Најмалку девет загинати во силно невреме на југот на Украина

October 1, 2025
1 min read

Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во обилните дождови што го зафатија јужниот украински регион Одеса, соопштија утрово спасувачките служби.


„Спасувачите работеа цела ноќ за да ги евакуираат луѓето заробени во поплавите, да ги извлечат возилата, да испумпаат вода од зградите“, објави службата за итни случаи преку Телеграм, заедно со фотографии од потопени автомобили и спасувачи кои им помагаат на луѓето.

Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, синоќа објави дека за седум часа во градот наврнало толку дожд колку што наврнало за два месеци.


„Ниедна дренажна мрежа не може да се справи со таков товар“, додаде тој.

Бомбардирањето од страна на руската армија, која контролира околу 20 проценти од нејзината територија, продолжи во Украина, три и пол години од почетокот на големата инвазија во февруари 2022 година.


Во Херсон, на југот од земјата, еден човек е убиен во руски напад, според локалната воена администрација.

Во Харков, на североистокот од Украина, како што објавија властите, шест лица се ранети, меѓу кои и еден полицаец, во силни напади синоќа.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масовна поддршка за ВЛЕН – илјадници на собирот во Скопје

Следно

Delfino Mobility Group – Од идеја до регионален лидер за 30 години

Latest from Blog

Божиновска: 2025 беше година на ред, реформи и стабилност во енергетиката

Во текот на 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот

Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно (ВИДЕО)

За многумина, тоа може да изгледа како неостварен сон, но благодарение на иницијативата на малиот грчки остров Антикитера, наскоро би можела да стане реалност за семејствата и квалификуваните работници кои бараат голема
Go toTop