Posted on во категоријата Македонија

Зголемениот број на бугарски туристи ја наметна потребата од авио линии на релација Скопје и Охрид со Софија

Македонија е дел од 36-тото издание на интернационалниот саем за туризам ”HOLIDAY&SPA EXPO” во Софија, Бугарија. Репрезентативниот македонски штанд има рекорден број …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Јасно е дека Груевски имаше соработка со Унгарија за неговото бегство, смета Фуере

Во интервјуто на МИА, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, меѓудругото беше прашан и за бегството на екс премиерот Никола …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Притвор за 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, им помагал и полицаец

На 15.02.2019 година, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во Сектор за криминалистички истраги, …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Словенечки пратеник поднесе оставка поради „кражба“ на сендвич

Словенечкиот пратеникот Фариј Крајчич  од партијата ЛМШ, во словенечкиот парламент поднесе оставка откако „украл“ сендвич во продавница во Љубљана 54-годишниот Крајчич за …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Трагедијата го потресе и регионот, телеграми за сочувство од странските лидери

Парламентот во Албанија пленарна седница ја започна со едноминутен молк, поради вчерашната трагедија во Македонија. Претседателот на тамошното Собрание Грамоз Ручи, ги …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Конференција на тема „Дефинирање на уметот во 16. век кај Османлиите“

СКОПЈЕ (АА) – Во рамки на проектот насловен „Заедничко османлиско наследство“ организиран од страна на Здуржението за едукација и идеи „Фетах Ефенди” …Продолжи да читаш

бизнис

Posted on во категоријата Економија

Сивата економија, корупцијата и честите инспекции – рак рана за бизнисот во државава

Бизнисот се уште има големи проблеми со администарцјата и со политиката. Лани, инспекторите по секоја цена сакале да најдат неправилности кај фирмите …Продолжи да читаш

технологија

култура

Posted on во категоријата Култура

Укината поддршката за „Киненова“, реакции и од други филмски фестивали по конкурсните резултати

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“  реагира на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ која пред неколку дена ги објави …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Мукаетов: Да не заборавиме Македонија е редовен учесник на СП и ЕП, нешто што не им успеало на Германија, Словенија…

Собранието на РФМ го отвори првиот човек, Живко Мукаетов. Од настаните кои веќе се зад ракометна Македонија во преден план секако е …Продолжи да читаш

„Зидан знае, како и Кристијано – Мадрид секогаш ќе биде нивниот дом“

во категоријата Спорт

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го отвори Собранието на делегати за да направи баланс меѓу актуелната и минатата сезона, како од спортски, така и од економски аспект.
За време на говорот, тој не заборави да ги спомне Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, кои ова лето си заминаа од екипата по историските успеси.
„На Кристијано ќе се сеќавам како најдобриот голгетер во историјата на нашиот клуб и достојниот наследник на Алфредо ди Стефано. Неговата кариера и рекорди ќе бидат прераскажувани од генерација на генерација. Тој е пример за сите што ќе го облечат дресот на екипата. Ти благодарам, Кристијано.
Ова лето не напушти и Зинедин Зидан, уште еден пример за сите фудбалери кои биле дел од клубот. Како прв тренер на екипата, тој испиша историја и ќе биде запаметен како еден од најголемите на сите времиња. Тој е уште една наша легенда и заедно со Кристијано знае дека Реал Мадрид секогаш ќе биде неговиот дом“ , рече претседателот на „кралевите“.

Реал вчера го одигра својот натпревар од 5. коло во Примера, совладувајќи го Еспањол со голот на Марко Асенсио.

Извор: https://www.gol.mk/

УХМР: Од утре заладување со силен ветер

во категоријата Македонија

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави Управата за хидрометеоролошки работи . (УХМР)– Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло време со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кој крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување во текот на ноќта и во наредните денови, соопшти УХМР.Оттаму најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро, пак, осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.УХМР: Од утре заладување со силен ветер was last modified: September 23rd, 2018 by Naum Lokoski

Извор:https://a1on.mk/

Кејн е „кралот на пеналите“ во Англија

во категоријата Спорт

Kejn-1

Хари Кејн вчера не погреши од белата точка и ја најави победата на Тотенхем против Брајтон, а за него ова беше 13-ти реализиран пенал од август 2015 година.

По настапот на СП на кој исто така реализираше четири пенали, Кејн продолжува во ист стил и во Премиер лигата, па последните три години има 13 реализирани пенали од 15 обиди.

Статистички, тоа го прави број еден во Премиер лигата, откако зад него остануваат Серхио Агуеро и Трој Дини.

kejn-penali

Извор: https://derbi.mk/

Тинејџер нападнат со нож во Арачиново поради кавга за движење по улица

во категоријата Свет

Се интензивираат кампањата и подготовките за референдумот на 30 септемвриИванов нема да гласа на референдумотСелцас: Договорот од Преспа ќе помине и покрај национализмите од двете страниНова група американски волонтери пристигнува во МакедонијаПротести во Германија пред посетата на ЕрдоганТереза ​​Меј: Британија ќе остане ладнокрвна во преговорите за БрегзитБенон: Ултрадесничарските патриоти се новата елита на ЕвропаЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MKНАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; BOOM

Извор: https://1tv.mk/

Поголема група миграни повторно забележана на македонска територија

во категоријата Македонија

Вчера околу 16,00 часот од страна на патрола од Полициската станица за граничен надзор Богородица забележана била поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон с. Фурка.
На дадена усна наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена.
Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка.
Од 18 септември до денеска полициски службеници во ПС за граничен надзор Сопот, на самата гранична линија на потегот од Миратовачки пат (село Лојане) до автопатот спречен е обид за илегален влез во Република Македонија од правец на Република Србија на 121 лице мигранти во тринаесет случаи.
Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан и три лица од Индија.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов

во категоријата Македонија

ИФФК „Браќа Манаки“-Битола го претстави македонскиот краток филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов-Изи кој во фестивалскиот прес центар изјави дека идејата за снимање на филмот датира од порано и е стара.
На прес конференцијата во Битола Иванов посочи дека сценариото било изработено во 2009 година и посакувал филмот да се сними со камерата на браќата Манаки.
-Сакавме да направиме еден постмодерен акт и да не биде само филм по себе, туку да биде и едно PR-случување, блиско до односите со јавноста. Сакавме камерата на браќата Манаки да ја репарираме и се да снимиме со таа камера. Но бидејќи тоа беше невозможно, ние филмот го снимивме со стандардна техника, истакна Иванов-Изи и додаде дека дестинацијата на овој филм секогаш бил ИФФК „Браќа Манаки“ кој доколку беше снимен со камерата на браќата Манаки уште повеќе ќе беше промовирана македонската кинематографија во светот.
Игор Иванов-Изи и неговите соработници продолжуваат со нови филмски проекти, а првиот нареден е филмот „Хомо“.
Фестивалот почна синоќа со доделување на посебни фестивалски награди и признанија „Златна камера 300“. На познатата италијанска актерка Клаудија Кардинале и беше доделена специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, агодинашни мауреати се ин кинематограферот Роџер Дикинс и македонската актерка Милица Стојанова.

Извор: https://sitel.com.mk

Ѓорчев во САД на конференција на глобалната организација на десниот центар ИДУ

во категоријата Македонија

23 септември 2018
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев учествува на конференцијата на глобалната организација на десниот центар ИДУ која што се одржува во САД, каде што се домаќини Републиканската партија и Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).
За време на конференцијата, Ѓорчев се сретна со Стивен Харпер, претседател на Меѓународната демократска унија (ИДУ) и поранешен премиер на Канада, чија што влада во 2007 година ја призна Република Македонија под Уставното име.
Ѓорчев се сретна со Пол Неринг, директор на меѓународните програми на Лидершип институтот, близок до Републиканците и ИРИ. Неринг во 2016 година беше портпарол на претседателската кампања на сенаторот Тед Круз, а пред тоа беше шеф на Републиканската партија во сојузната држава Калифорнија.
Воедно, Ѓорчев се сретна со Кристофер Фуснер, шеф на Републиканците во странство и главен претставник на Републиканската партија во ИДУ, каде што ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка.
На средбите Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелните случувања во Република Македонија, особено во делот на економските проблеми, политичкиот прогон и нарушената слобода на медиумите.
ИДУ е најголемата светска организација на десниот центар, во која членуваат околу 100 политички партии со конзервативна и народна ориентација.
ИДУ беше формирана во 1983 година од Роналд Реган, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и другите лидери на десниот центар од тоа време.
                
              Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
– – овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор:https://www.mia.mk

Металург против Бешикташ ја брка првата официјална победа во новата сезона

во категоријата Спорт

Македонскиот првак Вардар вчера си ја заврши својата работа во Лигата на шампионите и преку Кристијанштад стигна до втората сезонска победа. Денес на ред е Металург, кој со комплетен состав во Скопје ќе го пречека турски Бешикташ.
Турскиот првак е стар познаник на тимот од Автокоманда од минатата сезона. Тој си замина со цел плен од гостувањето во Македонија, а победи и на домашен терен. Таму настапува Немања Прибак, македонскиот репрезентативец, кој вечерва ќе помогне во потрага по третиот успех во исто толку меѓусебни дуели со избраниците на Данило Брестовац.
Како и Металург, кој отвори со пораз кај Спортинг во Португалија, и Бешикташ загуби на воведниот меч во Европа. Словачкиот претставник Татран Прешов си замина победнички од гостувањето во Истанбул.
Ростерот на Брестовац ќе биде комплетен, па се очекува прва официјална победа за македонскиот вицепрвак во новата сезона. Турците доаѓаат како фаворити, обложувалниците им даваат повеќе шанси за победата, а од редовите на Металург размислуваат само на позитивен резултат пред своите гледачи.
Мечот се игра денес во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот.

Извор: https://www.gol.mk/

Помпео: САД подготвуваат „низа активности” против Венецуела

во категоријата Свет

САД подготвуваат „серија активноси“ за наредните денови за да го зајакнат притисокот врз владата на Венецуела, изјави за Фокс њуз државниот секретар на САД Мајк Помпео.– Ќе видите во наредните денови серија потези кои продолжуваат да го зголемуваат степенот на притисок против венецуелското раководство, кое директно работи против интересите на народот на Венецуела, изјави Помпео.– Ние и натаму сме одлучни да обезбедиме дека Венецуелците ќе го добијат правото на глас, изјави тој.Помпео не соопшти повеќе детали за природата на планираните активности.Помпео: САД подготвуваат „низа активности” против Венецуела was last modified: September 23rd, 2018 by Naum Lokoski

Извор: https://a1on.mk/

оди на почеток