – „Помасовен одѕид на 5-ти мај“, велат од ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори помина мирно и гласачите имаа можност да направат слободен избор меѓу тројцата кандидати. Ова беше заклучокот на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Во Студеничани нема да се прегласува бидејќи резултатот не влијае врз конечниот резултат

На избирачкото место со број 2344 во општина Студеничани каде во текот на вчерашниот ден не беше отворено, нема да се прегласува …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Во Малта заплена на 144 килограми кокаин кој требало да заврши на Балканот

На пристаништето Фрипорт во Малта, царинските служби запленија 144 килограми кокаин чија што цел била Балканот, поточно Албанија и Црна Гора. Кокаинот …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Голема полициска акција во Словенија, запленето 300 килограми дрога

Деветмина Словенци поврзани со меѓународна трговија со дрога синоќа се уапсени во голема полициска акција во Љубљана. Запленети се 230 килограми кокаин, …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Чавушоглу: Турција не прифаќа никакви еднострани санкции ниту наметнувања

АНКАРА (АА) – Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција не прифаќа никакви еднократни санкции ниту притисоци, реагирајќи на одлуката …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Чавушоглу: „Не прифаќаме наметнувања за тоа како да се однесуваме кон нашите соседи“

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу: „Не прифаќаме еднострани санкции и наметнувања за тоа како да се однесуваме …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Свет

Ердоган: „Нападот врз опозицискиот лидер е непожелен акт на насилство“

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека нападот врз опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу ќе биде испитан темелно, јавува …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Платежната агенција се спаси од казни поради исплатените пари на лозарите

Управниот суд утврдил дека нема судир на интереси во одлуката за исплата на лозарите пред претседателските избори и ја поништи одлуката на …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Економија

(ВИДЕО) Авто-кампот „Треска“ кај Струга оставен на забот на времето

Некогаш елитен авто-камп, а денеска вистински хорор. Вака изгледа кампот Треска кај Струга. Целосно уништена инфраструктура, искршени дрвени куќарки, уништени и украдени …Продолжи да читаш

технологија

култура

Posted on во категоријата Култура

На Скопскиот филмски фестивал проекција на документарецот „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје

Во рамките на програмата „Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, утре, во 20 часот, во киното ‘Фросина’, ќе биде прикажан документарецот за …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

На Скопје филм фестивал претставени новите кратки македонски филмови

Во рамки на програмата Македонска продукција на 22. Издание на Скопје филм фестивал, синоќа беа прикажани три краткометражни филмови од најновата македонска …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Специјална клаузула за Јанис Хаџи: во првиот тим на секој меч и никогаш да не биде сменет

Јанис Хаџи, синот на најдобриот романски фудбалер на сите времиња Георги Хаџи има супер понуда од ФЦСБ (поранешна Стеауа) и супер клаузула. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Спорт

Доминантни во „мајсторката“, Црвена Звезда е нов шампион во АБА-лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда се нови шампиони во АБА лигата и учесници во Евролигата во следната сезона, откако во „мајсторката“ во финалната …Продолжи да читаш

Судењето за „Тотал“ одложено за 3 октомври

во категоријата Македонија

Судењето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 3 октомври поради настаната промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, кое заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.Пред почетокот на денешното рочиште, адвокатот претставник на „Медијамакс“ го извести судот дека настанала промена во сопственоста на правното лице и му престанува полномошното и неговите овластувања како бранител на друштвото во судскиот процес. Предложи денешната расправа да се одложи и судот да испрати известување до новиот застапник на друштвото.Судијката Славица Наумова Јосифовска, кажа дека не се исполнети условите за одржување на денешната расправа, и судењето се одложува за 3 октомври, за кога треба да биде известен и запознаен новиот застапник на правното лице.На денешното рочиште присутен беше првообвинетиот Драган Павловиќ Латас кој се терети за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“, „Тотал медиа центар“ и „Медиамакс“ и 63.032 евра како физичко лице.Досега на рочиштето за предметот „Тотал“ беа презентирани 16 од вкупно 39 преслушани снимени аудио разговори од 2011 година предложени од СЈО.Судењето за „Тотал“ одложено за 3 октомври was last modified: September 24th, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Проверете дали вашиот лаптоп скришно ве снима!

во категоријата Технологија

Дали понекогаш се чувствувате параноично и мислите дека некој сака да ги украде вашите дигитални информации? Не треба премногу да се грижите, но важно е да бидете внимателни и да водите сметка за знаците кои укажуваат на тоа.
Ако до својата банкарска сметка пристапувате преку компјутер или на истиот чувате доверливи податоци за вашата фирма, тогаш морате да водите повеќе грижа за заштита на вашиот компјутер.
Нема причини за страв. Начините да ги сочувате доверливите информации се бројни, на вас е само да се определите за најбезбедните. Но пред да се впуштите во нивен избор, важно е да знаете да ги препознаете сите знаци дека некој сака да упадне во вашиот компјутерски систем. Ние ќе ви откриеме неколку од тие знаци.
Антивирусот ви е исклучен
Еден од првите програми кои ќе ги инсталирате на својот компјутер, штом го купите и го подигнете системот, е токму антивирусот. На сите им е неопходна добра заштита од сите непосакувани пости и неповолни надворешни влијанија.
Меѓутоа, ако имате антивирус, и забележите дека е искучен, тоа е сигурен знак дека би требало да се загрижите. Скенирајте го целиот систем и повторно вклучете ги безбедносните програми, променете ги лозинките и прегедајте ги податоците.

Лозинките не функционираат
Кога ќе креирате лозинка трудете се да не се повторувате, да не користите изрази кои личат на вашето електронско сандаче или нешто што би било карактеристично за вас и што може да се истражи. Најдобар совет е вашите лозинки да бидат низови на случајно избрани бувки и бројки.
Исто така, трудете се за сите налози да користите различни лозинки, за да ја избегнете можноста за упад на сите ваши компјутери.
Ако забележите дека лозинката која сте ја внеле не функционеира, а не сте ја промениле, веднаш пријавете на техничка поддршка за несакани упади и превземете ги сите мерки за заштита.
Забележувате нови програми
Некогаш е тешко да следите што се сте инсталирале, сите ажурирања на софтверот и придружните апликации кои сами се појавиле при поставувањето на некоја нова верзија на програмот.
Сепак, од време на време прелистајте се што во моментот имате активно и обратете внимание на сите новини. Ако пронајдете назив кој вам не ви делува познати и кој не можете да го поврзете со ниту еден активен софтвер, избришете го, бидејќи тоа може да биде прорам кој некој отстрана го уфрлил бидејќи се обидел да ги превземе вашите податоци на овој начин. Повторно, темелно исчистете го системот ако заблежите нешто вакво.

Прегледајте ја својата веб-камера
Речиси секој нов лаптоп на себе има веб камера. Дури и доколку немате преносен компјутер, веројатно на домашниот имате УСБ камера која ја користите за Скајп разговори и слично.
Обрнете внимание од време на време. Знаете дека за врем на снимањето овој уред има вклучена сијаличка. Некаде таа е зелена, некаде црвена, но секако на некој начин сигнализира дека е активна.
Ако е така и кај вас, а во моменто не сте на Скајп, ниту го користите овој уред, тогаш некој веројатно успеал да го хакира овој мал геџет за да ве снима. Делува застрашувачки, но ова е лесно да се забележи и брзо да се реагира.

Извор: https://usb.mk/

Роналдо по купувањето на шпанскиот клуб даде ветување: Ќе ги откачам копачките од ѕидот…

во категоријата Спорт

ronaldo

Легендарниот бразилски напаѓач, Луис Назарио Де Лима Роналдо пред неколку недели и официјално стана мнозински сопственик на Реал Ваљадолид, клуб кој се натпреварува во најсилната шпанска лига. Бразилецот за сума од околу 30 милиони евра откупи 51 процент од акциите на клубот и со тоа стана прв човек на Ваљадолид. Во својата прва изјава Роналдо посочи дека ќе се обиде да го издигне клубот едно ниво погоре и наместо борба за опстанок планира да направи стабилен член на Ла Лига со многу поголеми амбиции во иднина.

Веќе на негова адреса почнаа да пристигнуваат прашања во врска со иднината на клубот, но и во врска со неговиот евентуален играчки ангажман додека намали на килограми.

– Едно е сигурно. Тоа е дека ќе ги откачам копачките од ѕидот и ќе почнам да тренирам со тимот и со играчите. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на мојот тим. За мене ќе биде важен секој совет од тренерот. Среќен сум на се она што ќе почне да се случува во иднина, – изјави Роналдо.

 

Извор: https://derbi.mk/

Раб: Убеден сум дека ќе постигнеме договор со ЕУ

во категоријата Свет

Британскиот министер задолжен за Брегзит, Доминик Раб денеска изјави дека е убеден оти е остварен напредок и оти на крај ќе биде постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската унија.
– Ги продолжуваме преговорите во добра верба, се обидуваме и ќе го добиеме најдобриот можен договор, иако сме подготвени за сите опции… Убеден сум дека ќе постигнеме договор, посочи Раб.
Британската премиерка Тереза Меј во петокот изјави дека преговорите со ЕУ се во ќор-сокак и апелираше до Брисел да даде свои предлози откако беа одбидени предлозите на Лондон.
Раб истакна дека е важно да не се реагира претерано на „тврдоглавоста“ на Брисел, бидејќи мора да се очекуваат повремени застои во преговорите.
– Мораме да бидеме подготвени за можноста другата страна да не е подготвена да излезе во пресрет на нашата желба во преговорите да се постигне взаемно прифатлив договор и оти за танго се потребни двајца, наведе Раб.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

Кумуцакос: Голем е мотивот за Скопје на референдумот да гласа „ЗА“

во категоријата Македонија

Со гласање „ЗА“, според Договорот од Преспа го задржуваат нивниот идентитет, заспиваат како мала држава на Балканот, а се будат како членки на НАТО, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, во интервју за грчката телевизија Скај, давајќи негова процена во пресрет на референдумот во Македонија.
– Мотивот да се гласа „ЗА“ е многу голем. Затоа што со Договорот од Преспа, прво го задржуваат она што го вели Заев. Името, националноста и јазикот. Односно нивниот идентитет. И второ, добиваат интеграција во НАТО и позитивна перспектива за интеграција во Европската унија. А прашањето, секако е што добива Грција. Ако не гласаат „ДА“, ако гласаат со „НЕ“ ќе биде многу интензивна потврда дека во оваа земја е длабоко вкоренет национализмот и иредентизмот, бидејќи ако овие големи мотиви, овие вистински промени во нивните животи, ќе заспијат како мала држава на Балканот и ќе се разбудат како член на НАТО. Ако во Скопје го игнорираат ова и гласаат „НЕ“, тогаш доаѓа потврда за долгогодишната загриженост на Грција за тоа како стојат работите во оваа земја, рече Кумуцакос.
Одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, во интервјуто го повтори ставот на Нова демократија дека договорот е штетен поради прифаќањето на македонски јазик и македонска националност и дека нема да гласаат за ратификација во грчкиот парламент.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

Заврши подготвителната фаза за регулација на речното корито на Каменичка река

во категоријата Македонија

Македонска Каменица, 24 септември 2018 (-) – Со изградба на каскаден праг завршија подготвителните активности за проектот со кој ќе се регулира речното корито на Каменичка река. Според информациите на градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова по завршувањето на активностите околу изградба на подземен и основен бетонски дел од каскадниот праг ќе се продолжи со уредување и заштита на зафатените постоечки водоводни линии.

– На тој дел од речното корито е планирана доизградба и на одводните канали од градската фекалната канализација кои до сега истекуваа во водите на Каменичка Река. Изведувач на активностите, кои опфаќаат изграба на регулационен дел во должина од 125 метри и каскаден праг на Каменичка Река е „Стоименов“од Кочани, а вредноста на проектот изнесува пет милиони и 632 илјади денари, информираше Стаменкова.
 
Доуредувањето на коритото на Каменичка река, како што додаваат од одделението за урбанизам во Македонска Каменица, со планираните активности ќе продолжи во претстојниот период. вс/цр/11:14
###

 
 

Извор:https://www.mia.mk

Вавринка доби „вајлд-карта“ за мастерсот во Шангај

во категоријата Спорт

Швајцарскиот 33-годишен тенисер Станислас Вавринка е првиот учесник на мастерс-турнирот во Шангај со „вајлд-карта“.
Организаторите решија да му испратат покана на Швајцарецот, а тој ја прифати. Иако влегува со „вајлд-карта“, на турнирот тој нема да треба да игра во квалификациите и ќе се најде директно во костурот за првото коло.
Вавринка, кој е на 75. место на АТП-листата, во Шангај во кариерата никогаш нема стигнато подалеку од четвртфиналето. Мастерс-турнирот во кинескиот град започнува на 7 октомври. 

Извор: https://www.gol.mk/

Навални пуштен од затвор и веднаш повторно уапсен

во категоријата Свет

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални денеска беше уапсен во Москва, веднаш по пуштањето од затвор.Навални беше осуден на 30 дена затвор поради организирање на протест без дозвола. Таа казна му истече, но веднаш по ослободувањето, полициски службеници го привеле под сомнение за друго дело за кое може да добие 20 дена затвор и казна од 4.000 евра.Апсењето доаѓа во време на протести низ Русија против најавената пензиска реформа, за која граѓаните стравуваат дека ќе ги намали и одложи пензиите. Повеќе илјади Руси досега протестираа против пензиската реформа, а над 800 беа уапсени во изминатите денови.Навални пуштен од затвор и веднаш повторно уапсен was last modified: September 24th, 2018 by Naum Lokoski

Извор: https://a1on.mk/

Скурлетис: Каменос нема да го смени мислењето за Договорот од Преспа, но тоа не е причина за поништување на коалицијата

во категоријата Регион

Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на Договорот од Преспа, но не треба поради тоа да се поништат причините зошто беше формирана коалициската влада, вели новоизбраниот генерален секретар на централниот комитет на СИРИЗА, Панос Скурлетис во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.Скурлетис вели дека ги почитува ставовите на Каменос и индиректно го повикува коалициониот партнер да не создаде проблеми во работата на владата.– Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на договорот. Ниту некој го бара тоа од него. Но, она што треба тој да го земе предвид е следното: дали несогласувањето во ова важно прашање, кое што не е основа на нашиот договор кога започна оваа влада, кога ја формиравме коалицијата, дали е причина да ги поништи причините зошто бевме заедно и во јануари 2015 и во септември 2015, вели Скурлетис и додава дека е голема политичката одговорност на Каменос.Скурлетис: Каменос нема да го смени мислењето за Договорот од Преспа, но тоа не е причина за поништување на коалицијата was last modified: September 24th, 2018 by Naum Lokoski

Извор: https://a1on.mk/

оди на почеток